Дали и ова е дел од кампањата "инвестирајте во Македонија за да ве запалиме":
-Избегнат е голем пожар во фабриката на „Џонсон Контролс“ во Бунарџик. Доцна попладнево се појавил оган и густ чад од покривот на зградата, по што екипите на терен веднаш го прекинале дотурот на струја за да спречат поголема хаварија.
Чадот се појавил при тестирањето на електричната инсталација. Настанал спој кај една од надворешните клими за греење на фабриката на „Џонсон Контролс“.
Реагирал системот за заштита, се вклучил алармот и системот за прскање, а веднаш биле повикани и противпожарни екипи. Пристигнале три возила кои интервенирале, пожарот го гаснеле осуммина пожарникари.
„Опожарена е фабрика на „Џонсон Контролс“, Бригадата за заштита од пожари веднаш интервенираше, испратени се прво три противпожарни возила. Со самото пристигање на лице мести и извршениот увид, веднаш оперативно е делувано. Се работи за опожарена кровна конструкција, каде се поставени оперативните линии и не е дозволено ширење на пожарот“, изјави Благоја Менковски, командант на Противпожарна единица.
Да ја проверат состојбата дојдоа и надлежните од Дирекцијата за слободни економски зони, но темницата ги спречи да видат колкави се штетите.
„Бидејќи е превентивно исклучена електричната енергија, за да престане најверојатно краткиот спој на електричната енергија е исклучена и не може да видиме дали има на кровот некоја евиденција. Може да има изгорено некоја електрична инсталација, електричен кабел, што се користи за поврзување на надворешноста на клима уредот, но тоа најверојатно ќе се утврди во текот на утрешниот ден“, рече Марјан Јованов, директор на Дирекција за слободни на економски зони.
Фабриката на „Џонсон Контролс“ е единствената која се гради на Бунарџик. Американскиот гигант за производство на електронски делови за автомобили со производство требаше да почне во текот на декември.
Засега нема информации, дали новонастаната состојба ќе им го пролонгира стартот во земјава.