Fantom
Chikara
- Член од
- 4 јуни 2006
- Мислења
- 11.453
- Поени од реакции
- 812
За тие што ја знаат телевизијата, следи повторување на материјалот од минатите години.
За тие што не знаат, прочитајте подолу, вреди секое зборче.
ТВ Морис, или популарно, „Човекот - Телевизија“ е охридска телевизија која едвај егзистира. Сопственик и водител е господинот Јован Трпески, искусен режисер, сценарист, тон мајстор, камерман, репортер, светло мајстор, спортски коментатор и мешач на малтер во исто време. Човек за се’.
Вести: Исечоци од вчерашен Дневник и Шпиц, читани во оригинал, без преправки.
„Денес бензинот во Америка еден долар и шеесет и два центи за галон... (пауза)... веројатно за литар се мисли.“
Чита секогаш со ист монотон глас. Сега има две водителки, порано кога беше сам, кога требаше реклами да пушти, стануваше од столица (од пластичните за на плажа) и одеше да пушти тоа рекламите. Комедии.
Еднаш му беше полно студиото со муви. Врти сучи една мува нон стоп по фацата му шеташе, а тој, демек професионалец, не изреагира. На крај на вестите: „Им се извинуваме на гледачите поради мувите во студиото“.
Порано во среда навечер, од 11:30 па до 5:30 сабајле, порно. Сега жена му го имат фатено, па не дават.
Пред година дена му влезе мачка во студиото, тој чита од весникот и таа прелета пред камерата, а тој стана да ја избрка. Тогаш, изненадување: Горе со сако, долу по гашти. Легенда е бе.
Еднаш при читањето на вечерните вести задрема. Саат и кусурот се емитуваше кај што ’рчи на тоа пластичната маса.
Музички дел:
Музички бум! - емисија чие име беше составено од колаж хартија исечена со ножички и залепена на старо перде. Нормално, одеа пораки од гледачи долу на екранот. Кога еден му забележа дека емисијата му е копија на 1+2 на иконата Драган Вучиќ, го откачи следново: „Со еден повик и Шабан Шаулич ќе го донесам во емисија, јасно?“.
Народни приказни, Петре Прличко средношколец, Том и Џери и слично, по цел ден во етерот. Пауза за вести.
Мотото на телевизијата - Гледајте за да не ви раскажуваат!