N
n/a
Гостин
Kira Georgina...O jorgos supopai...
Opa...Ela...pak kasnis ABS....cccc...hehehe...:pos2:
Грција тројански коњ на Русија во ЕУ
Атина играла на руската карта меѓу другото и за да издејствува руско вето околу спорот за името со Македонија
Костас Караманлис и Владимир Путин во овој момент се повеќе од партнери, тврди влијателниот Европски совет за надворешна политика во својата последна анализа
Од нашиот дописник
Слободанка Јовановска
Брисел - Грција е тројански коњ на Русија во Европската унија – објави Европскиот совет за надворешни работи, новопромовирана тинк-тенк зад која стојат многу звучни имиња како што се Марти Ахтисари, Џорџ Сорос, Јошка Фишер и други актуелни премиери и претседатели.
Со студијата објавена неделава за односите меѓу ЕУ и Русија, како земја која драматично почнува да влијае на ЕУ, не само надвор туку и внатре, Грција и Кипар се посочени како единствени две земји кои отворено ги штитат руските интереси во Брисел и и' обезбедуваат корисна поддршка на Москва во остварувањето на интересите што ги има во Европа и пошироко.
„Кога САД имаат проблем со европската надворешна политика, вообичаено, бараат од Велика Британија и од Холандија да зборуваат и да настапуваат во нивно име. Русија сега го прави истото тоа“, се вели во анализата, со објаснување дека иако Бугарија била посочена од руските функционери како нивни тројански коњ во Унијата, тоа повеќе се Грција и земјата-приврзок Кипар.
Со години, според анализата, Русија и' обезбедувала поддршка на Грција во спорот со Турција и е еден од нејзините најревносни снабдувачи со оружје. Последниве години Москва станува се' позначаен енергетски партнер на Атина и, всушност, Грција ќе биде првата ЕУ-земја која учествува во изградба на нафтовод контролиран од Русија, Бургас - Александрополис. Грција, исто така, е важен партнер во изградбата на планираниот гасовод во Јужна Европа, исто така во режија на руски „Гаспром“, а беше и една од неколкуте земји кои се спротивставија на одлуката на ЕУ за растурање на монополот на дистрибуција и производство на енергијата, кој требаше да ја одбрани токму од руските енергетски гиганти.
Во анализата Грција се окарактеризира како земја-промотор на руските интереси до таа мера што секој чекор што би можел да ја вознемири Москва е блокиран од страна на Атина. Иако се оценува дека како земја Грција, сепак, нема сила да ги издејствува којзнае колку руските интереси во Унијата, дипломати во НАТО неодамна оценија дека Русија е алката на која се' повеќе се потпира Атина, бидејќи веќе не може да смета на американската поддршка. Имено, толкувајќи го цврстото грчко одбивање на независноста на Косово, дипломатите сметаат дека Атина не ја штити толку српската и православна позиција колку што гради партнерство со Москва за моментот кога ќе и' затреба во ООН околу стратегиските и националните прашања. Попросто кажано, во НАТО оценуваат дека Атина смета на Русија како на единствена земја која евентуално би ставила вето на обидите на ОН да го реши спорот со Кипар (што се случи веќе еднаш), но дека смета на Москва и околу евентуалното гласање во Советот за безбедност за спорот околу името со Македонија, т.е. на можноста токму Русија да стави вето на евентуалната одлука да се отфрли резолуцијата за БЈРМ. Без оглед на тоа што Русија е меѓу првите земји кои ја признаа Македонија со уставното име.
Во анализата генерално, Русија се претставува како „нов Рамсфелд за ЕУ“ поради оцената дека таа стана најжешкото прашање за Брисел по одлуката на САД да влезат во Ирак. Тоа прашање ја дели ЕУ на проруски и антируски земји, на зависни и независни од увозот на нафта и гас и на загрижени или не од руската ароганција, што, пак, дополнително се комплицира со проширувањето и со внесувањето на две земји кои имаат не само лоши односи туку односи на раб на конфликт со Москва (Полска и Литванија). Многу развиени односи со Русија има и Бугарија, и покрај новата западна ориентација, и оваа земја е втор најважен економски партнер на Русија по Германија. Всушност, според анализата, најмоќните земји во ЕУ не се само на листата на непријателите туку и на листата на стратегиските партнери на Русија, и покрај споровите околу монополот во енергијата, Косово, кризните жаришта во руската сфера на влијание и надвор, практиката на ембарга за трговијата и слични непријатности од Москва.
Неофицијално, кочничар за независноста на Косово сега заткулисно станува и Германија, која од неодамна влезе во крупни договори со Русија во енергетската област, па нема интерес да оди против желбите на Москва кога нема некоја голема причина за тоа.