Металург нуди милионски трансфер за Лазаров
За секоја сезона нашиот најдобар играч би добил по 300.000 евра, за да остане во Автокоманда најмалку неколку години
Металург сака да го донесе Кирил Лазаров во Автокоманда и тоа на повеќе години за што му нуди милионски трансфер во евра, дознава „Дневник“. Најдобриот стрелец од последното СП со нов рекорд од 92 гола, и двоен најдобар стрелец во европската Лига на шампионите, имал разговор со спонзорот на скопјани, Минчо Јорданов, кој сериозно се вклучува во последните трансфери на играчи во клубот. Последната понуда на Металург кон Лазаров била околу 300.000 евра по сезона со тоа што тој би требало да остане повеќе години тука како дел од настојувањата на клубот да направи силен тим кој би имал сериозна улога и во европските купови.
Металург сака да го донесе Лазаров дури и ако тоа не се случи сега, туку по една или две години.Понудатаостанува да важи. Јорданов се вклучува активно во преговорите со новите играчи и тренери. Така беше со тренерот Лино Червар кој разговарал во четири очи со македонскиот тајкун. Затоа во клубот никој не сака да дава официјални изјави околу ова прашање. Истото е и со Лазаров.
МЕТАЛУРГ КЛУБ-РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА
Спонзорот на Металург, Минчо Јорданов наводно им кажал на своите ракометни соработници дека сака целата машка репрезентација да ја донесе во клубот и да направи клуб-репрезентација. Тоа почна да го остварува со задржување на сите репрезентативци кои играат кај него во тимот и плус ангажирање на плејмејкерот Наумче Мојсовски.
Можното доаѓање на Лазаров се поврзува и со ангажирањето на Лино Червар. Червар има понуда од скопјани, но сега е неизвесно дали ќе добие согласност од Хрватскиот ракометен сојуз со кого ја продолжи соработката за уште една година или пак популарниот стратег ќе има само советодавна функција. Од друга страна Лазаров има уште двегодишен договор со Кроација осигурање кој го потпиша пред истекот на сегашниот.
ЗГОЛЕМЕН БУЏЕТ НА „МЕТАЛУРЗИТЕ“
Во услови на криза и најавено намалување на договорите на играчите на Кроација, засега Лазаров никој не го чепка. Иако тој се споменува меѓу оние ракометари што треба да разговара со управата, официјално нема најава за намалување на неговата плата. Металург сезонава ќе има зголемен буџет и ангажирани се неколку ракометари. Се шпекулира дека и новиот плејмејкер Наумче Мојсовски има троцифрен трансфер за двегодишната верност кон синиот дрес. Во меѓувреме донесени се уште две засилувања Милиќевиќ и Маркиќевиќ. В година Металург ќе игра во КПК каде сезонава стигна до четврт-финале.
ИНФО-Разговор Лазаров-Јорданов
Кире Лазаров, најдобриот стрелец од последното СП со нов рекорд од 92 гола, и двоен најдобар стрелец во европската Лига на шампионите, имал разговор со спонзорот на скопјани, Минчо Јорданов.Металург сака да го донесе Лазаров дури и ако тоа не се случи сега, туку по една или две години. Лазаров има уште двегодишен договор со Кроација осигурање кој го потпиша пред истекот на сегашниот