Човечката раса ќе се подели во два вида

  • Креатор на темата Креатор на темата Тамарче
  • Време на започнување Време на започнување

Тамарче

Ако одам во Битола..
Член од
11 јули 2007
Мислења
3.239
Поени од реакции
223
Возраст
36
Локација
Битола
Темата не знаев каде да ја ставам, па бидејќи е од научен вид и научно откритие, мислам дека тука и е местото.


Според врвните научници, еден ден човечката раса ќе се подели на два посебни вида - атрактивна, интелегентна елита и не многу паметни, грди суштества кои личат на гоблини.
evolutionpa_800x326.jpg

100.000 години во иднината, сексуалната селекција ќе допринесе да се развијат две различни сорти.

Алармантни проценки доаѓаат од теоретичарот за еволуција Оливер Кари од Лондон, кој вели дека човечката раса ќе го достигне својот физички врв околу 3000 година.

Овие луѓе ќе бидат високи околу 2 метри и ќе живеат до 120 години.

Мажите ќе имаат симетрични лица, длабоки гласови и поголеми пениси, додека жените убава коса, кожа без влакна, големи очи и гради.

Расните разлики ќе бидат работа од минатото, бидејќи сите луѓе ќе имаат ист тен со боја на кафе.
 
Пфффффф кај се научните докази.
Не верувам во ова.Многу сонувал тој што го напишал ова.
 
кхм.. глеам карактеристики само за тие убавите (не се пронајдов) дајте карактеристики за тие гоблините.:pos2:
 
Има логика во ова, онака лаична.

Грдите ке се спаруваат со грдите, по логика дека грд човек неможе да освои убав, убавите со убавите и демек, по доволно време, во овој случај 3000 год, таа селекција ке си дојде на виделина.
 
Абе батали ти лаички,вистински докази требаат,пошо горе пишува врвни научници.Од кај знаеш може детето ќе наследи од малку убавото што е на неговите родители хехе...
 
Да да. Ќе се поделат.Точно е тоа. Ќе има едни високи и згодни и убави,паметни,богати а другите ќе бидат домашни миленичиња.Исто така јас ќе добијам лото наредната недела,ќе купам ферари,една скромна кукичка од 1000м2 на водно и ќе ја земам Adriana Lima за куќна помошничка.
 
Да луѓе точно е !
Дури и магарињата ке почнале да летат.:pos2:
 
Да луѓе точно е !
Дури и магарињата ке почнале да летат.:pos2:

И поповите порано се смееле коа им викале дека земјата е тркалезна, па стварно испадна тркалезна.

Јес да споредбава е малце различна, ама поентата е таа.

Значи според сегашниве сценариа можно е и тоа, никад ние нема да дознаеме, ама ко ке подразмисли човек поубаво сосема е можно.

Можно е и да избие нуклеарна војна па да искочи х човечки вид.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom