KАТАСТРОФАТА наречена "преродба во 100 чекори"
Драги мои...
би се задржал на ФАКТИ,без многу-многу да спорам со било кој од вас.
Од проста причина што деновите за спорење се одминати,се минато.
Останува... да ги отворите очите,да ги увидите и да ги почуствувате резултатите од владеењето на `најреформската` влада која што Македонија некогаш ја имала.
Уживајте... (или мижете,сеедно - фактите си се факти и пред нив и Боговите молчат).
1.
ЕКОНОМИЈАТА - `најсилната компонента` на моменталната и вероватно не за долго влада на (сеуште,барем официјално
) Р.Македонија.
Платата во Македонија е неспорно најмала во регионот.
Куповната моќ на граѓаните исто така.
Бројот на невработените - убедливо највисок.
Следи...
-Отпуштања од Јегуновце (веќе вистинито)
-Отпуштања на преку 700 вработени од сите погони на Железарници.
(веќе вистинито)
-Отпуштања на преку 2000 вработени од сите рудници во Македонија
(најавено)
-Отпуштања од ФЕНИ (најавено)
-Зголемување на цените на сите животозначајни ресурси(веќе факт,со тенденција на раст)
-Зголемување на извозниот дефицит.
Македонија веројатно ќе ја заврши годинава со апсолутно рекорден (ПРИЗНАТ- инаку е и повеќе) дефицит од преку 3.5 МИЛИЈАРДИ ЕУРА.
(последица на прекратувањето на работата на металургиските комбинати и соодветно прекратување на најголемата стапка во ИЗВОЗОТ- металите.
-`Финансиските експерти` молчат.Си ја бранат платата.
-Двоцифрена инфлација.
-Рестрикции за електрична енергија во текот на зимата
-Кредитен блок (неможност за зимање на нови кредити и оскапување на постојните)
Намалување на и онака ниските месечни примања на граѓаните.
:nesvest:
Економска преродба?
Не би рекол баш.
Фактите велат... самоуништување.
2.
Надворешна политика.
Македонската надворешна политика реди пораз за пораз.
После катастрофата во Букурешт која што мораа да ја платат барем со главата на Министерот за Надворешни работи,затоа што неговата политика доживеала апсолутен пораз,Македонија продолжи без курс да `плови` во меѓународните води.
Следеа серија на силни удари под појас од Елада - кои што нашите полтронски новинари,политичари,експерти итн. не ги приметија.
-Следеше едно апсолутно кратковидо признавање на територија на сосед.Во услови во кои што во секој еден момент при ваква кратковида и безкурсна политика може да се соочиме со истиот проблем во нашата земја.
Немаме веќе ниту еден сосед со кој што имаме каква-таква нормална соработка.Just dog`s arround.
-Следи... промена и обезличување (тотално) на нашата земја.
3.
Интерна...внатрешна политика.
-Цензура.
-Апсолутно дивеење на врхушка од власта,која што си поигрува со трпението и состојбата во која што го доведоа сопствениот народ.
-Апатија.
Неможност за напредок.
-Зголемување на репресивниот апарат.
(само минатиот месец се примени нови 250 џандари.)
-Казни. И тоа драконски.
(од кои што при неможност за полнење од регуларни,нормални начини се полни буџетот,од кој што пак стриктно се плаќа
партиската гломазна и некадарна бирократија.
Секој еден џандар nowdays мора да напише дневно минимум три казни за плукање,мочање...дрн-дрн плус уште пет за сообраќајни прекршоци.До сега напишале преку 60.000 такви казни.
-Забрани.
Ние де факто веќе сме шеријатска земја попут Сауди Арабија.
Забрането е купување алкохол и алкохолни напитоци после 19ч.
Пијте чај... шеретски вика Министерот за Здравство.
Инаку... муслиман.
Многу нешта... и не ги напишав и онака... им ги простив на реформаториве.
Ама и овие напишаниве,посебно во `најсилниот дел` т.е економијата се предоволни за да се согледа капацитетот и можностите на владата.
Ова е дефинитивно нај неуката,нај dump влада која што Македонија било кога ја `поседувала`.
Ме интересираше вашиот став.
Ставот на партиските папагали со мало жолто и гладно у главата веќе го знам.
-`Светски,глобални текови`...:pos2: Криза.
Јас знам дека Ноември месец ќе биде КАТАСТРОФАЛЕН за нас.
Јас знам дека сме заглавени до гуша.
Јас знам дека ќе има масовна (уште поизразена) безработица и социјална криза.
Јас не гледам и незнам... кој може да не извади од таа каша.
Овие.... сигурно не.
п.с. Поука до партиските полтрони и на СДСМ:
-Немој и да помислите... дека пак некој у вас видел спасители.
Само вие... аман-заман немој да не спасувате.
п.п.с. Навистина не мислам да влегувам во полемика со било кој член на форумов.Немам време за такви луксузи.
Ме интересираше дали и колку вие можете реално да ја согледате и процените ситуацијава во која што се наоѓаме.