Uspesna akcija ???
Kolku li bese uspesna?
Рен: Тензиите добиваат неочекувани размери
21.11.2007 19:22
Оли Рен
Тензиите во Македонија добиваат неочекувани размери.
Еврокомесарот за проширување стравува од прелевање од Македонија во соседните земји.
„
Што се однесува до несаканите настани пред две недели во земјата, важно е да се знае дека политичката ситуација е тензична. Работиме заедно со Солана и Фуере, да ги смириме овие политички тензии. Тука постои прогрес, земјата направи напредок во смирување на политичките тези што е неопходно за реформите кои водат кон датум за преговори. Оваа работа треба да продолжи, треба да се сопрат политичките тези за да не се прелеат во соседните земји“, изјави Оли Рен, еврокомесар за проширување.
Може ли Рен да биде попрецизен, како би се прелеале тензиите?
„Имам состанок во Комисијата“, додаде Рен.
Ставот на Рен доаѓа после барањето на Дорис Пак за коментар, дека македонските полициски сили во акцијата, инволвирале и недолжни жртви.
Според дипломатски извори на А1, [
COLOR="Red"]ЕУ и Парламентот имаат бескрајно трпение кое не предизвикува ефект кај Владата во Скопје, која се повеќе покажува недостаток на капацитет да се справи со политичките тензии.[/COLOR]
Словенија има силна порака до македонските лидери, „анулирајте ги тензиите, само така може да очекувате европска иднина“.
Очигледно е разочарувањето на словенечкиот европратеник Кацин за неможноста Македонија да го препознае историскиот моментум.
„Вам очајнички ви треба консензус, очигледен и елоквентен, за нас во ЕУ да не убедите дека сите политички сили се за целосна интеграција“, вели Јелко Кацин, Европарламент.
Дипломатски извори за А1 изјавуваат дека еден од клучните проблеми е несоодветен партнер во дијалогот на Комисијата.
Едноставно одбивање на македонските власти да ги слушаат апелите на Брисел, дека единствено решение за македонската иднина е капацитетот, демократската зрелост на македонските лидери.
http://a1.com.mk/vesti/default.asp?VestID=86426