Срам од родителите?

Chapstick

Сам свој психолог
Член од
7 август 2009
Мислења
2.986
Поени од реакции
311
Темата е срам од родителите како личности, а не дали ви е срам да разговарате за секс со нив :)

Никогаш не сум се срамувала од моите родители, секогаш со гордост сум кажувала кои се и што се. Дали имаат или не нешто постигнато од животот не ми било никогаш важно, важна ми беше само љубовта која неизмерно ми ја даваа и доброто воспитување кои беа доволни да ги ценам и да се гордеам со нив.
А да имаш мајка курва и татко пијаница шо се на најдолен збор во градот нема ли да се срамиш од нив?

Он:Не се срамам од моите родители они се успешни и образовани личности се што кажуваат е на место само шо понекогаш место јас мајка ми си пишува со другарките на мсн:pos2:
 

~DaRko

Поштен лопов
Член од
29 март 2009
Мислења
5.888
Поени од реакции
2.481
не се срамам од родителите. какви се такви се, според мене најдобри се и воопшто не можам да сфатам како еден човек може да се срами од своите родители?? како може да се срами од луѓето кои му подариле живот??? стварно нема смисла ова, какви се такви се треба најмногу да се сакаат и почитуваат без разлика дали се без едно око (како во текстот на првата стр.) или без што ти ја знам што :toe:
 

аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
2.522
Мајче моја ми недостигаш најмногу на свет!

Мојата мајка имаше само едно око. Ја мразев...беше срамота за мене. Во нашето школо спремаше храна за учителите и за нас.
Еден ден додека уште бев во тоа основно школо, мајка ми влезе во класот и ме поздрави. Ми беше толку многу срам. Како можеше тоа да ми го направи? Ја игнорирав, и упатив поглед полн со омраза и побегнав. Подоцна сите мои пријатели ми се подсмеваа и ми велеа: Бљак твојата мајка има само едно око!
Пропаднав в земја и посакав мојата мајка да ја нема... Кога повторно ја видов станав и и реков: - Ако повторно мислиш да ме правиш предмет на исмејување подобро ти е да умреш.
Мајка ми ништо не ми одговори..
Не застанав ни за момент да размислам што реков, бев полн со омраза и бес во себе. Бев незаинтересиран за нејзините чувства... Единствено што сакав е да побегнам што подалеку и да немам никаков контакт со неа.
Во касниот живот учев многу и тешко. Така да добив шанса да одам во Сингапур и да студирам... Бев пресреќен! Се оженив, купив куќа и добив свои деца. Бев среќен со својот живот, со своите деца иако живеев во друга земја.
Но еден ден дојде мојата мајка да ме посети... Ме немаше многу години видено, а и внуците исто. Се појави на вратата. Моите деца почнаа да ја исмејуват. Јас почнав да и се дерам како може само така да се појавува непоканета. Се дерев: - Како можеш да доаѓаш туку така и да ми ги плашиш децата? Гони се одтука и да не те гледам!
Мојата мајка само тивко одговори: „Извинете мора да сум ја погрешила куќата“ и замина...
После неколку години дојде писмо кај мене. Повикан сум на матурска. Ја излажав жена ми дека треба да одам на службен пат. После прославата, од љубопитност свратив до стариот дом. Кога ме видоа соседите ми рекоа дека е веќе мртва. Нит една солза не пуштив. Ми дадоа едно писмо и ми рекоа дека е од неа...

„Мил мој сине
Мислeв на тебе цело време.
Извини што така упаднав во твојата куќа и ти ги исплашив децата.
Ми беше драго дека си успеал во работата и дека ќе дојдеш на прослава овде.
Јас можеби нема ни да станам од креветот да те видам.
Жал ми е што секогаш те срамував и ти бев терет.
Гледаш, кога беше мал се случи една несреќа и го изгуби едното око.
Како мајка не можев да поднесам да растеш со едно око.
Докторите те прегледоа и ми рекоа дека е можно.
Тогаш јас ти го дадов моето...
Бев пресреќна кога знаев дека мојот син, го гледа светот за мене со тоа око...
Со љубов,
Секогаш за тебе”

Твојата мајка..
ејјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјј :(:(:(:(:(:(:(:(:(:(
стварно тажна приказна... ретко кога пуштам солза али текстов стварно ме натера да го направам тоа...

моите родители се инвалиди и двајцата одат со протеза татко ми плус оди со штаки и е од 1 година инвалид, разболен е од детска парализа а мајка ми е на 2 години останата инвалид како резултат на непримена вакцина ( немало некоја вакцина тогаш во тоа време ).
Сум бил во ситуации кога ме исмејувале или кога ме заебавале некои личности но секогаш сум ги игнорирал и сум им се спротиставувал кога ке видам дека имаат таква намера. еднаш дури еден толку ме изнервира што му скршив два заба... никогаш не сум имал причина да се срамам од родителите па било какви и да биле. баш мило ми е накад што имам такви родители и што можам да се пофалам дека направиле премногу за мене и за сестра ми. докажале дека се поспособни дури и од здрави и прави родители..
 

moni <3 real

ти никад нема да влезеш.
Член од
27 јуни 2009
Мислења
1.466
Поени од реакции
667
Нешто најподло и најниско е да се срамиме од нашите родители. Тие се оние кои што не створиле,ни дариле живот, се грижатза нас и се прават само нас да ни е убаво. Во ниеден момент не сум се засрамила од родителите, горда сум што имам такви родители, иако како и секој родител знаат да имаат некој испад, но тоа е ништо во споредба со тоа што се тие прават за мене како личност.
 
Г

Господ

Гостин
Ич не се срамам од моиве,малце старомодни се ама си ги сакам...повеќе они се срамат од мене:kesa:
 
S

StereoLove

Гостин
Kакви се тие деца кои се срамат од своите родители?од оние кои му пружиле живот,му дават леб да јаде,па и покрив над глава.Да сум некој родител кога ке наполни 18 години може да фака багажот и нека се снаога колку и да звучи лошо од моја страна па ке видиме дали после ке се срами:tapp:

Не се срамам од моите родители,знаат да претерат во некои случаеви сепак многу ги сакам.
Инаку walker girl многу тажна приказна.
 
Член од
6 јануари 2010
Мислења
248
Поени од реакции
54
ja ne se sraman od roditelite samo nautro mi e sram koa pijam kafe a uste ne mi se spustil glupo e i sega pijam kafe v soba samo go zeam od kujna cekam da go svarat kafeto
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Мене еднаш ми падна срам од баба ми коа замалку не ме фати на ебење со две едни калаштурчиња од Синѓелиќ, ама среќа имав стаено клуч на врата. Добро оргијашење падна. А баба ми си почека пред врата и си ојде после назад. Хахахаха.
Инаку ко шо се бевме разјебале онака по станон, ќе беше циркус.

А од родителите, шо знам, еднаш ми беше срам, ама мислам дека бев тррто одделение, срам ми беше дека ме фатија како ѕрокам у женско ВеЦе. Татко ми по исфали, а мајак ми онаак, си ќутеше, а мене малку срам ми беше.
 
Член од
8 февруари 2007
Мислења
2.931
Поени од реакции
249
Мене ми е срам коа зборат за тие што ми се свиѓаат :kesa:
 
Член од
6 јануари 2010
Мислења
1.120
Поени од реакции
104
Инаку, си ги сакам, зошто се либерте
Да, тоа што моите родители се либерте ми е причина плус да ги сакам повеќе. Имам голема слобода кога разговарам со нив, нема тема која не би можела да ја искоментирам пред нив. Кога првпат ми направи татко ми муабет за секс, седевме и гледавме фудбал, и се разви интересна дискусија.

Поентата ми е, нема врска тоа колку се успешни во кариерата или колку се образовани/паметни/со големо искуство. И да беа алкохоличири, пропаднати случаи, криминалци, пак ќе ги сакав и немаше да се срамам од нив, затоа што тие ме направиле, и се додека ме финансираат и ми овозможуваат да имам се што ќе посакам, и најбитно од се, ми пружаат покрив над глава, немам од што да се срамам.
 

110%ЗеленоБел

Слобода за навивачите!
Член од
26 декември 2009
Мислења
638
Поени од реакции
32
ja ne se sraman od roditelite samo nautro mi e sram koa pijam kafe a uste ne mi se spustil glupo e i sega pijam kafe v soba samo go zeam od kujna cekam da go svarat kafeto
:pos: :pos: :pos: :zver:

Никогаш, ама баш никогаш не сум се срамел од моите родители.Неможам да сватам како некој можи да се срами од неговите родители, тие го пораснале, му пружиле услови за живот, покрив над глава, глупо е некој да се срами од неговите родители, без разлика какви се и дали имаат некои недостатоци... :helou:
 

bRutal savaGe

ಠ_ಠ
Член од
10 јули 2009
Мислења
4.213
Поени од реакции
88
се иам засрамено од мајка ми еднаш кога бевме на зимување пред 3-4 год. прв пат се качи на скии и после неполни 5 мин. ги расцепи на пола :kesa:

и се смееја сите дури и таткто ми :pos2:
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
ејјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјј :(:(:(:(:(:(:(:(:(:(
стварно тажна приказна... ретко кога пуштам солза али текстов стварно ме натера да го направам тоа...
Синоќа плачев како мало дете на постот на валкер грлл.Не сум прочитала толку тажно не паметам од кога :(
Оние што се срамат од своите родители денес,да доживеат нивните деца да се срамат од нив,за да можат да видат како е.
На родителот што и да му речеш или направиш секогаш ќе те сака,макар повреден,ќе се труди да те разбере и самиот ќе се обвинува зошто те усрамил пред твоите посрани другари и другарки.
Тој те рани,те гледа,бдее над тебе кога си болен и на крај да му вратиш со такво нешто...не треба да се вбројуваш во човек.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom