што не ги кажеш успесите зошто тоа не го признаеш туку само ги казуваш неуспесите. секој човек правел грешки така и оваа влада има некои неуспеси. Но за разлика од другите влади кога имаа повеке неуспеси отколку успеси, оваа влада има повеке успеси него неуспеси
Еве бе мики, ја ќе ти ги кажам успесите.
Признавам дека ова Влада успеа:
- Да накоти уште 20 000+ партиски војници у администрацијата.
- Да го допартизира до даска и така партизираното судство.
- Да го раскара народот, и да го подели на патриоти и предавници.
- Да го стави целиот медиумски простор под нејзино закрило.
- Да ја уназади демократијата за минимум 10 години.
- Да не сака во ЕУ, а да носи закони ко да живееме во Германија.
- Да спроведе избори какви што веќе и во Косово нема.
- Да ја множи секоја позитивна работа која ќе ја направи со 10.
- Да ја дели секоја негативна работа што ќе ја направи со 10.
- Да сите бидат криви за лошите потези, освен нив.
- Да владетелот си ја запосли потесната фамилија на најзначајните места во државава.
- Да ги направи сите апаши, само за да тие бидат поштени.
- Да носи неуставни закони кои после 2 месеца паѓаат пред уставен суд.
- Да носи странци директори на витални места, демек тука веќе нема кој да краде.
- Да си прави бизнис со увозот на струјата.
- Да промовира своја бизнис олигархија.
- Да кога ќе си одам дома, неможам на раат да пуштам телевизор, бидејќи на секоја програма одат владино-партиски соопштенија од половина час.
Има уште, ама досадно ми стана