[acko]®;1783558 напиша:
1. Платата можеби е најмала но сепак е покачена од тоа што беше пред 4 години и сеуште се покачува секоја година. Најдобар показател ти е тоа што никој не штрајкува дека има мала плата. До пред некоја година Скопје беше секој ден блокирано поради тоа.
Болдираново ти е најголемиот бисер во постот.
Инаку, спореди ја просечната плата во 2003 и потрошувачката кошница за истата година со просечната нето исплатена плата за било кој месец во 2008-ма + потрошувачката кошница за ова година, додади ја тука инфлацијата која во последниве две/три години е енормно зголемена, па ќе дојдеш до вистинската слика за економската и куповната моќ денес на Македонскиот граѓанин, која и не е толку розева како што грујо те лаже.
2. Кажи ми ја точната бројка на невработени! Процентот спореди го со тој пред 4-5-6-7-8 и тн. години. Направи го ова па коментирај.
Еве го правам тоа.
Невработеноста во рок од шест години, т.е. од 2002-ра до 2008-ма е зголемена за 1,5 процент.
Па сега ти коментирај.
3. Дали Македонија има нафта? Дали можеби има гас или пак дали произведува доволно струја за свој потреби? НЕ е одговорот на трите прашања. Значи други ги контролираат цените во зависност од побарувачката. Што може владата тука? НИШТО
Хрватска, Србија, Албанија, Црна Гора и Босна имаат нафта, гас или нуклеарни централи ? Не. Па сепак многу подобро се справуваат со глобалната економска криза.
4. Кој е крив за рестрикциите? Граѓаните! Кој ни е крив што трошиме повеќе струја од потребното. Што компјутерите ни седат уклучени 24 часа?
Уфф до каде ти отиде ова перењето. Значи сега граѓаните се криви заради недостаток на електрична енергија, а не бизнисмените на ДПМНЕ, на кои во главата само проценти им се вртат.
Инаку знаеш колкав потрошувач на ел. енергија е компјутерот. Чудо!
5. За какви намалувања зборуваш кога платите растат?
Каде тоа растат платите ? Кај оние од кои глава не може да кренеме ? Кај Администрацијата. А приватниот сектор, нека цркне.
Треба услови за реално покачување на платите.
Инаку и покачувањето на платите со кое ДПМНЕ толку се гордее, не е праведно. Најголем бенифит од покачувањето имаат оние кои и така и така земаат големи плати, па кај нив покачувањето изнесува од 3 000 денари нагоре, за разлика од обичниот работник во администрација кој има покачување од некои 500/600 денари. Па сега ти види.
6. Е најмногу ме боли кога некој што си нема поим од дипломатија зима да критикува. факт е дека дипломатијата на македонија сега е појака од било кога. значи имам дискутирано со експерти по меѓународно право/дипломатија и сите викаат дека сме најјаки од било кога. сите до еден викаат дека милошевски е најдобар министер во владата и дека најдобро си ја знае работата. и како ти свати дека дипломатијата ни е најслаба? те молам објасни ми. исто така за косово. зашто да не го признаеме. косово е наш најголем потрошувач на производи. косово најмногу увезува од македонија. зашто да ги подржуваме србите кога они само ни забиваат нож во грб. така е последниве 100 години така и ќе биде. мора да им покажеме дека НЕ ЗАВИСИМЕ од нив и тоа го направивме. и викаш дека немаме добрососедски односи со никој. е грешка си. имаме со КОСОВО...
Вистината не треба да те боли. Дипломатијата е тапа, а Милошов е далеку од најдобар министер не во владата, туку убедливо најлош од сите министри за надворешни до сега. Резултатите во дипломатијата се релевантни и се бројат, а не партиските експерти по меѓународно право.