Fabullous_178
Psychonautics:.
- Член од
- 21 февруари 2007
- Мислења
- 2.987
- Поени од реакции
- 190
Хам,мразам да давам прости одговори,али да...среќен сум.Онака,фино среќен...не еуфорично среќен,али убаво е вака.
Сега сум на пример свесен за периодите,и знам дека после ова ќе дојде големо и тешко срање,па самиото тоа не ми дозволува да престанам да размислувам,како што сум правел порано,што е можеби најдобрата работа од една страна,бидејќи ќе бидам далеку поподготвен за наредниот период кој ќе дојде и ќе можам многу полесно да го прифатам(иако ќе знам дека е срање и ќе се нервирам).Негативната страна лежи во тоа што,жртвувам дел од уживањето,свесно не дозволувам да дојдам до врвот,бидејќи резервата мора да постои секогаш поради безбедност.Нешто како падобран,што би ти помогнал при падот.
И мора да биде така веројатно.
Така прават сите луге(некои можеби несвесно,не е битно),тоа е нашиот механизам за одбрана од емоционална болка(кој ни е далеку попотребен од физичките ствари,бидејќи ако не постои тој,може да се случи комплетна дезинтеграција на карактерот и Егото,евент после кој физичкото тело губи секаква поента).
Секако,можеби постојат и начини да се исклучи овој механизам(иако вака звучи несоодветно,бидејќи се зборува за некој полу-апстрактен,невидлив а можеби и воопшто илузорен поим) и тоа би донело истргнување на границите на среќата(ова во никој случај не вклучува употреба на психотропни супстанции,целиот процес е чисто психички и во суштина,многу тешко с свесно можеме да го направиме тоа.Најчесто е одговорна нашата потсвест).Тогаш,како човечки битија,би можеле да ја доживееме онаа ултимативна среќа,без лимит,резерви,задржување и било што друго што би можело да не оттргне од тоа.Сепак,нормално,негативните последици(што се случуваат при смена на периодите),се далеку поголеми,што е правопропорционално со количината на задоволството.
Значи,на крај,оставено е на нас самите да одбереме што повеќе преферираме:
-Помала среќа,во замена за подоцнежната сигурност
-Ултимативна среќа,со подоцнежни крах-последици.
Супер избор.