Непотребни навики...

  • Креатор на темата Креатор на темата Маwечко
  • Време на започнување Време на започнување
/resurrect

Коа ќе ми рече некој ништо, и убаво да го слушнам што кажал, пак викам "што" за да повтори уше еднаш... weird xD
А да, и да тропам со прстите како ненормален, како што тропаат децана со клик-клак... X_X

Би додал и дека се туширам се додека има топла вода...
И ова..
 
Секое сабајле станувам на десна нога,не сум суеверен или нешто слично демек ако станеш на лева баксуз ќе ти биде денот ама ми е прераснато во навика последниве 10 год и од која страна на креветот да лежам станувам на десна.
 
Interesting.
Паа секогаш мрдам со нешто додека гледам филм, не седам мирна. Ии морам да префрлам секогаш некој коментар дали општо за филмот или за некој од ликовите. Друга работа што ја правам често е тоа што кога си ги носам очилата си ги подигам со носот па некогаш и кога не ги носам ја иам таа навика да си мрдам со носето:icon_redf исто така и честото пукање на прсти, зборувањето многу гласно а притоа мене ми изгледа нормално.. па ако продолжам да размислувам уштеее, ке се најдат ии некои др. раб.:icon_bigg
 
Хм, пуцам прсти, пејам додека се туширам (ке ме гледате на Идол наредна година:pos:), после инстинктивно дигам веѓа кога нешто не ми штима и толку ми текнува.
 
Аиииииииииии од кај да почнам.Ги имам премногу и треба да почнам да се одвикнувам веќе најсериозно..
 
Ја тресам едната нога кога се нервирам за нешто, нон стоп си ја допирам и местам косата без потреба, читам весник од позади...
 
Навика која ја мрзам кај себе дали е непотребна или не не знам ама многу коментирам......не можам да останам рамнодушна на нечиво непромислено однесување и на крај јас сум ЛОШАТА затоа што во лице кажувам што мислам!...морам да се одвикнам поубаво ќе поминеш ако си бидам трај прај! :ne_zboram
 
Непотребна навика, а и навика која ја мразам кај мене е што на нервоза грицкам нокти....таман не ги имав изгрицкано еден и пол месец , денес наплатив :S
 
Си ја гризам устата, грицкам нокти, кога имам шишки постојано си ги местам, дигам веѓа и кога има и кога нема потреба, зборувам гласно.
 
Имам една навика која многу ја мразам но никако да се одвикнам. Кога седам имам навика ја тресам ногата, постојано тапкам со петата. Некогаш и ми е незгодно затоа што кога некој седи до мене тоа му оди на нерви, постојано ме опоменуваат. Ќе престанам, но по извесно време несвесно пак ќе почнам. Се трудам да се одвикнам, ќе си речам веќе не правам така ама џабе што си знам па си знам. Не за друго глупо изгледа, мислат дека сум многу нервозна. Има и некои други навики но тие не ми сметаат како оваа.
 
Рацете премногу ми се сушат и тоа го мрзам, затоа секогаш надвор кога ќе поминам покрај фонтана прво си ги мијам рацете, а шубе ми е и да јадам или да допирам било што кога ми се суви рацете.
Исто така постојано ја грицкам козата околу ноктите, мрзам кога ќе ми се направам такви гадни ранички, но сепак немозам да прекинам, само ми доаѓа...
 
Зборам сам со себе кај и да идам....по улица,на час,у автобус :) Абе на секое можно МЕСТО!

Луѓе ке помислат дека сум швркнат :pos:

И стално коа глеам теткици(а и гзлести и цицлести тинејџерки) у автоБус ми се дига и морам да го кријам со ранецот да не се обрукам :) :pos: :pos:
 
Си ја гризам устата, грицкам нокти, кога имам шишки постојано си ги местам
Ова.. Само што јас нон-стоп иам шишки и се си играм со нив, а знам оти глупо изгледа..
 
ги учам лекциите од крајот кон почетокот, секогаш првин отварам мсн па фејсбук па се остало, си потпевнувам на тестови ама у себе и уште многу работи (::
 
Секое сабајле станувам на десна нога,не сум суеверен или нешто слично демек ако станеш на лева баксуз ќе ти биде денот ама ми е прераснато во навика последниве 10 год и од која страна на креветот да лежам станувам на десна.

Ја со двете на земја... ама не се замарам со тоа,најчесо со двете ми доаѓа :)

Единствено што ми текнува,што ги крцкам/пукам прстите на рацете... иако знам дека не е добро :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom