Професори кои ни предаваат, предаваат и приватни часови на истите ученици... за пари!

ПрИтИ_гРл

Unforgivable ♥
Член од
6 јуни 2006
Мислења
2.554
Поени од реакции
22
Веб-сајт
www.kajgana.com
Изреволтирана од она што се случува по денешниве училишта ја отворам темава!

Вака сега првин да прашам- Дали е дозволено професор кој ти предава на училиште, да ти предава и приватно (дома) ?

Тоа според мене значи дека ученикот кој оди на такво спремање, го плаќа професорот исто и предметот. Имам милиони примери . . .

Исто така професорот зема една огроОомна сума на пари (пример по биологија професорката која предава во мојата гимназија зема по 500 денари од училишен час. Е сега ако има 3 ученици зема 1500 денари од САМО еден час, а да земиме во предвид и дека одвај можи да се најди место за да појдиш-значи има редици+значи дека заработува повеќе од една просечна плата) И со такво одење на час, таму ти пишува за што ќе те скорни, ти ги кажува прашањата, ти ги пишува одговорите и фактички си го плаќаш предметот и имаш 5 и + професорката те „сака“ најмногу во класот(бидејќи им го полниш џебот се разбира). Плус на тест те гледа кај шо вадиш ливчиња а4 формат за препишување и едноставно тебе ти „замижува“ на тоа а на другите им пишува 1 ?!

Исто така за ова сите знаат, бидејќи секој втор професор е таков, а и едно друго ме изненади што и директорот е запознаен со ова и едноставно и тој им „замижува“, кое за мене е еден голем престап.

Е сега ме интересира вашето мислење за ваквото нешто? Дали ова се случува и во вашето училиште? Дали и вие сте биле дел од ваквите предавања? Дали можи да се превземи нешто или мора да се помириме со тој факт?

И да напоменам дека за сите други спремања надвор од училишните (мислам со други професори) ги почитувам и знам дека не се престапни.
 
Ova ne e dozvoleno.ja sakav da i napram vaka na profesorkata po angliski vo prva ama mi rece deka ne e dozvoleno i taka.
 
Ova ne e dozvoleno.ja sakav da i napram vaka na profesorkata po angliski vo prva ama mi rece deka ne e dozvoleno i taka.

Значи сепак можиме да кажиме дека за овој проблем, можеби најмногу крив е ученикот?
 
Ne. Profesorot i pred se direktorot sto im dopusta takvo nesto.
 
Зошто да не? Ако не сум доволно спремен и сигурен во себе зашто да не побарам приватни часови?
 
Зошто да не? Ако не сум доволно спремен и сигурен во себе зашто да не побарам приватни часови?


Но од друг професор, некој кој не ти предава тебе, а за другите нема проблем, напоменав во првиот пост.
 
Не знам која е разликата...исто е ти бараш а не те принудува он
 
Како што сум запознаена јас мислам дека училиштето треба да организира т.н дополнителни часови за учениците што не разбрале или за таквите што сакаат да научат нешто повеќе и тоа треба да биде бесплатно.

А очигледно е дека тоа плаќање на оценки и задржување на статусот омилен ученик кај професорите постоело и секогаш ќе постои, затоа што директорот не може да има увид што прават професорите дома, дали држат приватни часови и колку наплаќаат за истите.

Според мене учениците самите се виновни поради таквите појави зашто така тие ги „научиле“ професорите, а и полесно им е кога ќе платат од дома мама и тато, а тие книга нема да отворат. Така едноставно функционираат нештата. Тоа зависи и од совеста на самиот професор, некои одбиваат да држат приватни часови дури и ако некои од учениците го побарале тоа.

Според мене не може да се има увид и да се искорени.
 
Па незнам дали е забрането,но глупо е истиот професор да држи и приватни часови на ист ученик,бидејки на тој начин тој станува миленик на тој професор што е и нормално кога му даваш пари....До сега не сум сретнала ваков случај...
 
Јас имам прашано ама не даваат приватно ако ти предава.Даваат часови само на деца кои не им предаваат.
 
Никако:nenene:. Професор што ви предава, не смее да ви држи приватни часови во никој случај. Постојат дополнителни часови кои професорот треба да ги одржува за оние на кои потешко им оди. А ако имаш потреба од екстра објасненија, треба да ги побараш на друго место.

А зошто? Затоа што не е етички. Не само заради парите туку и затоа што при тие приватни средби би можело да дојде до зближување помеѓу ученикот и професорот и така ќе се изгуби објективноста во подоцнежното оценување.
 
Зошто да не? Ако не сум доволно спремен и сигурен во себе зашто да не побарам приватни часови?

Не знам која е разликата...исто е ти бараш а не те принудува он

Проблемот е што после ТИ ќе имаш поголем авторитет кај тој професот,отколку останатите од класот.
Проблемот е што тебе ќе те гледа поинаку и ќе ти попушта дебело кога ќе стане збор за твојата оценка...ќе ти прогледува низ прсти,ќе те тинтра...што може да разбуди “омраза“ кај твоите соученици,што е и многу нормално,како може ти така лесно да си поминуваш кај тој професор,а они се потат од учење?Епа извини молим те,секогаш сум ги сметала за г`зо лижачи тие што им плаќаат на своите професори за приватни часови.
 
Чист облик на мито. Ако ученикот има потреба од дополнителна настава, таа треба да се одржи во училиштето, и за сите ученици, а не само за оние кои имаат подлабок џеб. После сакале да идат во Европа. Епа извинете ме, ама според европските стандарди, секој професор му е воедно и ментор на ученикот, и е должен да му помогне на тој ученик ако има проблеми, и тоа за да си ја оправда платата, а не е ученикот должен да ги плаќа неговите услуги.
Како што реков, мене ова највеќе ми личи на мито. Ајде барем да му објаснел нешто, да му помогнел, ама да му ги даде прашањата од тестовите? И тоа по биологија, каде нема некоја голема филозофија што би предизвикала проблем кај ученикот?!?! Потполно недозволиво. Дефинитивно треба да се пријави кај надлежните.
 
Не е легално да се бара така, а не е ни етички коректно. Не го поддржувам тоа, бидејќи автоматски ти создаваш непрофесионална врска со професорот/ката што ти предава. Не бива така, има многу луѓе кои можат да ти даваат часови, зошто мора баш професорот/ката што ти предава во школо?
 
Проблемот е што после ТИ ќе имаш поголем авторитет кај тој професот,отколку останатите од класот.
Проблемот е што тебе ќе те гледа поинаку и ќе ти попушта дебело кога ќе стане збор за твојата оценка...ќе ти прогледува низ прсти,ќе те тинтра...што може да разбуди “омраза“ кај твоите соученици,што е и многу нормално,како може ти така лесно да си поминуваш кај тој професор,а они се потат од учење?Епа извини молим те,секогаш сум ги сметала за г`зо лижачи тие што им плаќаат на своите професори за приватни часови.

Не мора да значи...се зависи до професорот,на пример мои сокласници за примен во средно медицинско ги спремала единствената професорка која предава хемија на 1ва година,па они си имаа најреални оценки ни им беше попуштено ни ништо...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom