Да се надоврзам на утакмицава, т.е. нешто за Горно Лисиче.
Клубот е оформен под името ФК Горно Лисиче, а после го носи и името ФК Братство-Единство (поради задругата во Горно Лисиче) и под тоа име има значајни успеси во екс-ју во тогашниот Вардарски регион. Во Сезона 1993/94 се менува името во Техноком, а клубот игра во втора лига-запад, каде завршува како последно пласирана екипа, односно се 14ти.
Во тоа време за Горно Лисиче играле сегашниот престседател на клубот, Јане Павловски-Тица, после Дејан Ристовоски кој долги години играше за Вардар и Цементарница, би требало голман таа сезона да е и Љупчо Кметовски, а тренер на клубот бил Никола Манданровски, а во клубот играл и Илија Мандаровски, изгледа ова е негов син.