Со комбинација на “латинското“ учење (M. Орбини), погрден грчки збор со латински корен и името на северната турската провинција “Бугарија“, создадена е мисловна именка наречена “Бугарија“.
Именката “Бугарија“ е нешто што нема точно определена дефиниција, нешто без критериум, тоа е едноставно плод на халуцинација.
Како последица на таквата состојба создадена е можност за слободна интерпретација на истата од секого, од секој кој е малку креативен, романтичен, утопист, и истата се мултиплицира неброено многу пати, на неброено многу места во неброено многу облици од помалку креативните, со надеж дека е вистинита узречицата “сто пати повторената лага станува вистина“.
Еве еден пример на примена на истата именка:
“ Честваме С'единението на Б'лгарија
На този ден (06.09.2007) през 1885 г. б'лгарскијат народ изв'ршва едно от нај-забележителните
дела в својата нова историја - С'единението на Северна и јужна Б'лгарија. “
Што тоа СОЕДИНИЛЕ, што е тоа Бугарија?
Во 1878 година создадено турско кнежевство под руска управа наречено "Bulgaristan" кое при секое негово територијално проширување од историчарите и политичарите во Бугарија е представено и дефинирано како
“С'единението на Б'лгарија.“
Така е дефинирано територијалното прошурување на тоа кнежевство - царство кон Добружда, проширувањето кон Морава, Тракија, Македонија, Метохија, и.т.н. Па така , секоја новоосвоена територија, новоосвоен животен простор е
“С'единението на Б'лгарија“, и секогаш таа “Бугарија“ се обединува, секогаш и секогаш се водени “
освободителни“ војни од страна на таа држава, секогаш, и секогаш се гинело за “
свободата“ на Бугарите во “
ново освободените територии“, секогаш ( според истографијата на Бугарија ).
http://dunek.blog.com.mk/node/117445
Дали само таму каде што живеат луѓе со бугарско етничко сознание, таму е Бугарија ?