Kaко да провериш каде ти е произведен телефонот (колку е квалитетен)?

Ова нема шанси да е точно. Сони Ериксоно шо го купиф од Бугарија испадна дека има 01, а најквалитетнио мобилен шо сум го држел врака Нокиа 3310 испадна 20.
Нема врска ова бе со квалитетот, од кај ви се податоците. Нокиата испран е во машина за перење алишта, паѓан е безброј пати, а функционира одлично по 6-7 години користење.
Новио мобилен го зедов од Софија на промоција и најмалку очекувам да е квалитетен (иако 2 години гаранција ми дадоја).

Ако е ова точно објаснете ми како можи мобилен купен од Германија да е од Емиратите, а мобилен купен од Бугарија да е од Финска. :toe:
Нема врска од која држава е купен, туку од кој добавувач стигнал во таа држава.

И да, има врска.
 
01...Супер...Се исплашив да не е од Азербејџан.
 
нокиа 6070 логично да е од финска.. се знае нокиа си е нокиа 01 покажа.
 
Притисни на следниве копчиња на твојот мобилен: *#06# и ќе ти се појави меѓународниот код за идентитет на мобилна опрема.

Потоа, провери ги седмата и осмата бројка од кодот:


123456789 101112131415


Доколку седмиот и осмиот број се 02 или 20, значи дека телефонот е произведен во Емиратите, односно е со многу лош квалитет.

Доколки седмиот и осмиот број се 08 или 80, значи дека е произведен во Германија, што не е лошо.

Доколку седмиот и осмиот број се 01 или 10, значи дека е произведен во Финска, што е одлично.

Доколку седмиот и осмиот број се 00, значи дека е произведен во оригиналната фабрика на производителот, што значи дека е со најдобар квалитет.

Доколку седмиот и осмиот број се 13, тогаш значи дека е произведен во Азербејџан, и е опасен по здравјето.

ова нема везееее!!!
како прво прв пат слушам дека Финска имаат фабрика за мобилни телефони која произведува нешто поразлично од нокиа, како второ - емиратите немаат фабрика за електроника не камоли за мобилни, како трето - Азербејџан??? :vozbud: Германија мислам само сименс и НЕЦ произведувааа - п.с. мобилен си е мобилен, многу мала улога игра тоа за кое држиште е наменет. а се се произведува во - НРК (Народна Република Кина :pipi::pos2:) само се склопува во т.н. фабрики!
 
Да бе стварно и мене ова ми е фкрај глупо. Демек само во 5 држави во свето се произведват мобилни, нема врска. Кина, Јапонија и САД мора да произведват мобилни. Ова мене појќе ко мајтап ми изгледа.

Мистичен, дај кажи барем од кај ти се информаците.
 
извинете за офф-топиков!
Притисни на следниве копчиња на твојот мобилен: *#06# и ќе ти се појави меѓународниот код за идентитет на мобилна опрема.
ова е мегу првите шифри за мобилни што воопшто ја имав дознаено. Беше многу одамна има скоро 11/12 години кога ја дознав и ми ја кажа еден бивш колега и ми рече кога купуваш телефон ке ја внесеш и ке ти излезат 14/15 бројки. Ако сите се нули значи телефонот е фалсификат. Ако има бројки е оригинал. И се вртеа после муабети дека имало некоја будала од гевгелија кој праел фалс мобилни, потоа доста беа познати турците и бугарите по фалсификат мобилни телефони. ама сеуште незнам некоја бугарска фирма што и конкурирала на Нокиа или Самсунг. А уште помалце на VK Mobile, Konka, Bird, Haier etc...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom