Дивајн
блаблабла
- Член од
- 3 април 2005
- Мислења
- 15.748
- Поени од реакции
- 1.855
За темава добив инспирација од сликите во галеријата.
Па, што мислите, како треба да изгледа и да се однесува еден ученик?
Дали е пристојно девојките да имаат шминка од која не им се препознава ликот, дали е пристојна секоја облека која ја носат и девојките и дечките, дали е пристојно самото слободно и веќе извулгаризирано однесување на одмори и часови?
Незнам како изгледа тоа, бидејќи не сум ученичка, но гледам секојдневно какви се школарциве. Гледам какви се кога одат или се враќаат од училиште ... девојките носат ташни за книги кои повеќе наликуваат на вечерни ташни за шминки и други ситници, не внимаваат повеќе на деколтеата, не внимаваат на должината на нивните сукњички, не внимаваат на фризурите на косите кои некогаш се пресвечени, не внимаваат на накитот итн.
Повеќе акцент ставам на девојките, затоа што тие можат да прават повеќе варијации во изгледот.
За однесувањето сум слушала какво е, но нема посебно да искоментирам затоа што лично не сум видела ... значи ете вие напишете какво ви е и дали го сметате за пристојно.
Мислите ли дека нешто треба да се промени во тој поглед? Предлог?
Не ги споменувам студентите дека сепак се тоа повозрасни луѓе, иако мислам дека и тие треба да имаа една граница во се`.
Па? Ваши мислења, критики, пофалби ... ?
п.с. За да не ви влијае тоа што спомнав за сликите во галерија ... убави појави се сите на нив ... другото не ми се допаѓа.