Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Хаварија го згасна LHC
Уништувањето на светот е одложено за најмалку два месеци! Поради хаварија која го оштетила акцелераторот многу повеќе отколку што се мислеше, експериментот на ЦЕРН мораше да биде стопиран.
Првичниот прекин на работата траел околу 36 часa, но откако инженерите ja откриле сериозноста на кварот, дел од Large Hadron Collider бил целосно исклучен.
Утврдено е дека како резултат на хаваријата, 100 супер магнети толку многу се загреале, што постигнале температура од 100 степени Целзиусови. Била повикана и пожарна, бидејќи еден тон течен хелиум протекол во тунелот.
Портпаролот на ЦЕРН, Џемс Џилие изјавил дека пред да почне поправката, целиот оштетен сектор најнапред ќе мора да биде загреан над апсолутната нула. Потоа повторно ќе треба да биде оладен а тоа е процес за кој ќе бидат потребни најмалку два месеци.
Тој тврди дека кварот не претставува опасност за надворешниот свет, но затоа пак неговото средување ќе биде многу скапо.
”Целосната истрага сè уште не е завршена, но по сè изгледа главна причина за механичката хаварија е расипаната електрична врска помеѓу два од магнетите. За сега, тоа е сè што можам да изјавам”, вели Џилие
www.on.net.mk
Нема да зафркнат...не верувам,а глупостите за црни дупки...па добро бре-истите се формираат од МАСИВНИ звезди(20-30 пати поголеми од сонцето...пааа до...)-а овде имаме протон и очекуваме од него црна дупка:pos2:Многу се претпазливи овојпат, не сакаат пак да зафркнат...
The magnets are cooled to a chilly 1.9 degrees Kelvin (-271.25 Celsius or -456.25 Fahrenheit). That's colder than the vacuum of outer space.
Тука е и тоа со црната дупка... разврти во почетните 20-30 страници и ќе се изнасмееш здравоКога ќе ми текне кога креваа паника за црна дупка :kesa: :pos2:.Се чудев само како од судар на 2 протони може да се добие црна дупка.Па потребна ни е супер нова за црна дупка (па незнам колку пати поголема од 1 протон и со колку пати поголема маса од него) .Ама тоа ти е конспираси теори,учење физика од цртани и адер стафс.