Сопствен-ваш свет!

  • Креатор на темата Креатор на темата city
  • Време на започнување Време на започнување

city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
277
Возраст
38
Многу луѓе функционираат, постојат и живеа во свој свет. Дел од нас привремено на кратко или подолго време поради некое случување во животот за затвараме во свој свет во кој привремно опстојуваме.

Има многу луѓе кои во својот свет остануваат засекогаш, максимално се изолираат од надворешниот свет и од другите луѓе.

Поената на темава ми е да уврдиме колку често ви се случува да се затворите во вашиот свој (сопствен свет)
Како изгледа вашиот свет т.е. како функционирате тој пероиод кога постоите само со себе и само за себе?
Која се најчесто причините за ваквите постапки во животот?
и како изгледа сево ова?
 
Хм...понекогаш имам потреба да избегам малце од реалниот свет и од секојдневните грижи и проблеми,па да се затварам во некој мој свет каде што се чувствувам поубаво.Добро ова може малце патолошки звучи,ама нема веза.:)
Не забегувам,но некогаш сакам со мислите да си одлетам на некое поубаво место.На секој му се случува и секој има потреба за тоа.
Меѓутоа според мене не можеш да живеш постојано во свој свет.Не треба премногу да забегава човек од реалноста,зашто накрај може да му се случи ептен да забега.
Убаво е одвреме на време да се прават мали излети,но да не биде тоа претерано и постојано затворање во тој свет и изолирање од околината.Не чини тоа.
 
Поената на темава ми е да уврдиме колку често ви се случува да се затворите во вашиот свој (сопствен свет)
Како изгледа вашиот свет т.е. како функционирате тој пероиод кога постоите само со себе и само за себе?
Која се најчесто причините за ваквите постапки во животот?
и како изгледа сево ова?
Епа, во една друга тема за егоизмот, повеќето од членовите се изјаснаа дека егоизмот е преовладувачки начин на однесување во денешницава. Од таа гледна точка испаѓа дека периодот во кој живееме за себе и во себе и не е така мал. Ама во оваа тема најверојатно треба да поразговараме за периодите кога ,, се затвораме,, во себе. За да не добијам кец за промашена тема: често ми се случува да се затворам во себе и да го оправдам тоа со ,,си терам по свое,, фразата. Всушност се работи за неподготвеност за соочување со ете условно реалниот свет, периоди во кои едноставно не ми се дружи.
 
jas mnogu cesto begam od realnosta.mojot svet e mirno i ubavo mesto kade se moite bliski a tamu e i mojot sakan
 
Се обидувам колку што можам да ги сватам реалностите и да се помирам со тоа иако не ми успева тоа баш секогаш.
 
мојот свет е малце....ептен е чуден. на секој му треба понекогаш да се оддалечи од реалноста, малце да се опушти во свет како што си го замислува, го сака.....само што не секогаш тоа ми успева, понекогаш или ќе забегам или ќе се напнам уште толку. ама сепак и тоа ми е потребно понекогаш, за да ме движи напред...:toe::vozbud:
 
Хмм јас ова малце поинаку го гледам. Порано знаев да си се затворам во мојот свет, па од друга гледна точка да ги гледам работите па да најдам повеќе начини да го гледам реалниот свет. Ова искрено ми помагаше доста.
Но пред некое време си реков дека треба да си живеам во реален свет и да не забегувам многу ама некако ми недостига бегањето од реалноста на некој начин. Така е животот дојден што моментите на релаксација во тишина и во друг свет ми недостауваат.:nesum:
 
Ах,убаво е во мојот свет.На пример,се е розово,сите луге се алтруисти и сакаат да ти помогнат,да те сослушаат,има премногу од се што посакувам,нема депресија,секогаш сите се насмеани.Понекогаш пробувам да доловам малку од тој свет во реалноста,да им покажам колку е убаво,ама не знам...можеби лугето се преокупирани со тоа што им се случува во таканаречената општа реалност,која е толку само црна.Сите некаде брзаат во обиди да успеат да се вклопат во сето тоа сивило,што забораваат дека постојат и други бои од виножитото.
Затоа ми е потребен некој што ке лета заедно со мене и ке ме придружува во тие магични патувања во мојот свет,па ако треба и ке ги соединиме двата света заедно,за да добиеме еден голем парадокс,во кој ке уживаме премногу.
Just fly with me,just somethimes...or be a stranger 4 me,and i`ll be a stranger 4 u....i`m better off not knowing u,if we can`t fly together...
 
Често одминувам во тој мој свет, кога се е црно околу мене, влегувам таму и барем за момент си правам совршенство, и кога ќе се вратам во реалноста, пак по старо....
 
Се трудам колку што можам поретко да ставам штит околу мене и да се затворам во оној “мој свет“,зашто таму не ги гледам работите какви што се`,туку какви што јас би сакала да бидат,а кога ќе излезам од тој “мој свет“ реалноста ќе ме плесне по фаца.
Затворена во тој “мој свет“ можам несакајќи да повредам некој кој не го заслужил тоа,а притоа да не го забележам тоа.
Можам да пропуштам многу нешта кои ми ги пружа животот зашто ќе бидам заслепена од НАВИДУМ “совршениот“ мој свет.
Затоа,да,имам свој свет кога сакам да бидам сама со себе и да размислам за своите и туѓите постапки,да најдам решение на некој проблем,но не претерувам и не се изолирам комплетно од околина...дури и кога сите бродови ми потонале,останувам на Земја и не се затварам комплетно во самата себе.
 
Па секојдневно ми е потребно да си седнам сама, да слушам некоја музика, да размислувам, да пишувам дневник можеби...Значи малце да напраам пауза од сета таа мешаница наречена живот. Ама колку и да сакаме не можеме да се затвориме во оној наш внатрешен свет на подолго време пошо до нас допираат влијанија од надворешниот свет. Треба да си напраиме некоја спојка меѓу внатрешниот и надворешниот свет...На пр. ако во внатрешниот си замислуваме дека сме не знам, во Париз, да напраиме стварно напори да ја оствариме нашата замисла. А не, да се помириме со тоа дека не знам, неаме време, неаме пари и сл глупости. Или еве ако сакаш да излезеш со партнерот/партнерката а си на работа, скини рутина и напрај го тоа шо го сакаш. Одвреме навреме е добро човек да се одмори, да не мисли на проблеми, да прочисти мозок и после повторно да се врати... :jaj:
 
.

Многу луѓе функционираат, постојат и живеа во свој свет. Дел од нас привремено на кратко или подолго време поради некое случување во животот за затвараме во свој свет во кој привремно опстојуваме.

Има многу луѓе кои во својот свет остануваат засекогаш, максимално се изолираат од надворешниот свет и од другите луѓе.

Поената на темава ми е да уврдиме колку често ви се случува да се затворите во вашиот свој (сопствен свет)
Како изгледа вашиот свет т.е. како функционирате тој пероиод кога постоите само со себе и само за себе?
Која се најчесто причините за ваквите постапки во животот?
и како изгледа сево ова?

А тие што никогаш не излегле од него?:mist:
Ќе си тонат во жива песок all there lives.Што и не е така лоша работа, си гледаш таму п(т)ичка, таму цвеќенце, све намиришано со лоша колонска.

Инаку јас успешно функционирам вклопувајќи го реалниот свет некако во мојот, не знам зошто, но тоа не ми изгледа баш како затварање.

I thing I have a problem.:poss:
 
Имав еден таков период во животот кога имав изградено свој свет. Причина - нормално, разочарување. Но ја научив лекцијата. Ок е да се заминува во својот свет но не чини да се остане и да се чека друг да те оттргне од него.има една тработа што не може да се сопре - времето.
 
Секој ден забегувам во свој свет а не само повремено. Не ми се допаѓа секојдневието па така сам си го правам по свој мерки мојот свет. Тоа не е баш затварање мојот свет е отворен ама никој не сака да влезе затоа што сите си имаат свој светови, ама ме загрижуваат тие на кој што им се допаѓа секојдневието.
 
Јако е да си правиш " бајрам на мозокот" :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom