Фан Клуб : Фени Индустри

  • Креатор на темата Креатор на темата gento
  • Време на започнување Време на започнување
Ajde sea us da gi tepame vo skopje i FINALE :vozbud::vozbud: Bravo za DARETO i za BOKI mnogu dobro izigraa,JAMES LIFE naj slabo
 
Дарето и Боки?! Абе Цобе и Владо ја решија утакмицата, добри беа уште Бошко, Тимчо и Горан.
 
Трипл-дабл, може и тоа!
555FFEEEE22E8A4FB390B7ED1D7A66D7.JPG

Реткост е и тоа голема, особено во нашата клупска кошарка, еден играч, притоа кој ја покрива бековската, односно плејмејкерската позиција да стигне до еден, и тоа троен ефект.
Но и тоа се случи на дуелот број 3 од полуфиналната серија на плеј-офот во кој Фени индустри го победи Торус.
Капитенот на кавадарчани, Горан Самарџиев, го направи речиси невозможното. Беше "двоцифрен" и кога се во прашање поените, асистенциите, но и скоковите.
Навистина несвојствено за еден плејмејкер, но, ете, остварливо.
На оваа средба во која неговиот тим не даде ново изненадување, Самарџиев реализираше 17 поени (2/5 за три и 3/5 за еден и за два поени), а имаше и по 10 скока односно асистенции за 33 минути на теренот.
А сето тоа му донесе збирно гледано 29 индексни поени, доволни да го одбележи ова "коло" од плеј-офот.
"Успеавме да се вратиме по непријатниот пораз во Софија и релативно неочекуваната елиминација уште во полуфиналето на БИБЛ лигата. Одигравме одлично во нападот, додека во дефанзивата на моменти бевме поопуштени од што треба. Задоволен сум од својата игра и нормално од трипл-дабл ефектот. Но, за мене секогаш во преден план е оној на тимот. Ќе беше попусто да имам добра статистика ако екипа загубеше. Сега сме на чекор од посакуваното финале. Ќе сториме с$ за да дојдеме до третата победа во серијата веќе утре, и тоа во Скопје' - коментира Самарџиев.
Не многу подалеку не беше ниту неговиот конкурент од другата страна на теренот. Димитар Караџовски ги одигра сите 40 минути за Торус во кои постигна 21 поен (4/8 за три, 3/5 за два и 3/4 за еден поен), а притоа оствари и 9 асистенции плус 7 скока сето тоа доволно за 27 индекс поени.
Одлично издание и еден од главните "фактори" за триумфот на тимот од Кавадарци беше Слободан Михајловски, и тоа со дабл-дабл ефект од
16 поени и 13 скока и висока реализација од поле (7/9).
Место во ТОП 5 има и за Александар Опачиќ, кој собра 20 индекс поени, како и Владимир Поповиќ, третиот "пресуден елемент" за победата број 2 на Фени индустри во оваа серија.

ТОП 5
Играч клуб поени
1. Г. Самарџиев (Фени И.) 29
2. Д. Караџовски (Торус) 27
3. С. Михајловски (Фени И.) 23
4. А. Опачиќ (Торус) 20
5. В. Поповиќ (Фени И.) 17
 
Aj nekoj ako znae neka mi prate link za da gledam vo zivo rezultat od FENI-torus (bidejki sum na skolo)
 
На овој линк имаше резултати во живо преку целата сезона, па би требало да има и сега www.basketball.org.mk :helou:
 
Cuti daaa tolku potenje za torus :uvo: sea so vardar mislam po lesno ke pominime via torus se NEPREDVIDLIVI :toe:

Sea koga pocnue FINALETO na FENI stranicata pise deka na 28 toa e sreda a nekoj vikaat pa vo SABOTA znae li nekoj tocno ?
 
Почнуе на 28ми, среда, во Скопје, со 1-0 за нас, хехе :)
 
Хаха на Рајковиќ изјавата за Брчков...ЕЕ Рајко дури денес свати каков потенцијал е Брчков?Кутриот наш си е го сакаме бидејќи е тука веќе 4 години но многу не напредна во однос кога стартуваше со работата пред 4 год...Кога требаше да игра со Брчков да ги одмори стартерите за БИБЛ тој едно сега друго.Катастрофа

Да додадам Брчков во младинската репрезентација е токму под надзор на Рајковиќ.Значи не е возможно цела год да има еден впечаток за него и еве сега за една недела оп вака
 
Хаха на Рајковиќ изјавата за Брчков...ЕЕ Рајко дури денес свати каков потенцијал е Брчков?Кутриот наш си е го сакаме бидејќи е тука веќе 4 години но многу не напредна во однос кога стартуваше со работата пред 4 год...Кога требаше да игра со Брчков да ги одмори стартерите за БИБЛ тој едно сега друго.Катастрофа

Да додадам Брчков во младинската репрезентација е токму под надзор на Рајковиќ.Значи не е возможно цела год да има еден впечаток за него и еве сега за една недела оп вака

Остај Рале сеа :pipi:
 
Spored mene imame mnogu pogolemi snasi protiv vardar mislam deka polesno ke gi dobieme a i vodime veke 1 :toe:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom