Фан Клуб: Славија

Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.935
Поени од реакции
73.475
Овој од Лисиче е бе.. Играше мал фудбал прво во Црна Гора па сеа почнал наводно фудбал..
Всушност тој воопшто и не оди на тренинзи. Изигра само две подготовителни со Бутел и толку...
Ниту на утакмици го нема...
Бтв пријателската со Лисиче не се одигра, пошто гостите стравувале да дојдат :icon_mrgr
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.935
Поени од реакции
73.475
Вчера го забележавме првиот очекуван пораз од гостувањата. Бевме поразени од Арачиновска Шкендија со минимални 1-0. Уште еден класичен меч од ова сеоло. Прекини на играта уште на наша половина по што никако не сме можеле да сврземе две топки, многу лактици, остри стартови, боксови, но и еден шашав гол на Шкендија доволен за победа. Во Арачиново се појавиле само 15 играчи, но сепак изиграле солидно... Тие што подолго ја држеле топката, си знаат како поминале (кој попил 50 старта, кој лактици, па паѓале и чакамци после фаулите:)). Тоа е тоа, очекуван пораз, незнам само зошто екипите одат на ова гостување... Ако е за утеха бар поразот е минимален и гол разликата сеуште ни е солидна. Инаку на трибините покрај 50-тината домашни фанови, имало и дваесетина фанови на Славија.
Следен меч ни е дома со Драчево, меч по кој ќе видиме дали можеме да се бориме за второто место.

Ај малку и нешто оф топик...
Во Пржино имаше и меч од женското фудбалско првентсво. Екиата која ќе настапува во Пржино, Фк Респект (барем така разбравме дека се вика...), загуби од ланскиот вицепрвак Победа со 0-18 :icon_mrgr
 

Duduk

Korg Maniac
Член од
8 јули 2009
Мислења
953
Поени од реакции
99
3:0 :smir: абе, стално ве тепаме, и пак викате дека имате појак состав од нас. (зборам за управата на Славија):pos2:
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.935
Поени од реакции
73.475
3:0 :smir: абе, стално ве тепаме, и пак викате дека имате појак состав од нас. (зборам за управата на Славија):pos2:
Абе појаки сме слушајме ти :tv:
Хаваријата на сите тимови кои што навивам продолжува :tv:<3
Славија-Драчево 2-2!
Се усравме денеска. Иако сите очекувавме 3 бода против лутиот ривал сепак се излажавме. На почетокот Драчево беше подобар противник како и во цело прво полувреме. Нашите беа изгубени по теренот па тоа резултираше со 2 добри шанси за Драчево но промаѓшија. Тоа што не им успеа на нивните напачачи му успеа на нашиот дефанзивец. По една нафрлена топка во нашиот шеснаесетник, дефанзивецот Ангелов со глава го лобуваше нашиот голман за 0-1. Но брзо израмнивме. Овој пат Ангелов стрелаше во вистинската мрежа за израмнување пред паузата. Иако во првиот дел заслуживме да губиме сепак се спасивме. Вториот почна со наша иницијатива но гостите откако ујрадоа една топка со шут од 35 метри под пречката поведоа со 2-2. Но не се предадовме. До крајот постоеше само една екипа. Иако бевме домаќини судењето беше исто како да Драчево е домашна екипа. Уште еднаш се докажа дека судиите имаат муда да судат само на оние места каде што нема 50 годишни селани да ги дфават за гуша и слично...
Не ни беше доседен чист пенал но продлживме понатаму. Една од неколкуте шанси ја резлизира (мислам дека беше Петрушев) за 2-2. До крајот иако напачавме и имавме добри шанси сепак не стигнавме до трите бода. Мечот го одбележа главниот судија, кој откако неколку пати не оштети, после 85 минути игра досуди крај, иако гостите 80% од второто полувреме го поминаа лежејќи на терен. Кај не г и дозволи регуларните 90 минути, туку наместо продолежние од најмалку 5 минути , тој го скрати...
Имаше големи мешаници на крајот, и мислам дека ова ќе му буде последен пат што дошол да суди во Пржино...
Добиваат третман како нигде на друго место, и они уште те уништуваат да ти ебам судиите...
Бтв атмосферата одлично, со навивање на моменти, на трибина околу 100 души, од кои 5-10 фанови на Драчево...
Снимив бајаги клипови, па можно е да ги поставам деновиве :)
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.935
Поени од реакции
73.475
Мала исправка, стрелец на вториот гол сепак бил Бојан Јакимовски...
Бтв во сабота гостуваме кај вториот конкурент покрај Ѓорче за титулата на северот. Се надевам дека нема да ја наместиме утакмицава и ќе гледаме еден убав меч.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.935
Поени од реакции
73.475
Уште еден ден до еден од поинтересните мечеви во оваа сезона. Одиме по бодови во Карпош кај екипата која оваа година покрај Ѓорче е кандидат за втората лига. Како што знам оваа утакмица нема да биде наместена, така да нашите ќе дадат се од себе за да ја преебат кандидатиурата на Алумина :icon_mrgr
Алуминците се градска екипа, па реално можеме да се надигруваме со нив на гостински терен, иако немам никаква идеја со каков состав настапуваат годинава, али чим се борат за прво место сигурно се засилени. Досега со овој клуб имаме само непријателски односи., Ривалството датира уште кога со помоѓш на ФФМ, успеаа да ни ја земат утакмицта во Пржино со (0-3) службени иако ги тепавме со 4-0, поради наводно нерегистриран играч, иако играчот беше на двојна регистрација од работнички. Ова се случуваше во 2003/04 и тоа беа клучните бодови за Алумина да остане во лигата. Сезона потоа кога беа главни кандидати за втора лига, пред 500 души во Пржино, не успеаа да победат играјќи 1-1 (голот го даде нашиот капитен Беќировски од 40-тина метри), но и покрај тоа на крај влегоа во погорна лига. Истотака истата сезона, нивниот спонзор прво беше во Славија, и недела пед првенството не напушти и не остави на цедило за да премине кај нив. Омразата уште повеќе се подгреа, за да ланска година Франц зема пари од Лисиче за да не совладаат али беа торпедирани два пати 0-5 и 3-1. Е оваа година, они се тие кои се борат за втора лига и ги имаат купено утакмиците во Арачиново, Бутел, Слупчане, Драчево и слични опасни места, но ние сме тим со кого сигурно нема да излезат лесно на крај. Дали ќе се заборави се од ланските сезони поради моќта на парите, или па ќе одиграме за НАС и во полза на Ѓорче ќе видиме во сабота. Истотака се очекува најмалку 30-тина фанови на Славија да дојдат на саботниот меч :)
Значи, 02.10.2010, 15 часот, алумина-СЛАВИЈА, на игралиште во карпош!
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.935
Поени од реакции
73.475
алумина-СЛАВИЈА 0-1 (0-1)!!! :icon_mrgr
Конечно победа и на гостинск терен и тоа кај фаворитот за прво место во лигата. Одново му го плеснавме на Франц у фаца, и го отпишавме неговиот тим од битката со Ѓорче. Инаку мечот не беше нешто посебно. Ние ги затворвиме сите приоди кон нашиот гол, и момците играа како животот да им зависи од утакмицава. Ги имаше насекаде па противникот нема шанси за гол. Запнавме во првиот пола час, и после неколку полушанси, при корнерот на Денис Миленов (корнер директива во гол), домаќините си дадоа автогол. И тогаш почна убиството од главниот судија. Не уништи во секаков поим. И откако не досуди чист пенал за нас, откако еден нивни одбранбен играч ја извади топката со рака, нивниот помошен тренер се обиде да се пресмета со мандар и цел наш стручен штаб, по што настана голема мешаница, по која нашиот тренер со неколку шлаканици го среди противникот. На денешниот меч имаше околу 100 души, од кои барем 80 беа фанови на Славија. Инвазија на Славијаши во Карпош!! Истотака тука беа и луѓе од Ѓорче, нашите екс кабињери Џамбо и Ѕвонко, како и Шкретот, најголемиот преварант во третите лиги кој сега гледам отишол во Ѓорче...
Во вториот дел како што кажав судијата не ни дозволи да играме. За ништо попивме 7-8 жолти, а противникот само еден. Имааа 10-тина корнери од кои 7-8 подарени. И покрај тоа одново бевме подобри, но Столе Милошевски нашиот напаѓач не беше во елемент. Но нашите бекови ги покосуваа нивните крила, а одбраната беше надмоќна. Единствено голманот два пати исплива но одбраната спаси сигурни голови. Алумина е многу слаба, нејзините млади играчи играа немотивирано и заслужено победата иде во Пржино. И официјално оваа година играме за Ѓорче...
Честито победа Славијаши :)
 
Член од
2 јули 2007
Мислења
465
Поени од реакции
39
Љупчо Матевски - Шкрет, од секогаш бил околу клубот (Македонија ЃП), а пред некоја година го прогласија за почесен член на клубот. А неговиот брат или прв братучед (ама мислам дека се работи за брат) е прв човек на Локомотива, Драган Матевски. По се изгледа Шкрет финансиски ги мотивирал играчите на Славија, ништо чудно да е така. А овој Џамбо карабинеров што ви бил, он е од Шишево, сега мислам дека е карабинер во Локомотива.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.935
Поени од реакции
73.475
Љупчо Матевски - Шкрет, од секогаш бил околу клубот (Македонија ЃП), а пред некоја година го прогласија за почесен член на клубот. А неговиот брат или прв братучед (ама мислам дека се работи за брат) е прв човек на Локомотива, Драган Матевски. По се изгледа Шкрет финансиски ги мотивирал играчите на Славија, ништо чудно да е така. А овој Џамбо карабинеров што ви бил, он е од Шишево, сега мислам дека е карабинер во Локомотива.
Шкрет ви е почесен член ? :pos:
Ех колку луѓето лесно забораваат што се случувало во минатото само за пари. Во 2006 Шкрет дојде начело на Славија заедно со еден спонзор од Црниче. Али ја спукаа работата со мандар и замина во Алумина заедно со сите играчи и спонзорот. И најголеми ривали им беа токму Локомотива. Зарем браќава или братучедиве биле еден наспроти друг таа година??? :)
И тогаш игравме за Локомитива, па иако бевме класи послаби од Алумина сепак во одлична атмосфера во Пржино пред 500 гледачи дојдовме до 1-1, но сепак Алуминците отидоа понатаму... Тогаш Шкрет како посран седеше на трибини во Пржино.
Е сега, ситуацијата обратна. Одеднаш Мадар и Шкрет станаа пријатели, овој се вртка тука во последните неколку утакмици и на мечов со Алумина заедно со мене и уште еден другар беше најгласен на трибината за Славија, а како што викаш веројатно е дека им фрлил некој денар на нашиве (бтв тврдам дека играчите не земале никакви пари за овој меч како премии, но може да се пофалат дека барем досега редовно земаат плата), иако игравме против нив бидејќи од секогаш сме биле ривали. Бтв Шкрет кој пред 4 години беше лидер во Алумина, во саботата го изнапцу Франц...
Парите се интересна работа :)
Жалам само што во седмо коло ќе ви ја пуштиме утакмицата, иако мислам дека ако играат фер меч тоа ќе биде многу возбудлив натпревар. Во мечов со Алумина настапивме без неколку стандардни провитмци, а и засилувањето Алекс Божинов кој одлично се покажа со Драчево истотака го немаше...
Следно коло одново играме дерби меч и тоа со доста тежок противник. Ни доаѓа ССК кој мора да го победиме за да се надеваме на пласман во топ 5!
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.935
Поени од реакции
73.475
10 Октомври 2010, 11 часот Славија-ССК Младинец :)
Откако пред две кола го пречекавме вториот Драчевски тим, помладиот ФК Драчево, сега во Пржино ди доаѓа ССК Младинец, старата екипа од Скопската населба. За разлика од ФК Драчево со кој секогаш имаме големи проблеми, воглавно досега ССК сме ги мачкале уште од времето на ЈСП. Колку што ме држи сеќавањето единствен пат ССК да тепал во Пржино беше кога немавме никаква екипа па не совладаа со 3-5, но и ни извадија 3-3 пред 2 сезони кога од полусезона се вклучивме во битката за втора лига. Во моментов ССК има исто толку бодови како нас, а мора да признаам дека најверојатно се меѓу една од појаките екипи во лигата. Минатата недела го добија дербито на Драчево, но и ние имавме добар настап. Тешко дека таму ќе можеме да се надеваме на бодови, така да овој меч МОРА да го добиеме ако сакаме да останеме во ТОП 5 на крајот...
Затоа Пржинци, дојдете во што поголем број, за да ги подржиме нашиве како и секогаш :)
 

F i c O

Шампион во домино на 100м
Член од
17 септември 2008
Мислења
233
Поени од реакции
5
Шкрет и Мате се братучеди , али не се во добро односи и не прават муабет . Шкретот и претходната сезона нон стоп беше во друштво на Мандар , ви договараше бодови по гости и ги фаќаше судиите за врат да свират за Славија , имаше и мал(или малку поголем):icon_bigg инцидент со газдата на вашите лански конкуренти, тоа е тоа ...:toe:
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.935
Поени од реакции
73.475
Шкрет и Мате се братучеди , али не се во добро односи и не прават муабет . Шкретот и претходната сезона нон стоп беше во друштво на Мандар , ви договараше бодови по гости и ги фаќаше судиите за врат да свират за Славија , имаше и мал(или малку поголем):icon_bigg инцидент со газдата на вашите лански конкуренти, тоа е тоа ...:toe:
Тоа е тоа, затоа и дефинитвно мечот во Ѓорче ќе биде наместен и ќе ви го пуштиме...
Пууу а баш сакав да гледам една добра утакмица, али ништо од моите надежи...
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.935
Поени од реакции
73.475
Ги исшлапавме и Драчевчани, СЛАВИЈА-ССК 2-0 (0-0)!
Одличен натпревар денеска во Пржино и вредеше да се одвои време за да се проследи. Нашите изиграа фантастично, се бореа насекаде, и буквално го изместија силниот противник. И ССК не беше така наивен во првиот дел. Напротив, имаа три убави шанси за погодок но нашиот голман Ефтимов ги запре нивните удари. Но и покрај тие три шанси за нив, креирани воглавно поради наши грешки во одбрана, сепак и во првиот дел Славија беше подобар противник. Имавме неколку чисти можности и само среќата го спасуваше противникот. Два пати ја пгодовиме стативата од чисти позиции а неколку пати топката завршуваше покрај голот. На неколку пати одново не уништуваа судиите. Нема да заборавам како помошничката крена знаме за офсајд, иако топката ја додаде еден од нивните играчи :pos:
Се знаеше дека гостите ќе паднат во вториот дел. Па така Славија запна уште од почетокот. Се редеа шансите пред противничкиот гол. Најпрвин Столе Милошевски утна чиста шанса по одличното додавање на Димитров, потоа имавме неколку шутеви од подалеку, за конечно по една мешаница во противничкиот шеснаесетник, дефанзивецот Николов погоди за 1-0. Набрзо, ССК направија грешка во одбрана и при една вратена топка со глава, голманот излета во празно по што на Димитров не му беше тешко да ја погоди празната мрежа. До крајот нашите напаѓаа но без успех, додека ССК не прикажа ништо во вториот дел. Чиста победа за нас која можеше да биде изразена и со повеќе погодоци.
На трибина имаше околу 200 луѓе од кои 50-тина фанови на ССК. Атмосферата беше одлична цело време, и мислам дека гласот ќе ми биде зарипнат во следниве неколку дена:icon_mrgr
На крајот стандардно имаше закани, ќе дојдете во Драчево играчите ќе видиме како ќе ви играат...
Се виде кој е кој, на Драчевци им останаа само картите од Цементарница-Хафнарфјордур кои ги шплатија 100 денари :pos:
Имаше и еден фраер викаше, јас во Београд не плаќам карта за Партизан да го гледам, а овде стотка платив. И Мандар му вика, кое е тоа село Београд бе??? :pos::pos::pos:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom