Мистичен
Човек
- Член од
- 23 јануари 2005
- Мислења
- 13.578
- Поени од реакции
- 1.098
A1 напиша:Забраната за фотографирање со шамија за пасош е дискриминација, обвинуваат од Здружението на жени „Ислам и наука“.
Тврдат, дека правилникот за измена и дополнување на законот за патни исправи, според кој при фотографирањето лицето не треба да носи капа, шамија или било каква друга покривка, е угнетување на правото на верското изразување, но и повредување на одредбата, според која македонските граѓани се еднакви пред Уставот.
„Поддржани сме од Исламската верска заедница, којашто овој правилник го смета за дискриминаторен. Како доказ имаме пасош, којшто е издаден од МВР на лице кое не е вработено во ИВЗ, ниту по професија е теолог, значи имаат сосема поинакво занимање, дозволено е, а е издаден на 27.04.2007 година. Овде се нарушени нашите човекови права. Еднаквоста пред законот и имплементацијата на законот“, изјави Мерсиха Смаиловиќ.
Од МВР велат, дека според европските и светските стандарди недозволено е фотографирање со шамија, капа, очила или било каков предмет, што ќе ги скрие или измени цртите на лицето.
„Лицето коешто се фотографира, без разлика дали за нова патна исправа, или лична карта, или некој друг документ, мора да се фотографира амфас, во лице, не смее да носи никакви покривки на главата. МВР ќе го разгледа барањето од страна на невладината организација и доколку тоа барање е согласно уставот, законите и подзаконските акти, МВР ќе им излезе во пресрет“, вели Иво Котевски, портпарол на МВР.
Па која е поентата на фотографирањето за пасош тогаш? Да се сликаме со маски на цела глава тогаш? И зошто се поврзува со верска дискриминација? Нека се сликнат, па нека си ги стават пак шамиите, никој не им брани да бидат муслимани. Дискриминација...хех.
Муслимани? Ваше мислење?