23 октомври

  • Креатор на темата Креатор на темата Necrophilia
  • Време на започнување Време на започнување

Дали е 23 октомври партиски празник?

  • Да

    Гласови: 11 22,0%
  • Не

    Гласови: 37 74,0%
  • Не знам

    Гласови: 2 4,0%

  • Вкупно гласачи
    50
Статус
Затворена за нови мислења.
А ти Стрелец лично, го признаваш празникот? Јас го почитувам празников, зошто, образложив погоре. А верувам дека секој Македонец кој се чувствува како таков го почитува.
 
Strelec ocigledno e koj e partiski vojnik na forumov cccccccccccc seuste ne svativte ccccccccccc nikogas i nema da svatite no toa e toa i ajt cao za ovaa tema
 
А ти Стрелец лично, го признаваш празникот?
Празникот??? Не! Како можам да почитувам празник кој што го ’дели’ народот?
А секако дека ја почитувам револуционерната борба на историското ВМРО (тука се оградувам од врховистите уфрлени во партијата)... Лицемерно е да му се припишува некому дека е против револуционерната борба на ВМРО, доколку е против празников (воведен сега и на ваков начин)... Да не ги мешаме двете работи...
А би бил и за празник, но само доколку се воведеше во поинакви услови и доколку беа создадени услови за општо-прифатливост кај Македонците...

Струмикс, сега и јас едно прашање до тебе... Претпоставувам дека и ти забележуваш поделеност кај Македонците во врска со празников... СДСМ се против, ЛДП се против, НСДП се против и многу неопределени се против... Доколку сум во право, кажи ми дали ти пречи тоа како Македонец и дали сметаш дека Македонија и Македонците како народ ќе имаат повеќе корист или штета од воведувањето на овој празник?
 
Ја денес не осетив дека е празник. На пример за Илинден тоа многу повеќе се осеќа низ цела Македонија. Ова е стварно партиски празник кој си го слави само една партија, за разлика од Илинден кој го слави цела Македонија.
 
Не би требало никква разлика да има помеѓу овие два празника,подеднакво се важни.Односно,ако не беше 23 октомври немаше сега да го славиме Илинден...
 
Не би требало никква разлика да има помеѓу овие два празника,подеднакво се важни.Односно,ако не беше 23 октомври немаше сега да го славиме Илинден...

Hmmmm, a jas celo vreme se cudev od kade nekomu padnalo na um da minuva so glava niz zid, letoto 1903.....i toa trae i trae i trae,............
Sipatares.... kako trgnalo................ ke napravat i VTOR klon na Albanija na Balkanov, a nas se nekoj ne "vozi" i od levo i od desno i od sever i od jug, malku napred ...pa sut ..nazad.........!
21 vek e, a nie uste nemame muda jasno i glasno da kazeme deka sme MAKEDONCI vo drzavata MAKEDONIJA.....
 
Празникот??? Не! Како можам да почитувам празник кој што го ’дели’ народот?
А секако дека ја почитувам револуционерната борба на историското ВМРО (тука се оградувам од врховистите уфрлени во партијата)... Лицемерно е да му се припишува некому дека е против револуционерната борба на ВМРО, доколку е против празников (воведен сега и на ваков начин)... Да не ги мешаме двете работи...
А би бил и за празник, но само доколку се воведеше во поинакви услови и доколку беа создадени услови за општо-прифатливост кај Македонците...

Струмикс, сега и јас едно прашање до тебе... Претпоставувам дека и ти забележуваш поделеност кај Македонците во врска со празников... СДСМ се против, ЛДП се против, НСДП се против и многу неопределени се против... Доколку сум во право, кажи ми дали ти пречи тоа како Македонец и дали сметаш дека Македонија и Македонците како народ ќе имаат повеќе корист или штета од воведувањето на овој празник?

Јас сум од оние неопределените ЗА да се слави овој празник. Македонците од овој празник може да имаат само корист за да се запознаат повеќе со идејата на ВМРО, кои луѓе, како и зошто ја формирале таа организација, како на Илинден што се даваат документарци и играни филмови за Крушевската република, АСНОМ...
Факт е дека народот е поделен...Но, би требало да видиме зошто се подели народот и кој тоа го подели...
Идиотски народот го поделија заедно ДПМНЕ и СДСМ. Првите бидејќи се сметаат за апсолутни и неделиви наследници на ВМРО, а вторите бидејќи упорно го блебетат она „партиски празник“ а тоа 23 октомври не е. Значи имаме обиди за ефтино политичко поентирање и таму кадешто не треба. А што ако СДСМ го предложеше овој ден за празник? Сите ќе го прифатеа тоа (вклучувајќи ме и мене) и безрезервно ќе го поддржеа тоа.
Во почетокот на текстот со болдираните реченици си толку многу контрадикторен, дури смешен. Не го почитуваш денот на којшто е формирана една организација чиешто дело го почитуваш, а се вадиш на некаква поделеност меѓу народот вештачки предизвикана од една група идиоти обоени во сино-жолто и уште една во црвено (или портокалово?) на празник кој ни во кој случај не смееше да се исполитизира. А во меѓувреме глумиш патриот кој се грижи за народот.
Мислам...тоа е тоа.
 
Интересно што денес владата испрати на територијата од општина Прилеп "арчлии" лути,без жал,да ги казнуваат сите приватни фирми кој ќе се затекнат да работат иако празникот е "државен",со глоба од по 1500 евра.
Државниот терор продолжува под закрила на демократијата и во приватниот сектор,улиците се празни како да е полициски час,а и оние мали продавничиња забрзано ги внесуваа штотуку изнесените производи пред врата како да се спрема елементарна непогода.На глупавоста и нема крај кога вештачки се наметнуваат празници а тие што не треба да работат се токму инспекторите од УЈП кој се сместени во луксузниот хотел и денес тепаат празнични дневници иако празникот беше најавен токму за нив како државен празник.Значи апсурдот се гледа во тоа што оној кој не треба да работи си зема дупла дневница а оној кој треба по свој избор да одбере дали ќе празнува или не,мора да биде присилно дома.Сепак никој не треба да се чуди на ваквите постапки затоа што тоа е дел од преродбата во 100 чекори ама назад кон едно време на диктатури и наметнати ограничувања во слободата на избор.Браво за ваквите моронско-комунистички одлуки на "технократите" кој се повеќе наликуваат на диктатори.

I po Ljubce - Grujo. Titovi pioneri...:pos2:
 
Ме убедивте...
Признавам дека ова е ДРЖАВЕН празник... кој што го слави само една партија! : )
На приемот беа присутни претставници од сите партии освен од една(не е ДУИ:pos2: ).
 
Интересно што денес владата испрати на територијата од општина Прилеп "арчлии" лути,без жал,да ги казнуваат сите приватни фирми кој ќе се затекнат да работат иако празникот е "државен",со глоба од по 1500 евра.
Државниот терор продолжува под закрила на демократијата и во приватниот сектор,улиците се празни како да е полициски час,а и оние мали продавничиња забрзано ги внесуваа штотуку изнесените производи пред врата како да се спрема елементарна непогода.На глупавоста и нема крај кога вештачки се наметнуваат празници а тие што не треба да работат се токму инспекторите од УЈП кој се сместени во луксузниот хотел и денес тепаат празнични дневници иако празникот беше најавен токму за нив како државен празник.Значи апсурдот се гледа во тоа што оној кој не треба да работи си зема дупла дневница а оној кој треба по свој избор да одбере дали ќе празнува или не,мора да биде присилно дома.Сепак никој не треба да се чуди на ваквите постапки затоа што тоа е дел од преродбата во 100 чекори ама назад кон едно време на диктатури и наметнати ограничувања во слободата на избор.Браво за ваквите моронско-комунистички одлуки на "технократите" кој се повеќе наликуваат на диктатори.
Хе...ништо ново под сонцето. Законот вели дека ако некој работи на празник треба да добие дневница во двоен износ, независно државен службеник или вработен во приватен сектор, ама тоа не треба да го утврди УЈП туку трудовата инспекција...АБЦ си помешал нешто, трудова инспекција биле, а можеби заедно и со УЈП. Којзнае...
Е да, личи на диктатура...ама веќе се навикнавме нели?
 
Струмикс... Не сум контрадикторен, туку ти не си ме сфатил...
Не го почитуваш денот на којшто е формирана една организација чиешто дело го почитуваш...
Ја почитувам и организацијата, го почитувам и денот кога е таа основана... Не почитувам воведување на празник на ваков начин... Затоа што се знаеше до што ќе доведе тоа... Воведувањето на овој празник предизвикува поделба и немој да мислиш дека Грујо тоа не го знаеше... Знаеше и тоа многу добро... А искрено не очекував дека поделбата меѓу Македонците со воведување на овој празник ќе стигне до тој степен да дочекам админ да ми каже дека сум смешен и дека глумам патриот!
Со тие куршуми НЕ... Еден од ретките си кои што се однесуваат културно на форумов и не си ја расипувај оценката!
 
Законот вели дека ако некој работи на празник...
Законот вели дека тоа важи за сите државни празници, ама никаде не прочитав дека инспекциите на 11 Октомври проверувале кој работи, а кој не!
 
Празни улици,присилно затворени дуќани,инцидентно отворени трафики и по некоја "свеченост" како комеморативна седница го одбележаа овој ден.
За впечатокот да биде потполн овој "празник" го одбележаа и армиите инспектори од УЈП кој патролираа низ улиците на Прилеп помно гледаќи да го казнат секој што случајно или намерно го отворил својот дуќан со надеж дека може да работи како и за 11 Октомври на пример или за 1 Мај кога луѓето се снабдуваат со неопходните артикли за да ја надополнат празничната атмосфера.Би требало овој празник да се преименува во :
-Ден за присилно наметнување на државни празници-
Не би знаел како е во другите градови низ републикава но во Прилеп изгледаше така посебно и од фактот што немаше традиционален огномет на кој најмногу ќе се израдуваа младите како за еден друг празник кој се вика 11 Октомври што исто така е Ден на некаква борба на Македонскиот народ,која можеби не е револуционерна па затоа тој ден и инспекторите од УЈП не се на терен да ги затвораат приватните објекти кој случајно или намерно ќе се дрзнат да отворат.
Би рекол бедно од владата која се обидува овој празник присилно да им го наметне на сите граѓани со стандардните непопуларни мерки без притоа да помисли дека секој празник треба да се остави спонтано и сам да се наметне во срцата на народот.
 
Струмикс... Не сум контрадикторен, туку ти не си ме сфатил...
Ја почитувам и организацијата, го почитувам и денот кога е таа основана... Не почитувам воведување на празник на ваков начин... Затоа што се знаеше до што ќе доведе тоа... Воведувањето на овој празник предизвикува поделба и немој да мислиш дека Грујо тоа не го знаеше... Знаеше и тоа многу добро... А искрено не очекував дека поделбата меѓу Македонците со воведување на овој празник ќе стигне до тој степен да дочекам админ да ми каже дека сум смешен и дека глумам патриот!
Со тие куршуми НЕ... Еден од ретките си кои што се однесуваат културно на форумов и не си ја расипувај оценката!

Сум се однесувал и ќе се однесувам културно на форумот кон сите. Што сум рекол, ти се допаѓало или не, стојам зад него со сета одговорност. Што сум админ нема врска. Сметајте ме за најобичен дискутант. Тоа и сум. Со тоа што ви ставам ред кога забегувате во дискусиите.
Туку по темата...
Поделбата настана заради СДСМ на иницијатива од ДПМНЕ поврзано со празников денешен. Си собираат поени, како што напишав погоре.
Епа, ебати Македонците кои не ја признаваат борбата на ВМРО! И денешниот празник го сметаат за партиски, а со тоа го разединуваат народов. Сметањето на денешниов празник за партиски, а не македонски е за мене разединување.
Ебати партијата која се смета за наследник на „она“ ВМРО... со тоа им отвора устите на оние другите да лаат нешто кое во никој случај не држи вода. А и она за наследството не држи вода, ни во кој случај.

А, ќе заборавев...се јавија некои ТМРО кои сметаат дека тие биле ексклузивни наследници на „она“ ВМРО:pos2:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom