- Член од
- 29 октомври 2007
- Мислења
- 129
- Поени од реакции
- 1
Владиниот портпарол Ивица Боцевски вчера обвини дека претходната влада на 18 мај минатата година, во време кога премиер беше Владо Бучковски, незаконски, без јавен оглас, на сметка на Правниот Факултет во Скопје префрлила пари за финансирање на постдипломски студии за едно лице. Обвинувањата следат само еден ден откако неправилностите во финансиското работење на претходната Влада беа истакнати и во ревизорскиот извештај. Иако е извесно дека се работи за стипендија по Меѓународно право и меѓународна политика која и била доделена на сопругата на екс-премиерот, Катерина Мукаетова, во времето кога работела во кабинетот на генералниот секретар на Владата, Боцевски рече дека истражните органи треба да утврдат за какви неправилности се работи не сакајќи да го обелодени името на владиниот стипендист.
Поранешниот премиер Бучковски потврдува дека неговата втора сопруга со која е во брак од мај годинава, добила стипендија од владата, но отфрла секаква можност за незаконитости при изборот.
-Во овој случај нема ништо незаконско. Владата има практика да доделува стипендии за доусовршување во образованието. Стипендијата на мојата сопруга е доделена кон крајот на 2004, односно почетокот на 2005 година кога Катерина Мукаетова и јас не бевме заедно. Таа како и сите други кандидати аплицирала сосема легитимно, а изборот меѓу сите останати кандидати го направил тогашниот генерален секретар на Владата Павлина Црвенковска. Идентичен е и случајот со актуелниот министер за надворешни работи Антонио Милошоски кој од друга влада има добиено идентична стипендија за доусовршување, вели Бучковски.
Осврнувајќи се и на другите точки од извештајот на ДЗР, Ивица Боцевски потенцираше дека сите трошоци за владините кампањи "100 чекори остваруваме" и за "Инвестирајте во Македонија" биле обезбедени од буџетот со претходна одлука на Владата.
http://vecer.com.mk/?ItemID=AD3975D3FBC0A249835F83A0EC9F16CF