Гледам(во случајов со цитатот на мојот пост) дека не правиш дистинкција меѓу амбиции на клуб,и навивачи,организираност и квалитет на групата.
Погрешно ја сфати поентата на мојот пост,мислев за амбициите на еден добар клуб.
Амбициите на клубот,неговите стремежи за подобри резултати во случајот не треба да ги мешаш со лојалноста на фановите.
Вистинските навивачи се секогаш со клубот,и кога има пари и амбиции но и кога нема.
Ова е јасно како бел ден!!!
Како и да,има ли подобро за еден навивач од чувството дека неговиот тим станал шампион,сигурен сум дека нема.
Во случајот стана збор,дека не постои поголем предизвик за тим со таков буџет како Фени од шампионската титула,и сосема заслужено ја освоија титулата.
П.С.
Кавадарчани!!!
Кога правиме муабет за навивачите на Фени,ќе кажам Браво за новата подгрупа на Лозари Ultra Crew,дечките навистина докажаа последните месеци дека Лозари имаат светла иднина,дечките навистина даваат се од себе,и ако продолжат вака понатаму сигурно ќе постигнат многу работи.
Бев присутен во живо на последните два дуели од серијата во Кавадарци и имам само пофални зборови за Ultra Crew,на 4тиот меч,кога Фени губеше со 30 разлика,пола од публиката разочарно ја напушти салата,а децата навиваа без престан дури и во тие моменти,останаа со клубот до крај,дури и по мечот навиваа едно добри 15-20 минути.
Само напред и голем респект за дечките,продолжете со ова темпо!!!!:bravo:
Честито титула за Фени,синоќа журката за титулата беше за мерак:3: