По акцијата во Бродец Македонија докажа дека е најспремна НАТО земја во целиот свет.

  • Креатор на темата Креатор на темата ABC
  • Време на започнување Време на започнување
[acko]®;954580 напиша:
abc u pravo si deka ima luge so se plateni za toa ama tie se tolku ograniceni vo mozokot so ne im teknuvaat takvi raboti!! rabotata vo administracija ti e klati raka zimaj plata a tie so se na povisoki funkcii so im teknuvaat takvi raboti nemaat GZ da go kazat toa zaso posle ke dobivaat telegrami kako smeele taka da kazat za AMERIKA!!

E па работата на премиерот се состои да најде тим од луѓе кој без разлика на образование,вера и националност имаат во мозокот идеи односно им текнуваат "такви работи" и имаат "Г`З" да им го плеснат тоа во лице на сите кој бараат од нас да го направиме невозможното.
Се сеќавам на покојниот Борис Трајковски кој не го ценев баш многу како политичар ама во една прилика видов како го заслужи своето место Председател на Република Македонија.Во време кога беше некаков заменик министер при владата на ЛуБчо за време на бегалската криза кога на обвинувањата од странците дека Македонија не постапува хумано со бегалците им порача да пратат 100 авиони и да си ги земат бегалците кај нив дома па да си постапуваат колку сакаат похумано.
Со таа изјава кратко време после тоа Борис стана председател и респектабилен политичар,но немаше долг животен век.:(
 
ТРЕТО МЕСТО!? блах. Да разгледаме Албанија д авидите кој реформи сега се воведуваат. Дури сега за деветтолетка и други реформи кој што во Македонија се донесоа уште пред година дена. Хрватска, МАКЕДОНИЈА па дури после Албанија
 
ТРЕТО МЕСТО!? блах. Да разгледаме Албанија д авидите кој реформи сега се воведуваат. Дури сега за деветтолетка и други реформи кој што во Македонија се донесоа уште пред година дена. Хрватска, МАКЕДОНИЈА па дури после Албанија

Не едо реформите,до името е,нешто за што никој од нашите џаболебари не сака отворено да зборува и да им го каже на Македонците,па се служат со лажните надежи за членство во НАТО доколку сме направеле реформи само за да остане на власт што е можно подолго.
 
Во Електро-техничкиот факултет Викторија Нуланд говореше пред македонските дипломци од САД, претставници на дипломатскиот кор, офицери, но и македонски и американски војници-ветерани од Ирак. - Не можам да ви изразам колку ми значи службата што ја вршите вие и вашите браќа, кои се уште се во Ирак - изјави Нуланд, која истакна дека 130 македонски војници служат во мисиите во Ирак, Авганистан и Босна. Таа оцени дека НАТО денес е повеќе од воен сојуз, тоа е јадрото на поширок сојуз на четириесетина демократски држави од светот, кој работи да се постигне рамнотежа на силите, која ќе биде во полза на демократските земји.

Сакала да рече -сеедно дали ги праќате вашите браќа во Ирак,Босна или Авганистан,сеедно дали сте подготвени за влез во јадрото на поширокиот сојуз од 40тина држави,сеедно дали работите како во Бродец во полза на безбедноста и демократијата,вие во НАТО нема да влезете од проста причина што не го сменувате името,а ние тоа го знаеме,само си играме дрндупка со вас и ве лажеме како дилетанти.
Меѓутоа тоа би било оддавање на службена тајна и затоа ја сменила изјавата во прикриена форма некако вака:
-Третото барање на Нуланд се однесуваше на спорот со Грција, која се закани со вето за македонскиот прием во НАТО доколку не се реши спорот со името. Нуланд истакна дека кога ќе дојде време да се донесе одлуката, ќе бидат потребни сите 26 гласа на членките на НАТО за Македонија. Затоа, таа инсистираше Македонија да ја искористи можноста што се нуди со преговорите со посредникот Метју Нимиц. - Имате еден сосед со кој работите не се така добри. Но, сакам да подвлечам дека на ниту еден од разговорите што ги водевме, со власта, со опозицијата, во парламентот, никој не рече дека тоа што го бараме е невозможно - изјави Нуланд.
Упатените па и некои од неупатените знаат дека тоа е директна сугестија и условување за промена на името само добро срочено да не можат да ја разберат сите Македонци па со тоа да започнат да си ги бркаат другите работи кој ни се приоритетни во државава и никогаш повеќе да не помислуваат на НАТО истовремено прекинуваќи ги сите контакти со таа институција.
 
