Политиката на менаџирањето со човечките ресурси во самостојни компании и корпорации неможе да биде поврзано со Владата од причини што владее слобода во пазарот и претприемништвото, пазарна демократија....
Тука стапуваат на сцена договорите за приватизација, случени нешто поодамна, со отказни рокови, со инвестициски рокови со сите точки, дали се тие испочитувани од страна на купувачот на (дотогаш) општествената сопственост
Политиката на животниот стандард има огромни допирни точки со одлуките на Владата имено ако под животен стандард ставеме: Храна, вода, струја, парно, облека ... најосновните човекови потреби ќе забележиме дека тоа е поврзано со:
-Земјоделство и сточарство
-Индустрија
Во овие две гранки досега ништо не е направено...а ние по пат на следење на глобализацијата, а во светот нешто се прави (ЕУ одвојува огромни сретства за бенифицирање и развој на земјоделството и сточарството) при што цените на добрата се поскапуваат...глобализацијата налага истиот тренд да се наметне и кајнас... но кајнас досега не се субвенционирале земјоделците, ниски откупни цени, високи цени на репроматеријалите доведуваат до слаб џеб на граѓанинот и вистина во зборовите на Зевсус...
Индустријата е приказна засебе .... многу добро сите знаеме од каде почна како продолжи како се развива и како никаде воопшто не оди .... немање колективни договори, немање синдикат немање ништо што ги штити правата на работникот... плати од 100 до 200 еу што налагаат повторно на празен џеб и вистина во зборовите на Зевсус
Сепак има една голема лага во зборовите на зевсус.... ВЛАДАТА НЕ Е КРИВА ЗА ТОА!!!
За тоа е крив народот т.е граѓаните на Република Македонија, кои не знаат да си ги бараат своите, со Закон и Устав загарантирани права, (само тука Владата може да замеша прсти во целиов муабет т.е да обезбеди правна регулатива) па така, шнајдерките ќе работат по 10 сати, нивните газди ќе се полнат пари тие ќе зимаат по 8000 денари и ќе си го оставаат здравјето по погоните, нема да се осигурани (за некои тоа е добро, зима социјално = мизерија од народ), нема да се заштитени, нема да имаат поволности, картони, здраствено, пензиско и тн...
и за крај... Зошто во менталитетот на Македонецот секогаш некој друг е крив? во случајот Владата? Зошто еднаш самите, восебе не си ја побараме кривицата?