Ок , ама не би рекла и дека Лилјана и clean тотално...
На прашања одговараше со прашања, на директни прашања одолговлекуваше и вртеше како дожд околу Крагуевац а искрено Тоше не го претстави оној кој е ...
Како не и беше срам да го црни со муабетите дека тој е тврдоглав и своеволен...Зарем на тоа што ја оставил се да потпишува и што секоја желба и ја угостуваше? Зарем тоа не докажува колку го наметнала своето влијание врз Тоше а таа да прави и да финансира кај сака и колку сака?
И зарем психолошки не успеа да го прочита за неговата дистанца кон неа откога се врати од Ерусалим? Зарем не свати дека почна човекот да бара меѓусебна дистанца со неа, и дека треба да свати дека му треба слобода со Будимир?
Ех , на почеток му падна жал, ама на крај на интервјуто кога увидов дека за Македонија неа газ не ја боли, навистина ја гледам сосем во друго светло....
Даде дојам дека таа работела , крпела од месец за месец,....А која и беше поентата за соработка со Тоше? Работеше таа за без пари со него, од толку што го сакаше? Ја претера навистина...
Опасна жена која би сакала убаво да ја расветлат...Па да видиме за колку луѓе Тоше работеше:nesum:
Прво, бедно е да се посветиме на Љиља кога уште ни малку не сме заборавиле на Тоше, а мислев дека е така бидејќи сеуште, барем тука се пишува за него. Нечовечки потег. Можеше нејзините проблеми понатаму да се истакнат и дискутираат ... не заврши светов сега, па да мора да се брза или па е некој клучен фактор за нашите проблеми, па ајде ќе и се одмаздуваме за сите свои незадоволства.
Второ, не мислам дека е оцрнување или па таа со зла намера го кажа тоа дека Тоше бил тврдоглав и своеволен. Секој човек е тврдоглав помалку или повеќе, но тоа не значи дека е лош. Можеби бил тврдоглав кога се работело за нешто што лично тој мислел дека е добро ... или мора секогаш негативното да го помислиме?
Плус, нели ја оставал да потпишува за него ... нели докажува тоа дека тој и верувал? Може ли еден тврдоглав човек на сила да соработува со некој кој мисли дека му прави лошо? Тврдоглаво ќе оди против себе?
Целиот напад на Љиља е индиректен напад на Тоше ... испаѓа дека бил малоумен, што е поголемо оцрнување од тоа дека бил тврдоглав.
Трето, ако Тоше сакал да биде со Будимир, не значи дека сакал да се дистанцира од Љиља. Тој сакаше да пее, сакаше да ја одржува и зголемува својата кариера, со восхит во последните интервјуа зборуваше за успесите кои го очекуваат, па ако се дистанцирал од неа, значи сакал да се дистанцира од музиката. Контрадикторност, нали?
Четврто, и јас да бев на нејзино место не ќе ме болеше газ за Македонија. На сите напади од државава кон неа, да не треба да ја сака? Море јас одма би ја збришала и би плукнала во неповрат на сите тука. Пак, изгледа дека е поголем човек, макар и мафијаш била на страна.
Петто, што е чудно дека работела без пари за него? Нели кажа, а и пред тоа јас знаев дека е од богата фамилија. Си опиша и сама нескромно колку и како има и како живеела пред тоа. Зарем е тешко да се поверува дека навистина Тоше и дошол како дар од небото да и ја потполни душевната празнина која ја имала? Тоа не ни се случува само на нас "обичните" луѓе ... и тие на тв екраните имаат душа ... не се цртани фигури.
Неможам да сфатам значи ... па зарем сме толку од камен и неможевме да забележиме дека таа буквално се скрши кога почина Тоше? Зарем после сите тие слики и видеа кои ги видовме, сеуште сме толку лоши и мислиме дека глумела и му мислела лошо? Зарем немаме трошка почит во нас, па да ја оставиме да тагува на раат? Зарем не сме повеќе луѓе кои имаат грам сочувство?
И шестто ... мене ич не ме интересира која е Љиља и што прави во приватен живот, со кого соработува, со кого спие, со кого оди на шопинг, со кого отвара фирми итн ... ме интересираа многу работи за Тоше, но очигледно никогаш нема да ги дознаам. Покрај тоа, ме интересира дали јас имам да јадам, дали јас и должам на државата, дали јас имам со кого да пијам кафе и сл.
И после Господ згрешил што го земал Тоше, па нема повеќе во него да веруваме. Големите луѓе, па уште тој грев ни треба на душа да си го носиме.