УМОБОЛЕН КРЕТЕН НА СЛОБОДА
Разгаленото и умоболно детиште кој откога искука, искрши и изрекетира половина Скопје , а после тоа се префрли во Струга и останатите градови во Македонија- Александар Верушевски- Веруш по се изгледа ќе биде помилуван од страна на Бранко Црвенковски . Александар Верушевски, син на Зоран Верушевски поранешен директор на УБК и еден од првите луѓе на Б.Ц. е волот коj на 16 годишна возраст направи собраќајка со службениот ГОЛФ на тате му, испука во врат дете во Аеродром, избоде пријател од хх причини.
Апел до сите граѓани. Оваа божја грешка е крајно нестабилен и најчесто вооружен. Доколку го видите, ве молам за ваше добро да го избегнете и на никој начин да не го испровоцирате. Знам дека е грев, ама се надевам дека ќе се најде некој што е поговедо од него и ќе го прати кај Свети Петар.Исто така, би сакал од се срце да му се заблагодарам на Бранко Црвенковски за пуштањето на слобода на ова мизерно суштество.
ПРЕТСЕДАТЕЛСКАТА КОМИСИЈА ОДЛУЧИЛА
Верушевски „јуниор“ треба да биде амнестиран за да може да оди на лекување на повредите на ногата, одлучила комисијата за помилување на Кабинетот на претседателот Црвенковски. Според комисијата, Верушевски ги исполнува сите законски услови за да биде амнестиран, а лекувањето на повредите, инаку добиени во престрелка, не може да биде извршено во арестантското одделение во Клиничкиот центар. Александар Верушевски е син на Зоран Верушевски, поранешен началник на ДБК и Агенцијата за разузнавање (АР), кој важи за близок соработник на претседателот Црвенковски. Тој мораше да ја напушти последната функција во АР поради неколкуте скандали што ги предизвика неговиот син и да замине како советник-полициско аташе во македонската амбасада во Рим.
- Одлучивме да му дадеме помилување на Александар Верушевски затоа што нему му е потребно лекување. Тој има проблеми со ногата, а не може да се лекува на арестантското одделение. За дефинитивна потврда на нашата одлука треба да се изјасни претседателот Црвенковски - велат од комисијата за помилување. Според членовите на комисијата, покрај неопходното лекување, тој ги исполнувал законските услови за амнестија бидејќи издржал две третини од затворската казна во висина од една и пол година. Дознаваме дека предметот за амнестија на младиот Верушевски, заедно со негативната препорака од Министерството за правда, Комисијата ја добила на 5-ти овој месец, а седницата на која било одлучено тој да биде амнестиран била на една недела подоцна, на 11 октомври.
Од кабинетот на претседателот вчера информираа дека конечната одлука за амнестија на Александар Верушевски ќе биде донесена по враќањето на Црвенковски, кој е во службена посета на Франција.
- Претседателот Црвенковски денес пристигнува во земјава и ќе му бидат доставени одлуките и препораките на комисијата и на Министерството за правда. Тој треба да одлучи дали Александар Верушевски ќе биде амнестиран - изјави Зоран Иванов, советник за односи со јавноста во кабинетот на Црвенковски.
Повредите на ногата поради кои тој треба да биде амнестира се од престрелка што се случи во јануари 2005 година во населбата Капиштец. Тој веќе еднаш беше во Црна Гора на лечење но мораше да се врати во земјава поради скандалот со издавањето нова патна исправа на негово име. Тогашниот претседател на скопскиот Основен суд, Бојан Ефтимов, му издаде нов пасош на Верушевски иако претходниот му беше одземен од МВР бидејќи тој веќе беше осуден и требаше да издржува затворска казна.
Првиот инцидент Александар Верушевски го предизвика во 2004 година, кога со службено возило на татко му предизвика сообраќајна незгода, во која беше повредена една жена. Потоа тој беше инволвиран во оружен инцидент во населбата Аеродром, во кој беше застрелано едно момче. Последен во серијата инциденти беше во Струга, кога од сопственици на два локала Александар барал и зел рекет во висина од 300 односно 500 евра. Откако беше пријавен во полиција, тој реши да им се одмазди пукајќи во нивните семејните куќи. По апсењето, младиот Верушевски беше испратен во КПУ „Идризово“ на издржување на затворската казна, а по кратко време беше префрлен во битолскиот затвор поради наводните закани за негова ликвидација.