Абе не измислувај те молам, сето се тоа твој инсинуации.
 
Абе не измислувај те молам, сето се тоа твој инсинуации.

Хе,хе абе не можам јас да пишувам и за два-три дневни печатени медиуми, или можам,треба да пробам арно велиш.:)

П.С.: А што би рекол за ова подолу?

По владината одлука за двојно зголемување на бројот на македонските војници во Ирак, најавени се нови зголемувања на контингентите во Авганистан и повторно во Ирак.
„Сето тоа е во согласност и договор во рамките на коалицијата предводена од САД, така што во Авганистан ќе одиме со симболично проширување, со три штабни офицери“, изјави Лазар Еленовски, министер за одбрана.
Од идната година се планира АРМ да се вклучи во обуката на ирачката армија под команда на НАТО. Испраќањето на тројца или четворица штабни офицери во Авганистан се должи на апелот од НАТО до земјите сојузнички да дадат повеќе придонес за мисијата.
За споредба, Грција како долгогодишна земја членка на НАТО, во Авганистан има само 157 војници, во Ирак нема војници. За разлика од АРМ, најголем дел од грчките мировници се распоредени во регионот, што не е случај со Македонија, факт што го забележале и Американците.
„Благодарни сме и за придонесот што го дава Македонија денеска за глобалната безбедност. Вашите војници не служат само на Балканот, туку служат и во Ирак и Авганистан. Навистина сме ви благодарни за тоа“, рече Викторија Нуланд, амбасадор на САД во НАТО.
Се чини повторно едногласно Собранието ќе одобри испраќање на зголемен број од 80 македонски војници во Ирак, и тоа најверојатно при следната ротација на силите во декември.
„Сите политички партии ги поддржуваат сите операции на АРМ надвор од нашите граници, а во Ирак сме заради сојузништвото со Америка, којашто е наш најголем лобист и промотор за членство во НАТО“, вели Влатко Ѓорчев, Собраниска комисија за одбрана.
Веќе постојат најави дека овие македонски војници нема да бидат распоредени во базата Таџи, како досега, туку во „Зелената зона“ во Багдад.
„Нашата единица, по она како што изгледа, сепак ќе биде ангажирана во „Зелената зона“, која не е баш најбезбедна. Ние требаше сепак малку посериозно да подразмислиме, особено затоа што во овој временски период најголемиот број од земјите учеснички во оваа мисија веќе сериозно размислуваат или за повлекување или за намалување на бројот на своите војници“, изјави Благоја Марковски, експерт.
Од следната година со новите зголемувања на војниците во Авганистан и Ирак, Македонија ќе има над 250 мировници.
 
Упатените па и некои од неупатените знаат дека тоа е директна сугестија и условување за промена на името само добро срочено да не можат да ја разберат сите Македонци па со тоа да започнат да си ги бркаат другите работи кој ни се приоритетни во државава и никогаш повеќе да не помислуваат на НАТО истовремено прекинуваќи ги сите контакти со таа институција.

Значи ти ова го разбра, значи не си од сите Македонци, и сега ни подели совет дека треба да се свртиме кон Русија, за да можеш да бидеш слободен т.е. да шеташ кај сакаш.

Тоа е сижето на сите твои постови?
 
Па понекогаш е доволно да ги размрдаш страстите кај Македонците и реакциите ги тераат Американците да подразмислат малку потрезвено кој навистина ги подржува во НАТО па да побараат модус за да ретерираат со невозможни барања од Македонците.Денеска се малку поблаги во однос на невозможната промена на името,прочитај малку вести.:)
 
Ниту вчера ниту денеска имаше поостри - поблаги ставови во врска со името, тие се истите, само еве гледам дека ти не си од обичните Македонци и го 'разбра' вчера тоа на 'прав' начин.

Но, не е битно тоа, битно е ние си прајме лаф муабет :3:, а кооперацијата да работи, :party2:дај едно пиво да се напијаме ...
 
Ниту вчера ниту денеска имаше поостри - поблаги ставови во врска со името, тие се истите, само еве гледам дека ти не си од обичните Македонци и го 'разбра' вчера тоа на 'прав' начин.

Но, не е битно тоа, битно е ние си прајме лаф муабет :3:, а кооперацијата да работи, :party2:дај едно пиво да се напијаме ...

Па веќе денес Нимиц ретерира со својот рамковен став и предлага нов начин на решавање проблем со името особено откако и нему му беше јасно кој во последно време има поголеми НАТО заслуги,Македонија или Грција и дека не смееше онака да се избламира за името:

Нимиц: Грција да го смени името на северниот регион
11.11.2007 19:20
Метју Нимиц

Нимиц предлага Грција да го смени името на својот северен регион. Веќе да не се вика Македонија, туку да му се стави некоја одредница. Ова денеска го јави грчкиот весник „Етнос“, повикувајќи се на детали од рамката на медијаторот Нимиц предложена во Њујорк.
Според весникот, доколку се постигне договор меѓу Атина и Скопје, Грција ќе биде принудена да го смени името на својот регион, кој најверојатно ќе го носи името Грчка Македонија.
„Етнос“ наведува и дека во една од десетте точки во предлогот на Нимиц се споменува и прашањето на заштита на македонското малцинство во Грција, што за Атина е една од клучните неприфатливи точки.
 
туку така едноставно преориентација на политиката на Македонија неможе да има, тоа го знаат и русите, тоа го знаат и НАТО а тоа го знаат и нашите политичари, бидејќи едноставно премногу е инвестирано да се приближиме кон НАТО стандардите, како и една непроценлива инвестиција во вид на испраќање трупи во поддршка на американските во авганиста и ирак.
Толкава инвестиција АВС не се фрла, туку се користи до максимум, може малку потешко ќе биде да се реализира поради нечии лични хирови (Грција) но ако се откажеме од нашите обиди да се приклучиме во НАТО тогаш Грците победиле, а ние сме губитниците.
Но со наша упорност може малку ќе се одолговлечи приемот но ќе се случи и тоа под нашето уставно име максимално со фуснота дека за Грција важи друго име.
Прием нема да се случи само тогаш кога НАТО ќе се распадне.
Како и да е името е нашата најважна битка и приоритет број еден, додека НАТО и ЕУ се секундарни, и македонија се труди и ќе продолжи да се труди да влезе во тие структури бидејќи од тоа би профитирала во одредени области во функционирањето на државата.
 
Според весникот, доколку се постигне договор меѓу Атина и Скопје, Грција ќе биде принудена да го смени името на својот регион, кој најверојатно ќе го носи името Грчка Македонија.

А ние ќе си одбереме едно од следните имиња: :)

Oригинална Македонија
Вистинска Македонија
Негрчка Македонија
Бугарска Македониjа
Српска Македонија
Албанска Македонија
Македонска Македонија
Нова Македонија
Весела Македонија
Европска Македонија
Нато Македонија
Мала Македонија
 
А ние ќе си одбереме едно од следните имиња: :)

Oригинална Македонија
Вистинска Македонија
Негрчка Македонија
Бугарска Македониjа
Српска Македонија
Албанска Македонија
Македонска Македонија
Нова Македонија
Весела Македонија
Европска Македонија
Нато Македонија
Мала Македонија


Makedonska Grcija kako ekvivalent na Grcka Makedonija :kesa: hehe
 
Jazz is Paris and Paris is Jazz :pipi:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom