Фан Клуб: Славија

Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.934
Поени од реакции
73.475
Заборавив да спомнам дека Мики Атлески се вчера пак настапи за Славија, откако се врати од Норвешка. Само се уназадил некако...
 

Mandar_80

е сеуште без репутација
Член од
3 август 2009
Мислења
217
Поени од реакции
11
За мене Мики добро изигра за разлика од други,као што нема тренирано со нашите добро се држеше.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.934
Поени од реакции
73.475
За мене Мики добро изигра за разлика од други,као што нема тренирано со нашите добро се држеше.
Убаво се заградуваше, ама додавањата му беа катастрофални. Ни фали напаѓач. Драгче иако убаво минуваше по страна неможеше да се снајде во завршницата. Кире е одличен, али по повредава, вчера се посрамоти откако утна празен гол... Среќа што го имавме Ќумурот :)
 

Mandar_80

е сеуште без репутација
Член од
3 август 2009
Мислења
217
Поени од реакции
11
Ќумурот од вчера е главен нема што:pos2:,Кире проба да игра али неможе уште е повреден тоа е,за Драги не коментирам дечкото е олл раунд.:jaj:
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.934
Поени од реакции
73.475
Ќумурот од вчера е главен нема што:pos2:,Кире проба да игра али неможе уште е повреден тоа е,за Драги не коментирам дечкото е олл раунд.:jaj:
Абе реално само Драги е верен низ годиниве на клубот и заслужува да биде капитен. Лошо е што постојано муѕ се менуваат позициите, од крило, до одбрана, па напаѓач, уште голман да го ставиме :pos:
 

Mandar_80

е сеуште без репутација
Член од
3 август 2009
Мислења
217
Поени од реакции
11
Кај нас фалат младински екипи не фалат капитени:salut:

Пријателиве од с.Лисиче гледам отвориле сопствен форум!?
 

F i c O

Шампион во домино на 100м
Член од
17 септември 2008
Мислења
233
Поени од реакции
5
Момци,влегле многу пари таму(Коце Трајановски итн.)мислам дека се сите од ВМРО сепак да причекаме кој ќе биде таму прв,ако бидат Раштак хмммм ,тоа ќе биде ВМРО против симпатизери на СДСМ а се знае кој е на власт.:salut::salut::salut:

Подобро е за мене да влезат оние од с.Лисиче за догодина да нема недоразбирања и да се заборави на се до сега,сепак времето ќе покаже...ако играат на Градски на дечките што играат за с.Лисиче им нема рамен али сепак ќе видиме...

Инаку за вчерашната победа мора да кажеме дека да небеше стариот Мандар готови бевме,со што потврди дека уствари човекот на 60 години е сеуште најбољи играч на СЛАВИЈА...
Држи вода муабетов :toe:
 

Сладоледџија

Ванила & Чоколадо
Член од
8 декември 2009
Мислења
14.458
Поени од реакции
11.916
А кај нас во Маџари уште игра Раде ... Човекот пред 2-3 сезони беше тренер а сега пак се вклучи во првиот состав да им помогне на младите :D :D Има некаде накај 50 години со сигурност тоа го тврдам :nesum:
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.934
Поени од реакции
73.475
А кај нас во Маџари уште игра Раде ... Човекот пред 2-3 сезони беше тренер а сега пак се вклучи во првиот состав да им помогне на младите :D :D Има некаде накај 50 години со сигурност тоа го тврдам :nesum:
Раде Каранфиловски :pos:
Негоооо, имате еден одличен напаѓач. Млад, борбен, како џинче е :)
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.934
Поени од реакции
73.475
Славија-Треска Шишево 4-1 (1-0)!
Во најмала рака го уништивме противникот. Да го имавме во шпицот повредениот напаѓач Кире Трајковски, сигурно ќе беше 15-1. Ама вака се изнауткаа нашите играчи :) Четврта утакмица по ред имавме пенал :) За разлика од минатиот меч кога неловски промаши, сега Мики Атлески биеше сигурно во долниот лев агол за 1-0. Се редеа шансите пред голот на гостите, а нашите играчи на неколку пати се посрамотија, а на два пати промашија празен гол. Очекував многу поголем отпор од противникот али во првиот дел немаа ниту една шанса. Во првите минути од вториот дел Треска израмни и до 55-тата минута ја имаше инциијативата, и една полушанса. И тогаш на сцена стапи Ќумур. Се избори за корнер, нафрли, а на втората статива осамениот Богдановски донесе ново водство. Веќе во следната акција Ќумур ги мине сите асдистираше одново до Богдановски и 3-1. До крајот нашите везеа, а Треска не излезе од половина. Имавме многу шанси но недостасуваше завршница. Тогаш во игра како напаѓач влезе нашиот прв голман кој сега беше на клупата, Цобе :pos:
И одма имаше стопроцентна шанса, но промаши. Веќе во следната акција повторно одлична топка за него и овојпат беше сигурен за огромна радост и конечни 4-1 :vozbud::vozbud::vozbud:
И голманот наш гол им збрца :pos: Штета што тука заврши утакмицата (можеби и порано од пшредвиденото), али лошо им се пишуваше на гостите, Во Пржино на трибнитие околу 80-тина гледачи :)
 

Duduk

Korg Maniac
Член од
8 јули 2009
Мислења
953
Поени од реакции
99
Мандар суспендиран 2 години .. :pos2::pos2::pos2: :helou:
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.934
Поени од реакции
73.475
Мандар суспендиран 2 години .. :pos2::pos2::pos2: :helou:
:pos::pos:
Сан Сити казнет да игра 100 км подалеку од Пржино, и мечевите ќе ги игра во Пробиштип:pos:
Прв пат гледам ваква казна во трета лига :pop:
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.934
Поени од реакции
73.475
zosto dobija kazni mandar i san siti
Благодарение на моќта на управата на Лисиче. Мечот Сан Сити-Лисиче требаше да се одигра во Пржино, но пред да почне мечот се дозна дека судиите се истите тие кои ни судеа на нас во Лисиче. И беа претепани уште пред да влезат во Пржино, па мечот воопшто не се одигра. Значи мечот не е одигран а причлина е недоаѓање на судијата, што по сите прописи мечот треба да се преигра (плус не е претепан од фанови на ниту една од екипите кои ја играат утакмицата). Меѓутоа, делегатот напишал дека Мандар го нападнал судијата додека се играла утакмицата. Лисиче ја добива 0-3 службено, а Мандар и домаќинот Сан Сити добиваат казни :pos: Смешки...
 

Duduk

Korg Maniac
Член од
8 јули 2009
Мислења
953
Поени од реакции
99
:pos2::pos2: :pos2::pos2: неможам да престанам да се смеам на ова изјавиве на Марко.. прав дописничар :smir: че те биде брат..
 

Kajgana Shop

На врв Bottom