- Член од
- 20 март 2007
- Мислења
- 8.493
- Поени од реакции
- 308
Турција распореди 100 илјади војници на границата со Ирак
Турција распореди околу 100 илјади војници на пограничниот појас со Ирак, вооружени со тенкови, борбени авиони Ф-16 и хеликоптери, во очекување на можна инвазија врз Курдите во северен Ирак.
Според турскиот министер за одбрана Векди Гонул, ситуацијата се уште не е ургентна, но “Турција планира прекугранична инвазија што сака да ја преземе заедно со Американците“.
Сепак, САД и Ирак ја повикаа Анкара да се воздржи од воен напад на автономната курдска област, една од неколкуте релативно стабилни области во Ирак од почетокот на американската инвазија во 2003 година.
Турските гласила пренесуваат дека над 200 курдски бунтовници учествувале викендов во судирите на турската страна од границата.
Турскиот министер Гонул, во Киев, по средбата со американскиот министер за одбрана Роберт Гејтс, изјави дека во судирите загинале 17 турски војници, а десетмина се водат како исчезнати.
Ова се најтешки губитоци во турската војска во последните десет години, што се случија четири дена откако турскиот Парламент одобри воена акција против кудрските бутновници во северен Ирак.