Леле каква типична Македонштина.
Кој има ќар на нас да ни биде брат. За кој к.. и е на Македонија поддршка од Русија и од смрдената Србија која btw не ни ја признава ни црквата.
Луѓе, Русија е силна, не дека не е, ама да се ставаш на страната на која има 3 играчи, а ти нудат место на онаа каде што е целиот свет ...
Се знае кој , што и како го контролира светот. Македонија сега конечно имаше среќа, да и затреба како пиун на Америка во војната со Русија. Тоа мора да го прифатиме со раширени раце, пошто, кој знае кога пак нешто такво ќе и затреба на САД.
Влез во НАТО значи повик за сите странски инвеститори од државите кои се членки на Атланскиот сојуз дека можат парите а си ги инвестираат во Макеоднија (која btw не зима даноци за скоро ништо) и со етината работна сила која што овде го јаде стапот скоро 20 години да достигнува огромнуи суми на профит.
Влез во НАТО е бетонирање на мирот во Македонија, бидејќи според статутот на оваа организација, војната со една членка на НАТО е војна со сите нејзини членки.
Нема Али Ахмети и калашњиков кога нема да му се прифати предлог закон. Македонија тоа го заслужува, не и стоите на патот кон НАТО и ЕУ. Навистина сојузите се во распаѓање (релативна проценка) но сепак огромни се моменталните бенеити за нас доколку нашето знаме се вее помежу оние во Брисел.