Изгледот и однесувањето на учениците

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.855
За темава добив инспирација од сликите во галеријата.
Па, што мислите, како треба да изгледа и да се однесува еден ученик?
Дали е пристојно девојките да имаат шминка од која не им се препознава ликот, дали е пристојна секоја облека која ја носат и девојките и дечките, дали е пристојно самото слободно и веќе извулгаризирано однесување на одмори и часови?

Незнам како изгледа тоа, бидејќи не сум ученичка, но гледам секојдневно какви се школарциве. Гледам какви се кога одат или се враќаат од училиште ... девојките носат ташни за книги кои повеќе наликуваат на вечерни ташни за шминки и други ситници, не внимаваат повеќе на деколтеата, не внимаваат на должината на нивните сукњички, не внимаваат на фризурите на косите кои некогаш се пресвечени, не внимаваат на накитот итн.
Повеќе акцент ставам на девојките, затоа што тие можат да прават повеќе варијации во изгледот.

За однесувањето сум слушала какво е, но нема посебно да искоментирам затоа што лично не сум видела ... значи ете вие напишете какво ви е и дали го сметате за пристојно.

Мислите ли дека нешто треба да се промени во тој поглед? Предлог?

Не ги споменувам студентите дека сепак се тоа повозрасни луѓе, иако мислам дека и тие треба да имаа една граница во се`.

Па? Ваши мислења, критики, пофалби ... ?

п.с. За да не ви влијае тоа што спомнав за сликите во галерија ... убави појави се сите на нив ... другото не ми се допаѓа.
 

Тамарче

Ако одам во Битола..
Член од
11 јули 2007
Мислења
3.239
Поени од реакции
223
Ух, уште од одамна го нема то типично училишно однесување. Сега и нема некоја голема почит кон професорите, ученичките идат по штикли на училиште, разголени, да им се видат пирсојте или шо знам шо. Појќе никој не носи ни учебници, само една тетратка, а во чантите само шминки и цигари..Па на одморите ќе видиш двајца кај шо се лапат, другите во вцто се потискат, третите в ходник пушат цигари..
За промена некаква неам идеја, оти..како и да напрајш, пак ќе биди исто..Никакво поштовање..
За на факултет, мислам дека до некаде е попристојно..Шо знам..Барем то размислување го стекнав во текот на овие неколку недели. Студентите се некако попристојни, помирни, со поголемо почитување кон професорите..
 
Член од
19 март 2007
Мислења
6.574
Поени од реакции
163
Незнам како изгледа тоа, бидејќи не сум ученичка, но гледам секојдневно какви се школарциве. Гледам какви се кога одат или се враќаат од училиште ... девојките носат ташни за книги кои повеќе наликуваат на вечерни ташни за шминки и други ситници, не внимаваат повеќе на деколтеата, не внимаваат на должината на нивните сукњички, не внимаваат на фризурите на косите кои некогаш се пресвечени, не внимаваат на накитот итн.
Повеќе акцент ставам на девојките, затоа што тие можат да прават повеќе варијации во изгледот.
Дивне, ова е точно, ама не се сите девојки такви. Да ги има, и тоа во голем број, ама сеуште има средени девојчиња, но за жал, нивниот број се намалува.
И не викам дека ти рече дека сите девојки се такви, туку јас само кажувам како стои работава, дека постојат многу девојки какви што ги опиша ти.

Јас сум средношколец, и секој ден гледам девојчиња, и тоа како изгледаат. За однесувањето на часовите и на големите одмори нема потреба да се коментира, зашто подобро би се однесувале во зоолошка градина, или на стадион.

Како треба да се однесува и да изгледа еден ученик? Треба да се однесува со почит кон училиштето и кон професорите, бидејќи кај мене у школо стварно има професори кои имаат капацитет да не научат нешто, да не научат некои работи што ќе ни требаат у животов, ама тоа не може да дојде до израз! И нормално секој ученик треба да биде среден, особено девојчињата, а богами никако да се средат :vozbud: ...

Пофалби немам, критики да, мислам дека ме разбравте во претходно напишаново :smir:

И мислам дека на ваквото однесување не влијае само домашното воспитување, туку влијае и државата, системот, односно школото во кое учиме. Веќе е дојдено до степен, на професорите им е важно во каква таква атмосфера, да предатат, да си ја завршат работата, и да им се изгубиме од пред очи.

Има места каде што можеме да правиме све што сакаме, вклучувајќи и лудориите што ги правиме во школо, нашиот изглед итн ...

И остај ти галеријата, има посериозни проблеми низ државава :smir:
 
Член од
8 февруари 2007
Мислења
1.968
Поени од реакции
43
Не завршив којзнае колку одамна..секогаш постоеле такви непристојни однесувања и облекувања за на училиште. Нормално дека со критикиве не се мисли ништо лошо туку само се обидуваме да пронајдеме некое решение како би било најпристојно да се однесува еден ученик.:smir:

Проблемот е првенствено во девојките точно. Коса ми се крева кога ќе видам некоја облечена како за во град и оди во школо. Во последно време се нема никаков осет за она што беше кодекс на облекување. Тој кодекс изгледа само стои закачен на едниот ѕид на училницата за украс и ништо друго. Деколте е нешто сосем нормално за во училиште нели??? Па со штикли, па со сукњи, фустанчиња...шминка еден тон како за вечерно излегување. Убаво кажуваат професорите "сте се дотерале како за на ревија". Од секоја страна парадира некоја девојка која не личи на ученик.
А и машките не можам да ги изоставам. Некои премногу се завлезени во нивните филмови на лоши момчиња...сепак таквите се права реткост.:wink:

Како да се реши овој проблем...? Нормално наједноставно решение би било да кажеме, што се однесува во поглед на облеката, се униформите. За нив има друга тема да не бидам оф-топик.
Но што со оние училишта кои немаат униформи? Во нив професорот одговара за својот час. Јас лично секој недолично и непристојно облечен ученик би го избркала од час и би го запишала во забелешка. Имам право од училиштето да барам да се отстрани тој ученик од мој час за непочитување на кодексот на облекување и однесување. Сега засега тоа е единственото решение на кое ми текнува, барем додека да се воведат униформи во сите училишта.
 

Fabullous_178

Psychonautics:.
Член од
21 февруари 2007
Мислења
2.987
Поени од реакции
190
Е одма како решение униформи.Што ке направат тие?...Сите да бидат едно исто.Досадно.Не се криви девојките што се носат така,некој им го наложил тоа.На пример,секоја девојка е на мислење дека ако носи се провокативна облека ке има поголем успех кај машките,и ке биде популарна.Едноставно тоа е наложено од нормите.Треба некако да се смени тоа мислење.Од кај знам ја,некоја кампања или wtfr....
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.403
Поени од реакции
5.957
Верувам дека овој проблем е одамна, не се јави од сега. Се јави со намалувањето на строгоста во училиштата, допуштање премногу слобода на учениците.

Покрај шминките, цигарите и деколтеата, може да забележите насекаде испирсани делови од телото, розеви, зелени исфарбани коси, и по некоја тетоважа со која би покажале колку се „кул“. Пред се проблемот е во самите ученици но и во опшеството и самото образование кое со години наназад има проблеми да ги среди тие работи. А и современиот начин на живеење кој го наметна тоа. Мобилните се злоупотребуваат на часови, настанува хаос во класовите. Однесувањето кон професорите е крајно безобразно, навистина не знам како тие луѓе успеваат да се справат со таквите „ученици“. Но, се би се поднесувало донекаде доколку и некои од самите професори би ја сфатиле својата работа сериозно и промениле некои свои навики.

За учење веќе и да не зборувам, од цел клас на прсти се бројат тие што имаат навика да седнат дома и да прочитаат нешто.

И секако дека може да се промени тоа. Потребно е само малку повеќе строгост и запознавање на родителите за сите глупости што ги прави ученикот во школо. Со криење само им даваат храброст да продолжат со тоа. Заради тоа што постојат родители што мислат дека нивните деца се цвеќенца за мирисање затоа што кога се дома се однесуваат најпримерно и најпаметно, а кога ќе излезат надвор не знаат што попрво да направат за да ја покажат својата „култура“.
 
Член од
8 февруари 2007
Мислења
1.968
Поени од реакции
43
Е одма како решение униформи.Што ке направат тие?...Сите да бидат едно исто.Досадно.Не се криви девојките што се носат така,некој им го наложил тоа.На пример,секоја девојка е на мислење дека ако носи се провокативна облека ке има поголем успех кај машките,и ке биде популарна.Едноставно тоа е наложено од нормите.Треба некако да се смени тоа мислење.Од кај знам ја,некоја кампања или wtfr....
А кое е твоето решение?
Наложено... Да ако патат по внимание од другите и немаат како да го постигнат тоа освен што се облекуваат провокативно и недолично за на училиште. На место каде треба да научат нешто за општа култура и однесување. Ајде ти се молам.

И да..има посебна тема за униформите нема да терам оф-топик.
 

Скулгрл

Queen of the superficial::..
Член од
17 јануари 2006
Мислења
5.059
Поени од реакции
69
Ух, уште од одамна го нема то типично училишно однесување. Сега и нема некоја голема почит кон професорите, ученичките идат по штикли на училиште, разголени, да им се видат пирсојте или шо знам шо. Појќе никој не носи ни учебници, само една тетратка, а во чантите само шминки и цигари.
Заборави да кажеш дека на час се сликаат со црвен кармин дур другарка им позади држи кутија цигари.:)
Дечки, прво од нас да си почнеме. Каде е почетокот на лошото однесување? Не се работи само за шетање како на писта, се почнува од попрости работи. Сите се имаме чкрапано со мобилни (пример) на час и не сме внимавале на предавањето. Тоа го спомнувам како најчеста работа, а сведок ни е и галеријата.

За оние што мислат дека се фраер(к)и ако облечат нешто провокативно за на школо се уствари искомплексирани деца, кои во својата нормална кежуал варијанта не биле заприметени од никој. Кај мене во гимназија ги имаше да ги ринеш со лопата. Во ходниците се слушаше цупкање со штиклички, одбиваа да носат униформи да не си го изгужваат новото џемперче од Naf Naf...и едно време и таквите престанаа да привлекуваат внимание. Едноставно секогаш и сегде беа исто нашминкани, во истите парчиња облечени, и не беа интересни. Затоа мораа да „ја фасцинираат масата“ на матура облечени како курвички. Очајнички обиди, сите го забележаа тоа, а тие станаа предмет на подсмев.

Не знам каде да почнам да го барам проблемот, ама само учениците не се криви. Сваштарии вработуваат по средниве, почнувајќи од сексуално закоравени старчиња до промискуитетни стјуардеси.
 

Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
Што знам, во моја генерација многу малку имаше што се облекуваат провокативно, може имаше кога беше топло некое голо меше ама тоа беше се.
За шминкање во моја генерација освен некоја што ќе стави сјај и тоа беше ретко, имаше 5 во генерација што начминкани идеа на школо ама нашминкани ко за на работа, и сите ги викавме теткиците.
Како и да е јас лично сум против униформите, ама сум за да се воведе задолжителен кодекс на облекување.
А за однесувањето, тоа е само одлика на нивните родители, и дефинитивно треба државата и властите да им даде поодврзани раце на професорите во однос на образование за начинот на однесување кон средношколците, бидејќи очгледно родителите се неспособни тоа само да го прават. А за секој ордител чие дете се однесува ептен недолично, судски да биде обврзан да посетува семинар за тоа како да си воспитува детето.
 

MaRiNa`Oh

стара школа
Член од
26 март 2005
Мислења
3.484
Поени од реакции
28
Верувам дека овој проблем е одамна, не се јави од сега. Се јави со намалувањето на строгоста во училиштата, допуштање премногу слобода на учениците.

Покрај шминките, цигарите и деколтеата, може да забележите насекаде испирсани делови од телото, розеви, зелени исфарбани коси, и по некоја тетоважа со која би покажале колку се „кул“.
Пирсот, тетоважата, бојата на косата - то ти е еден вид култура. Не мешајте баби и жаби зато шо ако некое момиче на пример имат пирс на носот, автоматски не значит дека помалце учит, или не е примерна ученичка за време на часот и измеѓу. Пирсот, тетоважата и ексентричната боја на коса не се ни вулгарни ни незаконски, туку се само поинакви.
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.403
Поени од реакции
5.957
Пирсот, тетоважата, бојата на косата - то ти е еден вид култура. Не мешајте баби и жаби зато шо ако некое момиче на пример имат пирс на носот, автоматски не значит дека помалце учит, или не е примерна ученичка за време на часот и измеѓу. Пирсот, тетоважата и ексентричната боја на коса не се ни вулгарни ни незаконски, туку се само поинакви.
Во ред е тоа. Разбирам дека е култура.
Зборот ми беше дека е лично мене ми делува пренападно за на училиште. :toe:
 

burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Веќе не се чудам кога ги гледам средношколциве како се однесуваат и облекуваат. Еее јас кога бев средно мобилен беше мислена именка да имаш, сега дојде време проноклипови снимаат на нив. Девојките се облекуваат како ефтини проститутки од некој Американски раперски спот а машките глумат лоши момци со фармерки 6 броја поголеми од нив, или па се облекуваат како за на свеченост некоја.

Треба да се врати строгоста во средното образование:забрана на мобилни телефони, не мора униформа ама да има еден убаво дефиниран и јасен кодекс на облекување, и мое мислење е да почнаат или да ги шамараат дома или на училиште премногу уфилманите.
 

Тамарче

Ако одам во Битола..
Член од
11 јули 2007
Мислења
3.239
Поени од реакции
223
Заборави да кажеш дека на час се сликаат со црвен кармин дур другарка им позади држи кутија цигари.:)
Дечки, прво од нас да си почнеме. Каде е почетокот на лошото однесување? Не се работи само за шетање како на писта, се почнува од попрости работи. Сите се имаме чкрапано со мобилни (пример) на час и не сме внимавале на предавањето. Тоа го спомнувам како најчеста работа, а сведок ни е и галеријата.

За оние што мислат дека се фраер(к)и ако облечат нешто провокативно за на школо се уствари искомплексирани деца, кои во својата нормална кежуал варијанта не биле заприметени од никој. Кај мене во гимназија ги имаше да ги ринеш со лопата. Во ходниците се слушаше цупкање со штиклички, одбиваа да носат униформи да не си го изгужваат новото џемперче од Naf Naf...и едно време и таквите престанаа да привлекуваат внимание. Едноставно секогаш и сегде беа исто нашминкани, во истите парчиња облечени, и не беа интересни. Затоа мораа да „ја фасцинираат масата“ на матура облечени како курвички. Очајнички обиди, сите го забележаа тоа, а тие станаа предмет на подсмев.

Не знам каде да почнам да го барам проблемот, ама само учениците не се криви. Сваштарии вработуваат по средниве, почнувајќи од сексуално закоравени старчиња до промискуитетни стјуардеси.
Молим те кажи шо сакаше да кажиш со ова жити очите?!
Сакаш да ме испровоцираш или шо?!
Не мислам да се правдам зошто сум се сликала, и дали било на час или не било, или дали било намерно ставен карминот или не..Коментарот не ти е на место, оти ме подбуцнува и тера на кавга, а мојот став во врска со темата го кажав погоре.
 
Член од
23 март 2007
Мислења
2.370
Поени од реакции
62
Вчера покрај куќа поминаа 5-6 девојки, со вечерни ташни, ремени во боја, нашминкани, косите испеглани...Не можев да проценам од каде доаѓаат и која возраст се....Најмногу ме збунија ташните што ги носеа....
Баш ми е криво што нашите средношколки ,кои доста ги има и на форумов, предвреме остаруваат со нивниот стил и делуваат доста повозрасно .....
 
Член од
27 јуни 2007
Мислења
2.157
Поени од реакции
507
значи сето ова кажува само на една работа-а тоа е дека децата имаат искривена слика за тоа како треба да изгледаат и да се однесуваат!а воопшто нема што да се каже за моралните и етичките вредности!ова е сериозен проблем според мене!затоа што децата треба на вистинскиот пат да се потераат од мали-а не кога ќе наполнат 18 години!а тоа што девојките се повеќе на тапет-ништо чудно!има некои исклучоци кои знаат да ја изделат гаредробата на таква за на учииште и таква за во град!но поголемиот дел не!значи секој момент го искористуваат за да изгледаат што е можно попровокативно!дали е тоа преку облеката што ја имаат на себе или пак преку однесувањето,како со врсниците така и со повозрасните!
мислам дека секое училиште треба да има свои стандарди!значи јас утре како иден македонист и професор по мајчин јазик утре кога ќе видам на предавања да ми се појави некоја девојка облечена како да оди во лов на машки-да ја вратам дома и да не ја примам се додека не се појави попристојно облечена!
но пред се!проблемот треба да се реши во самиот корен!што значи треба децата со тек на школувањето да се изградат во нормални особи,кои нема својата ексентричност да ја покажуваат пред се со недоличното однесување!
тука не ги обвинувам децата најмногу,туку нивните професори и наставници,што тоа го дозволуваат!и најмногу затоа што не се обидуваат да ги усмерат на вистински пат,туку на часовите се задржуваат исклучиво на лекцијата што треба да им ја предадат или пак не го прават ни тоа,па им викаат ај некој да ја прочита и толку!не ги погледнуваа и несакаат да се замараат со тоа кој е на час,како изгледа и сл.а според мене секое предавање треба да биде поврзано со нешто надвор од тоа што го пишува во книгата,само за да се задржи нивното внимание и да се постигне интерес од нивна страна.понекогаш е подобро половина час да се посвети на разговор,совети и другарување со учениците во кои секој вистински педагог ќе им помогне на децата од друга гледна точка!па дури и ако треба со некои ученици да направи разговор и после предавањата ако е тоа неопходно!се со цел да им се помогне на децата да излезат на вистинскиот пат!
затоа што ако дојде до било какви девијантни однесувања,многу е потешко потоа да се искоренат!што велат постарите-поубаво е да спречиш одколку да лечиш!
а тоа што се случува надвор од школото е веќе грижа на родителите и избор на самите ученици!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom