Serpico
Сковинистратор / I'm Batman
- Член од
- 25 јануари 2007
- Мислења
- 11.166
- Поени од реакции
- 691
- Возраст
- 39
1. Прва фаза - НАЈПАМЕТЕН
Во оваа фаза почетна фаза наеднаш стануваш експерт за секоја тема во познатиот универзум. Знаеш дека знаеш се и сакаш да ја пренесеш своjaта мудрост на било кој што ќе те слуша (иако не е неопходно да имаш слушатели). Во оваа фаза, ти си секогаш во право, а многу нормално - лицето со кое зборуваш, секогаш греши. Ова доведува до експонирање на интересни аргументи, креирање есенцијални дискусии и промоција на револуционерни идеи кога и двајцата соговорници се паметни.
2. Втора фаза - ДОБРО ИЗГЛЕДАШ
Во оваа фаза, сфаќаш дека изгледаш најдобро од сите присутни во просторијата во која се одвива ритуалот на алкохолизација. Едноставно знаеш дека им се допаѓаш на луѓето околу тебе. Во оваа фаза на пример, можеш да и пријдеш на тотално непозната личност знаејќи дека "те свиѓа" и едва чека да започне разговор со тебе. Имај во предвид дека си паметен, па со оваа личност можеш да разговараш за било која тема што постои за разговор.
3. Трета фаза - БОГАТ
Ако можеш да го замислиш Доналд Трамп во некоја македонска национална кафана со блажен поглед на очите,додека врз него Доктор Спец-Виолинист преку увото му прави операција на срце за да ги извади сите долари кои ги има, тогаш во најдобар случај ќе се приближиме на емоциите кои ги имаш во оваа фаза на пијанството. Значи, наеднаш стануваш најбогата личност во светот која може да ги чести со пијачки сите присутни во просторијата бидејќи имаш огромен камион полн со пари, паркиран веднаш пред вратата. Дијапазонот на активности кои ти се овозможени во оваа фаза е широк: на пример не ти е никаков проблем да се обложуваш за било што бидејќи, се разбира сеуште си паметен, па секако ќе ги добиеш сите твои облози. Не е важно во колку пари се обложуваш бидејќи си богат. Исто така ќе им купиш пијачки на сите кои ти се допаѓаат бидејќи изгледаш подобро од најдобрите фото-модели во светот.
4. Четврта фаза - ОТПОРЕН НА КУРШУМИ
Сега пријателе си подготвен да влегуваш во тепачки со било кој, поточно кажано - со сите - а особено со оние со кои си се расправал или обложувал. Ова е така бидејќи ништо не може да те повреди, бидејќи човеку, ти си отпорен на куршуми. Во оваа фаза слободно пристапуваш до партнерите на оние што ти се доаѓат и ги предизвикаш на натпревар во интелигенција или пари. Не се плашиш дека ќе ја изгубиш битката, бидејќи си паметен, богат и во секој случај изгледаш подобро од нив!
5. Петта фаза - НЕВИДЛИВ
Ова е последната фаза од пијанството. Во овој момент можеш да правиш било што, бидејќи никој не може да те види. Се случува да приредиш посебно шоу за оние среќници (луѓето кои ти се допаѓаат) на кои ќе им дозволиш да те видат. Нормално, особено си невидлив за лицето кое сака да се тепа со тебе бидејќи пред да ја добиеш оваа способност си се нафрлил на неговата девојка. Кога ќе се враќаш дома (доколку не влезеш во екстра фазата - Недвижнина) може слободно да се прошеташ низ улицата најгласно што можеш бидејќи никој не може да те види или слушне. Ако случајно помислиш дека ти се губи невидливоста, слободно голтни неколку капки од магичната напивка која ќе ти ја врати старата визуелна форма. Само внимавај... да не дојдеш во ситуација самиот да не можеш да се видиш во огледало - штета е да не можеш да ја видиш сета твоја убавина која блика низ очите и мудрост која зрачи од секоја пора на твоето лице.
* И не пиј додека возиш. Може да ти се истури пијачката.
На здравје.
Специјална благодарност до мојот драг колега конзервативец Гоце Стојаноски, на чие биро најдов лист на кој прочитав болдирани букви "петте фази на пијанството", па малку го потпроширив и го извадив тука...