Македонците на Latinica

  • Креатор на темата Креатор на темата Montes
  • Време на започнување Време на започнување
„Ние сме многу паметна нација, полиглоти сме сите“ !!! :vozbud:
Затоа луѓето сеуште ме прашуваат кој јазик го зборуваме ние во Македонија , бугарскиот или српскиот ??? :toe:
Сто и кусур години од Мисирков, и ние сеуште не можеме да си го промовираме нашиот јазик , па причамо!!! Што тие не зборуваат кога доаѓаат во Македонија ?
Кажете и вие едно ХВАЛА или нешто на нивниот јазик , во знак на ПОЧИТ, ама не се глупирајте вака бе!!! Ц Ц Ц , до кога ?

Направи 10 деца,и тие нека направат по 10,па можеме да почнеме да разговараме за промоција на нашиот јазик,зошто вака слабо фајде од тоа,а со толку малку народ треба да сме среќни и со ова што ни останало како јазик и култура.Секојдневно во светот исчезнува по еден јазик,како резултат на исчезнати или преименувани држави а со тоа и народи односно култури.:toe:
 
Статистиката ти вришти. Точно, исчезнуваат јазици, ама во поголем дел се работи за народи кои немаат своја држава, кои немаат весници, телевизии, книги на свој јазик, што за нас не е вистина.
 
Пред два часа ( од моментот кога го пишувам ова) на хрватската телевизија HTV1 во емисијата Latinica имаше една репортажа за Тоше. Мислам секоја чест на луѓето, го сакаа, почитуваа и ред други работи и му направија репортажа за неговиот живот и дело. Сето тоа убаво. Арно ама не можам да ги разберам нашите македонци кои сите, освен една госпоѓа од Скопје (не го запамтив името нека ми извине), значи сите зборуваа на хрватски ли, српско-хрватски ли, не е важно. Па добро бе луѓе, па толку ли не си го почитуваме јазикот наш македонски. Другари на Тоше, пријатели, познати личности, градоначалникот на Скопје Трифун и ред други абе сите по ред на српско-хрватски. Ај оние од старата " пионерска школа", ај така и така, барем знаат да го зборуват. Ама кога ги слушнав овие младите кои го зборуваат српско-хрватскиот во стилот " kad che mo, tad che mo, shta ste se ftilili " тоа веќе беше смешно. И нормално како "јаготка на шлагот", портпаролот ни на нашата ни Влада Македонска, кој растура хрватски како да му е потрпарол на Санадер, а не на Груевски. Навистина срамота. Па зборувајте македонски, или говорете македонски исто е, па после они нека си стават титлован превод. Нека каже некој дали на некоја репортажа на некоја македонска телевизија кога некој хрватски или српски владин преставник зборувал на македонски. Не се случило никогаш. А за овие другите продадени души да не ни зборувам. И уште еднаш ќе повторам навистина срамота за македонскиот јазик, за македонија и за оние т.н македонци.

Не сум сигурен дали темата е за тука, така да не ми забележувајте.
Царчина сме за глупости а?Па добро ајде и јас се придружувам кон критиките.Но како ќе изгледаше тие да учествуваја во некоја емисија на ББЦ или СНН и да зборуваја на англиски јазик а?Сите ќе речевме БРАВО.Но проблемот е во тоа што ние знаеме од мува да направиме орел.Па на крај краева што згреши Тоше кога на Хрватите или на Србите му зборуваше на српско-хрватски?Или како ни беше нас кога Српскиот министер Свилановиќ ли беше ни зборуваше Македонски.Или кога некој од амбасадорите ни зборува на Македонски?Тогаш ако а?
 
Статистиката ти вришти. Точно, исчезнуваат јазици, ама во поголем дел се работи за народи кои немаат своја држава, кои немаат весници, телевизии, книги на свој јазик, што за нас не е вистина.

Статистика или не,реалноста е таа,колку помала нација толку помали шанси за опстанок во ова време на глобализација.Разликата помеѓу оние што исчезнуваат и нас,е само во вечното име Македонија,кое не одржало сите овие векови како мала но прилично силна заедница.Доколку и него го изгубиме,ќе ја изгубиме и нашата посебност со тек на време,а со тоа и јазикот и националната припадност која е нераскинливо поврзана со името.А советот кој го давам за повеќедетност е само уште еден битен факт кон промоција на нашиот јазик и култура,да правиме по 10 деца,непријателите само може да ни попушат.Книгите,весниците и телевизиите се повеќе ќе стануваат мултинационални,и нема да бидат битен фактор за опстанок на една нација,посебно за нејзиниот јазик и култура.Дури и поголеми народи од нас се соочуваат со сличен проблем.:toe:
 
Со тоа болдираното сосема се согласувам.
Да правиме по 10 деца? Хехе. Ајде бе, почни ти - до кај стигна по ова прашање? Јас сум 1/10. :toe:
Јазикот мора да си го чуваме и да си го негуваме, а тоа е можно само доколку повеќе читаме, пишуваме, издаваме книги, отвараме веб-сајтови... Ама ете и тука на форумот голем број луѓе пишуваат на латиница.
 
Слаб си,дупло сум подобар од тебе,само децава прво ги научив на латиница оти им беше полесна,читко ја употребуваа на 4 години(за на компјутер,знаеш не можеш стално да им пишуваш шифри за GTA)за во 5тата веќе да да се надополнуваат на кирилица,помалото на 4 години ги користеше обете подеднакво а им беше и најмладата учителка на своите братучеди кој во една странска земја знаеа веќе со 5-6 години одлично да ги употребуваат обете азбуки,на што и учителките во градинка и основно им завидуваа и сеуште се како фрапирани од нивото на интелегенција.:toe:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom