Новинарите се ретардирани, Љиља е горда, а Тоше почива во мир!

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
8 февруари 2007
Мислења
1.968
Поени од реакции
43
Како не им е срам на новинарите! Инаку овој ќељавиот КРАДЕЛ документи од нејзе (па ми се правда денеска демек со парите што ќе ги добиел ќе правеле храм а Тоше или како беше...) Ако некој краде и треба да одговара тоа е ОН! Ако веќе се мораше да биде најнормално и најлегално немаше да има пиратерија, барем ЈА купував оригинали од Тоше! Лиља е крива што преку тие пиратски ЦД пропадна Фајнал..? Истото бара да и го вратат...
И за оваа Адриана.... СРАМ ДА И Е ! Ако го сакаше немаше да дава интервју 4-5 дена по неговата смрт и да осудува некоЈ!

Лиља Горда си, и Треба да Бидеш! Те поддржувам и ти симнувам капа.
Тоше почивај во мир! ТЕ САКАМЕ СИТЕ!
Новинари.....вака го покажавте своето лице, пред овој човек? Стално изјавуваа колку заработила Лиља, а тие спомнаа колку заработија од Тоше и од статиите напишани за него!
Ајде Будимир да ја оставиме на мира. Можеби некогаш и таа ќе се појави вака. А искрено да си кажеме се гледаше дека навистина го сака.

Кој може и има лице ќе излезе на телевизија и ќе се соочи со такви идиоти од луѓе како тој што се нарекува новинар, а всушност е само најобичен крадец на документи кој бесрамно си го кажа тоа на телевизија. Љиљана Петровиќ сите ја обвинувавме факт, ама жената излезе и со силни аргументи ги поби сите приказни кои кружеа за неа. Доста фер од нејзина страна што чекала да поминат 40 дена.
 

DimceY

Jimmy
Член од
20 ноември 2007
Мислења
5.800
Поени од реакции
5.571
нека се засрамат "новинарите" од ФОКУС и "новинарката" од Вест.секоја чест за Соња,БРАВО за Анета и за девојката од Хрватска.
И на крај Љиља е и треба да биде горда на Тоше исто како и ние
 
Член од
23 јуни 2007
Мислења
134
Поени од реакции
8
абе што е работава со нашиве новинари алооооооооооооооо.па дали беше нормално ова бе.....Љиља им одржа лекција бе,со начин на говор,факти,култура....
 

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.855
Згадена сум и накурчена крајно. Жал ми е што сме толку скапана држава, што ни новинари немаме. Жал ми е што сме скапан народ, кој до вчера кукаше по Тоше, а денес само трачевите за материјалните работи на другите ги интересираат.
Па пи*ка му матер, нели е срамота единствено прашање наменето во врска со Тоше да биде од новинарката од Хрватска (или од кај ли беше)??? Овие другиве како слепи за стап се фатиле за парите, фирмата, Андријана бла бла бла ... :tapp:
Жал ми е за Љиља, жената како да беше осудена за убиство, па ајде да ја измачуваме додека пукне.
Па тој ќелавиот глупиот ... кој сељак е тој да и каже врати ги парите и оди си? Дошла овде, направила ѕвезда од Тоше, не си оди од државава со што можеби ќе ги врати, а овој ја брка. Као да го има тоа право, гад еден смрден. :uvo:
Незнам само зошто никој не и кажа БРАВО што од живот во стан под кирија, го донесе до светска слава ... ама да, Тоше е најмалку важен сега ... сега почнува да се покажува лицето покварено на цела држава.
Велам цела држава со право ... кажа Анета со која содржина биле писмата на крушевчани првенствено ... сите со критики кон Љиља, а ниту едно со некоја пофалба или сочуство макар. До вчера на сите им одговараше што е така добра менаџерка, па го прави за Тоше тоа што го заслужува, а денес веќе на сите им смета што тој бил презафатен, што наводно е причина за неговата смрт.
Како никој не сфаќа дека тоа е момент, доволен за таква тешка несреќа?
Башка, со какво право се нафрлаа на неа за тоа што Тоше немал шофер? Па друг човек го возел тоа утро ако не па ... што не земе некој обратно да го протолкува тоа, дека подобро да не го земале шоферот ... кога веќе мора за се да има објаснување де ...
А таа Весна ... незнам ни што да искоментирам за неа ...

И да ... емисијава можеше да биде далеку покултурна и попосветена на Тоше низ прикажувања на случки и неговиот лик од Љиља, ама ете, на македонски начин, заврши неславно.

Срамота!:uvo: :uvo: :uvo:
 

Mr.Deni

Животна грешка си ми ти...
Член од
4 мај 2007
Мислења
3.523
Поени од реакции
2.663
Офф топик - Се гледа дека тој ќелавиот е некој криминалец дека како што слушнав порано бил тепан од лавовите во некое си радио Тумба во Куманово.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
По оваа емисија ми се разјаснија многу работи.Многу работи излегоа на виделина.Секоја чест на Љиља што се грижеше за него,а Тоше нека почива во мир.
 

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.855
Таа е најголем дипломат,зар може да се верува во она шо го кажа?!алал да ви е!јас не верувам во ниту еден збор...абе ајде таму,впрочем можеби тоа беше намерата,нели излезе пред сите новинари и да одговри на сите прашања,секако со претходно алиби(претпоставуваќи за сите прашања кои ќе и бидат поставени,зошто неам други:toe: )
Не е ова ТВ-дуел сега ќе се надзборуваме или докажеме кој е во право...а мислам дека ТВ А1 наиде на најголема гледаност на лагите на Лиља
Ме иритираше,и за тоа јас толчев муабет на МСН ха
Како не ти е срам и тебе.
 
Член од
19 март 2007
Мислења
6.574
Поени од реакции
163
Алллооооооооо луди новинари!!! Оставете ја Лиља, не е она виновна, и оставете го Тоше да почива во мир!
 
Член од
2 септември 2007
Мислења
2.155
Поени од реакции
176
Бог да чува и да брани бе!!! Наместо човекот да почива во мир а ние да се сеќаваме на неговиот лик и дело во најдобро светло, ајде ќе праиме Џери Спрингер шоу на А1 после 40 дена! Брука! Место да ја пофалиме жената што со години веруваше во него и го направи најголемиот пеач на Балканот, ние ќе ја тераме да ни ги врати парите и да ја напушти земјава! Гледав многу малку од емисијата, ама тоа што го видов беше катастрофа! Мора и новинарството ли да биде толку погано, бесчувствително и единствено да користи за напаѓање на тие што направиле нешто добро а ние упорно им ја префрламе вината зошто нив им е најлесно да им се префрли (како Лиља во случајов)??? Аман бе остајте ја жената на раат!!!
 

Тамарче

Ако одам во Битола..
Член од
11 јули 2007
Мислења
3.239
Поени од реакции
223
Браво за Љиља, во секој случај, го исчисти образот и на Тоше, и нејзиниот и ги затна сите шо мислеа поинаку.

Тошка, почивај во мир, и знај дека и сме многу благодарни на Љиља.
 

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Не е новитет дека новинарите често се бедно мизерни, трагајќи по информација која ќе им ги продава весниците или ќе придонесе за поголема гледаност на телевизијата.

Цицачи на крв. Попушете го*



* не се членови на форумов, па си зеам слобода да им го понудам на тацна :pipi:
 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.505
Поени од реакции
14.691
Згадена сум и накурчена крајно. Жал ми е што сме толку скапана држава, што ни новинари немаме. Жал ми е што сме скапан народ, кој до вчера кукаше по Тоше, а денес само трачевите за материјалните работи на другите ги интересираат.
Па пи*ка му матер, нели е срамота единствено прашање наменето во врска со Тоше да биде од новинарката од Хрватска (или од кај ли беше)??? Овие другиве како слепи за стап се фатиле за парите, фирмата, Андријана бла бла бла ... :tapp:
Жал ми е за Љиља, жената како да беше осудена за убиство, па ајде да ја измачуваме додека пукне.
Па тој ќелавиот глупиот ... кој сељак е тој да и каже врати ги парите и оди си? Дошла овде, направила ѕвезда од Тоше, не си оди од државава со што можеби ќе ги врати, а овој ја брка. Као да го има тоа право, гад еден смрден. :uvo:
Незнам само зошто никој не и кажа БРАВО што од живот во стан под кирија, го донесе до светска слава ... ама да, Тоше е најмалку важен сега ... сега почнува да се покажува лицето покварено на цела држава.
Велам цела држава со право ... кажа Анета со која содржина биле писмата на крушевчани првенствено ... сите со критики кон Љиља, а ниту едно со некоја пофалба или сочуство макар. До вчера на сите им одговараше што е така добра менаџерка, па го прави за Тоше тоа што го заслужува, а денес веќе на сите им смета што тој бил презафатен, што наводно е причина за неговата смрт.
Како никој не сфаќа дека тоа е момент, доволен за таква тешка несреќа?
Башка, со какво право се нафрлаа на неа за тоа што Тоше немал шофер? Па друг човек го возел тоа утро ако не па ... што не земе некој обратно да го протолкува тоа, дека подобро да не го земале шоферот ... кога веќе мора за се да има објаснување де ...
А таа Весна ... незнам ни што да искоментирам за неа ...

И да ... емисијава можеше да биде далеку покултурна и попосветена на Тоше низ прикажувања на случки и неговиот лик од Љиља, ама ете, на македонски начин, заврши неславно.

Срамота!:uvo: :uvo: :uvo:
Браво за кажаното.
А,патем Вест у живот нема да читам веќе:vozbud:.
 

pearl

..~..~..~..~..~..~..
Член од
20 август 2005
Мислења
2.651
Поени од реакции
1.962
Новинар за одстрел број 1 - Фокус!
Новинар за одстрел број 2 - Вест!
Новинар за одстрел број 3 - сите останати!!
Помилувана новинарката од Хрватска. Едно и едниствено нормално прашање, сходно приликата и околностите.

Емисијата само го потврди она што Љиља неколку пати на сите нив им го кажа отворено: "Тоше никогаш немаше поддршка од вас (се мисли на новинарите, а не на мак. публика), а тоа постојано го бараше".

Па добро бе да му е*ам пиперката, како можеа да си дозволат вакво нешто. Прашања што за мене во овој момент, после целата оваа трагедија се непотребни и небитни, па во некоја смисла дури и безобразни.
Новинарите не покажаа никаков почит кон ликот и делото на Тоше. Како да е важно дали бил осигуран, дали плаќал данок, колку хонорар земал и сл. Данокот нека го остават на државните органи и ако е потребно, односно ако има некоја нерегуларност, нека си ја избркаат работата. А за хонорарот е безобразно да се праша, тоа е пред се' немање основна култура на однесување, а уште повеќе немање мозок, за тоа што и во каков момент се прашува. И на сето ова одозгора, уште и цела емисија на тоа да се посвети.

Наместо да се потрудат да дознаат што повеќе можат за личноста на Тоше од некој што многу добро го познава, да се дознае за добрите дела што ги правел во позадина, луѓето на кои им помогнал, што го правело среќен, што тажен, наместо да слушнеме некои анегдоти и интересни работи што се случувале во овие 5 години, нешто убаво со што на сите малку ќе ни олесни во болката....

наместо сето тоа да се потрудат да го дознаат....

наместо новинарите да бидат жедни за прекрасни спомени за Тоше, за нешто убаво што никогаш не сме имале прилика да го чуеме и знаеме....тие беа жедни за крвта на Љиља. Се виде многу убаво кој каков став имал сите овие години кон личноста на Тоше, неговата кариера и успех.

Сите нас не' боли, сите чувствуваме загуба и секој еден од нас тагува на него својствен начин. Но, овие хиениве новинари, не само што не тагуваат, туку во ниеден момент ниту го сакале Тоше. Ниту сега, ниту било кога. Тоа се покажа со секој збор што го проговорија.

И како можеа на таков начин нас, Македонците, да не' презентираат пред целиот Балкан. Треба да се засрамат сите што беа таму, од еден до последен. Ова интервју ќе биде гледано низ сите земји во бивша Југославија и просто ми е срам што едни вакви говеда како овие, прашуваат во мое име и оставаат впечаток за мене, тебе, сите нас, за Македонија, пред 30 милиони народ.

За одстрел!
Сите до еден!!
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Браво за кажаното.
А,патем Вест у живот нема да читам веќе:vozbud:.
Јас Вест речиси никогаш не читам. Ми се потврди мислењето што го имав за тој весник.

Инаку само да се надополнам, кај нас нема професоналност. Мислат луѓево дека треба 3 списанија да прочиташ и си печен за новинар.

Вечерва само се покажа малограѓанштината.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom