Масони

Член од
17 јануари 2009
Мислења
263
Поени од реакции
34
Секоја ложа има правилник за работа.Јас нивниот правилник не го познавам но тоа и не е битно верувај ми знам сигурно дека овој човек и те како морал да образложи на своите браќа зошто постапил така.Уште поважно е како ке може да ги погледне во лице оние браќа кои се со друга боја на кожата а се членови на неговата ложа.Во секој случај верувајте ми дека ложата има начини да го санкционира ваквото понашање и тоа да има поголем ефект одколку да го избркаат од ложата.На пример да му наложат самиот да се пријави да волунтира да работи во некое сиротилиште,црква или слична институција во кварт во кој живеат жители со друга боја на кожата.

--- надополнето ---

Само да додадам дека снимката е извадена од контекстот на целата пиеса затоа што некој тоа така го посакал
 
Член од
19 август 2008
Мислења
848
Поени од реакции
130
Се надевам дека модераторот ќе внесе ред и малку учтивост во обраќањето тука... а до тогаш, ќе одговорам на "актуелната" тема.

Мајкл Ричардс е масон и е член на Врховниот Совет на Шкотскиот Ред, Јужна Јурисдикција. Тоа што го направи за време на stand-up рутина е чиста глупост и е навредливо за сите, не само за црнците во Америка. Сметајќи дека прави добар виц, човекот излегува од контрола и прави скандал. Не е за оправдување - секој од нас мора да внимава што зборува. Тажно е што токму Ричардс е еден од најактивните глумци во помагање на црнечките гета во Америка, преку разно-разни социјални програми. Целата работа од повеќе од 20 години - си ја уништи со две минути глупости на сцена. После се извинуваше, се повлече од активно учество во Врховниот Совет (функцијата не може да му престане, затоа што е доживотна - освен ако не направи криминално дело), одеше на какви ли не советувања - но си ја уништи кариерата и уништи години и години добра работа.
Што се однесува до "бранењето" - секој што ќе погледне наназад низ форумов може да види дека многу пати имаме повторувано дека се случува масони да направат лоши дела, кривични дела, да делуваат немасонски. Не гледам зошто тоа би се криело од некого - затоа што тоа не се одразува по никаков начин на масонеријата. Ако somoteitbe не знае "од рас" дека Ричардс е масон, не значи дека има некој заговор да сокрие нешто. Внимавај малку на речникот кој го употребуваш, затоа што не доликува на возрасни луѓе да зборуваат така.

--- надополнето ---

Даме Груев, основачот на ВМРО, бил масон!

Едно мислење од масоните за текстот ако можи :smir:
Да, Даме Груев бил масон - го имам тоа и порано спомнато тука.
Текстот во Нова Македонија е полн со неточни податоци и е пишуван од некој што нема најосновно познавање на масонеријата, затоа што има фактографски грешки.
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
263
Поени од реакции
34
Да доколку еден масон сака да провери дали некој друг е масон или не е има начин.Но тоа не ме обврзува да ги проверувам сите 6 милиони и кусур кога некој друг тоа од мене ке го побара вака или онака.Едноставно не чувствувам потреба оти реков повеќепати ама пустото кој да го памети тоа дека секој е одговорен за своите постапки.Тоа што еден исфрустриран член на форумот скока и вреска е негов проблем,лично јас реков во една прилика дека кај мене истиот е на игнор и никогаш нема да ги коментирам неговите ставови и прашања.Тоа е мое право.Тоа колку јас знам или не знам е комплимет за мене оти колку повеќе се напаѓам дека не знам за мене значи дека добро си ги обавувам моите обврски.И за крај само една напомена дека нема повисок или понизок ранг кај нас сите сме еднакви,исти,рамноправни,и кралот и чистачот...
 
Член од
10 јануари 2009
Мислења
289
Поени од реакции
3
--- надополнето ---

[/COLOR]

Да, Даме Груев бил масон - го имам тоа и порано спомнато тука.
Текстот во Нова Македонија е полн со неточни податоци и е пишуван од некој што нема најосновно познавање на масонеријата, затоа што има фактографски грешки.
Aj ако сакаш демантирај две три работи од текстот, кои според тебе се фактографски грешки.......поздрав
 
Член од
10 јануари 2009
Мислења
289
Поени од реакции
3
Се надевам дека модераторот ќе внесе ред и малку учтивост во обраќањето тука... а до тогаш, ќе одговорам на "актуелната" тема.

Мајкл Ричардс е масон и е член на Врховниот Совет на Шкотскиот Ред, Јужна Јурисдикција. Тоа што го направи за време на stand-up рутина е чиста глупост и е навредливо за сите, не само за црнците во Америка. Сметајќи дека прави добар виц, човекот излегува од контрола и прави скандал. Не е за оправдување - секој од нас мора да внимава што зборува. Тажно е што токму Ричардс е еден од најактивните глумци во помагање на црнечките гета во Америка, преку разно-разни социјални програми. Целата работа од повеќе од 20 години - си ја уништи со две минути глупости на сцена. После се извинуваше, се повлече од активно учество во Врховниот Совет (функцијата не може да му престане, затоа што е доживотна - освен ако не направи криминално дело), одеше на какви ли не советувања - но си ја уништи кариерата и уништи години и години добра работа.
Што се однесува до "бранењето" - секој што ќе погледне наназад низ форумов може да види дека многу пати имаме повторувано дека се случува масони да направат лоши дела, кривични дела, да делуваат немасонски. Не гледам зошто тоа би се криело од некого - затоа што тоа не се одразува по никаков начин на масонеријата. Ако somoteitbe не знае "од рас" дека Ричардс е масон, не значи дека има некој заговор да сокрие нешто. Внимавај малку на речникот кој го употребуваш, затоа што не доликува на возрасни луѓе да зборуваат така.
zidarski - covekov e od regularna loza ili nerugelarna?
 

<K A F E R>

I love my MACEDOIA!
Член од
20 ноември 2010
Мислења
54
Поени од реакции
12
zidarski - covekov e od regularna loza ili nerugelarna?
Значи ме заинтересира доста темава и прочитав детално околу шеесетина страници почнувајќи од првата, е сега може и ќе погрешам што ќе го споменам Zidarski но нели он се претставува како масон, а тоа дали е од регуларна или нерегуларна ложа појма немам, зборот ми е, моето мислење, од тоа до сега што го прочитав и ќе ја дочитам целава тема, ми треба одмор ми истекоа очиве, значи зборот ми е дека Zidarski ја открива само "фасадата" на таа "куќа" и ја претставува многи величествено, прекрасно а не кажува што се крие внатре и дали внатре е импресивно како што изгледа фасадата што тој ја отсликува, зошто не одговори на некои прашања што му беа поставени, туку даваше некои заобиколни одговори кои веќе ги имаше во темава, кога веќе вика дека масонијата е јавна веќе 300 години.... За што целат, кои им се тајните знаци за распознавање итн да не набројувам има многу работи... Без навреда и однапред ти се извинувам но мислам по мое дека ова од твоја страна е само залажување и давање на некое друго светло вашето братство, како прво и не знам дали човек кој навистина е масон јавно би го признал тоа, иако кажа дека не живееш во Македонија...
 
Член од
26 март 2010
Мислења
132
Поени од реакции
23
KAFER, ako masonite javno si gi kazat tajnite lozinki i znacite za raspoznavanje , togas sekoj kje moze da se pretstavuva kako nivni brat i da ja zloupotrebi nivnata doverba koja si ja imaat eden kon drug kako brakja. Toa e edna dobra pricina za tajnosta za raspoznavanjeto , neli ?

Sto se odnesuva do moralnosta i integritetot na masonite, dovolno e da se pogledne listata na onie lugje koi bile i se masoni, toa se edni od najistaknatite i najhumanite licnosti od poleto na naukata, umetnosta, kulturata.
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.544
Inside the Brotherhood

Inside the Brotherhood
http://humanrestore.com/secret-organizations-and-conspiracy/inside-the-brotherhood/

Документарен филм за влијанието и инфилтрираноста на масонеријата во британската полиција, судството и некои центри на моќ. Филмот посочува конкретни примери на масони кои доаѓаат во судир со законот и документира како масоните успеваат да ја избегнат правдата поради нивното присуство и влијание во овие центри на моќ. Исто така, филмот содржи сведочења на активни масони за корупција, злоупотреба на политички позиции, и узурпација на власт во британската масонерија. Се обидувам внимателно да ја следам дискусијата на форумов, но ако се работи за репостирање, се извинувам.
 

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
9.029
Поени од реакции
7.624
Масоните ни го признаа уставното име


Слободнатамасонерија навистина е посебен феномен - колку повеќе одговори ти нуди, толку повеќе нови прашања ти наметнува; колку поголем број од своите „тајни“ ги прави достапни за профаниот свет, толку се зголемуваат нејзината езотеричност и мистична недостапност; кога мислиш дека си успеал да ја отвориш, истовремено добиваш чувство дека се претвора во една од оние волшебни кинески кутии со недефиниран број на скриени прегради и дупли дна




Интервју: Живко Груевски, голем мајстор на Големата ложа на Македонија
Од денот на официјалното прогласување на Големата ложа на Англија во 1717 година, братството за кое најмногу теоретичари тврдат дека се формирало како наследник на Редот на темпларите, предизвикува неподелен интерес во светот. Современото мисловно масонство ја чува мистиката на некогашното братство, но не е „тајна“ организација туку затворена, достапна само за легитимни членови, надминувајќи ги границите на светски елитен клуб на аристократијата, за какво што важело низ историјата. Основните податоци за Големата масонска ложа на Македонија, формирана во 2005 година, ги открива Живко Груевски, голем мајстор на Големата ложа на Македонија. Тоа што може да се каже е во ова интервју, другото е во „тајниот“ систем на редот.

Ако им ги оставиме новите сознанија за поврзаноста на македонското револуционерно движење од крајот на 19 и почетокот на 20 век со масоните на историчарите, каква е состојбата со современото масонско движење и со неговото влијание на настаните во Македонија? Постои ли?

- Во последните две декади од 20 век, со големите промени што настанаа во Југоисточна Европа (симболичното паѓање на Берлинскиот ѕид и распадот на југословенската федерација), забележано е интензивно реактивирање на старите национални големи ложи кај поголемиот дел суверени држави во регионот. Во 1990-тите, евидентно беше дека Република Македонија е една од ретките држави во Европа каде што сé уште нема легитимно организирана форма на регуларна Слободнамасонерија. Постојат многу податоци за проминентни активни масони од Македонија (од крајот на 19 и 20 век), но факт е дека сите тие објективно биле дел од ложи што работеле под јурисдикција на бугарската, српската, романската Слободнамасонерија. Сложените „игри“ на нашата историја никогаш не создале услови за автохтона, самостојна организација.

Кон крајот на 1995 година, иницијалната група од осуммина го почна возбудливото „патување“ за остварување на возвишената цел - Голема ложа на Македонија (ГЛМ). По неколкуте „попатни станици“, забележани во нашите архиви, трпеливиот и конструктивен пристап заслужено нé однесе директно во срцето на интелектуалната или мисловна Слободнамасонерија - во Лондон. Во беспрекорна организација на мајката-ложа со најголем авторитет - Обединетата голема ложа на Англија (ОГЛА), дваесет и тројца од Македонија бевме регуларно иницирани во дванаесет лондонски ложи истовремено, во маркантната градба на „Фримасонс хол“ на Грејт Квин стрит. Исполнувајќи ги строгите правила за регуларност, во определен временски период, го заслуживме издигнувањето во највисокиот степен на мајстор-масон. Со согласност и одобрение на ОГЛА, основана е првата посебна ложа „Скопје“ во Македонија, во октомври 2000 година, и потоа уште две ложи - во февруари 2002-та и јуни 2003-та, со што се стекнаа формалните услови за можно регуларно осветување (консекрирање) на национална голема ложа.

Нашата дискретна и посветена работа беше највисоко признаена и наградена со тоа што по одобрение на големиот мајстор, војводата од Кент, ОГЛА ја консекрира и и даде „светлина“ на историски првата Регуларна голема ложа на Македонија на 30 септември 2005 година во Скопје.

Во последниве години многу работи се сменија, но општата конфузија на јавноста во врска со масонството - остана. Едни се сомничави, други не веруваат во неговото постоење, трети се класични жртви на теоријата на заговор со која редовно се поврзува движењето. Што е вистината?

- Слободнатамасонерија е најстара глобално распространета организација со секуларен, неполитички и добротворен карактер. Во современи услови, во демократските општества може да се дефинира како општествено движење со граѓанскоправен фундамент и легитимитет, чија движечка сила се филантропијата и хуманизмот. Со векови Слободнитемасони ги негуваат и следат трите свети начела на братска љубов, добродетелство и непрекинлива потрага за осознавање на вистината. Со официјализирањето на интелектуалната, мисловна Слободнамасонерија во далечната 1717 год., редот се профилира во езотерична форма на едукативен центар, каде што добри луѓе посветено работат на себеусовршување, негување, промовирање и надградување на универзалните хумани, морални, етички и духовни вредности. Начелата за еднаквост и инклузивност ја потврдуваат отвореноста за иницирање независно од религиозните, расните, политичките, социјалните и културните различности. Слободнитемасони со својот ангажман ја внесуваат „светлината“ во разумот, во толеранцијата, во слободата на мислата и совеста. Братството никогаш не наметнува заеднички ставови за прашања од профаното живеење, не етаблира догма и догматско покорување на една вистина и затоа овозможува заедништво и братско пријателство меѓу луѓе што поради своите различни филозофски, религиозни или политички убедувања веројатно би останале туѓинци на вечна дистанца и конфронтираност.

Поради ваквите принципи, Слободнатамасонерија била константно прогонувана, забранувана и насилно репресирана од повеќето религии, догматски идеологии и тоталитарни, диктаторски режими. Познато е дека како гласни придвижувачи на антимасонски изливи и кампањи неретко се и исклучени или отфрлени масони, кои заскитале во организацијата, па разочарани и бесни од својот избор, врз основа на некои стекнати сознанија, полуинформации и полувистини, решиле на светот да му ја откријат „вистината“ за ова „тајно и моќно заговорничко братство“!?

Ако тоа не задира во тајните на здружението, колкава е македонската ложа?

- Гледајќи со диоптријата на 21 век можеме да констатираме дека во изминатите три столетија (особено на европскиот и на американскиот континент) слободномасонското братство ги привлекувало и здружувало водачите, односно дел од најпрогресивниот слободномислечки човечки потенцијал. На извонредно долгите листи со имиња на проминентни Слободнимасони, без сомнение, се поголем дел од лидерите во општеството во определен историски период - во науката, уметноста, политиката, бизнисот, хуманоста...

Водачите, генерално, имаат големо влијание во социјалните средини, кое Слободнатамасонерија не го дефинира како моќ, туку како заслужен и респектиран авторитет. Луѓето со потврден интегритет и авторитет мора да бидат постојано свесни за својата голема одговорност кон сите околу нив што ги респектираат и им веруваат. Затоа значајно е да се сфати дека влијателноста на Слободнатамасонерија се базира и потврдува во јавноста, главно, преку индивидуалниот, поединечен квалитет и авторитет на секој Слободенмасон. Всушност, авторитетот на индивидуалниот член суштински го прави позитивното влијание во континуитет и предизвикува промени во општеството, а не Слободнатамасонерија како организација.

И нашата, релативно млада Слободнамасонерија во Македонија не е исклучок. Не форсираме квантитет за да импресионираме со бројност на членството, туку приоритет е градење и обликување квалитетна Слободнамасонерија, која духовно нé исполнува, претставува позитивен пример во државата и организација што во континуитет ќе остане рамноправен и авторитетен член на светската фамилија на суверени регуларни големи ложи.

Како тоа може да го унапреди животот во време кога со модерниот свет владеат други принципи - доминација, лицемерство и двојни аршини?

- Тоа прашање многу често и самиот си го поставувам, заплиснат од мноштвото примери на драматична ерозија на базичните хумани вредности и човечки признавам дека имам моменти на слабост, краткотрајна збунетост и дезориентираност. Но, исто така, искрено можам да ви кажам дека сум среќен што тоа се само моменти, пред сé, благодарение на учењето што во континуитет ги споделувам со моите браќа Слободнимасони. Тоа што ги издвојува Слободнитемасони од профаноста е нивната вековно непрекината традиција за трпелива и посветена работа на себеосознавање и себеусовршување, но не индивидуално изолирани, туку во рамките на еден чудесно интегриран ред, каде што слободно креираш и разменуваш позитивна енергија со другите, различни од тебе, интелектуално се вложуваш, но и многу добиваш. Темелните хумани принципи и системот на етички, морални вредности секако не и припаѓаат и не се ексклузивно право исклучиво на Слободнатамасонерија. Но јас и не познавам друга глобално организирана, секуларна и искрено инклузивна форма што со вековен континуитет со доследна посветеност и ентузијазам ја негува, чува и обновува „светлината“ на чистата човекова душа.

Какво е местото на Македонија, која е мала држава, во тој свет на големи играчи?

- Универзалната, глобална поставеност на Слободнатамасонерија никако не значи дека се работи за единствена светска организација со некакво мистично и бескрајно влијателно, централизирано хиерархиско управување. Организациски, највисоко управувачко тело кај регуларната Слободнамасонерија е Големата ложа. Регуларните големи ложи имаат целосен легитимитет, неприкосновен суверенитет и независност. Во интернационалната комуникација тие билатерално разменуваат формално признавање и прифаќање на меѓусебниот авторитет и јурисдикција, воспоставувајќи формални односи и комуникација на целосно рамноправно ниво, каде што нема диференцијација на помалку или повеќе „вредни“ големи ложи.

Од таму, ниту „големината“ на нашата држава, ниту, пак, релативната младост на Големата ложа на Македонија не претставуваат некаков ограничувачки фактор на интернационалната слободномасонска сцена. Сосема спротивно, без лажна скромност, можам да ви потврдам дека веќе денес ГЛМ има остварено формално меѓусебно „признавање“ со повеќе од 90 меинстрим-национални регуларни големи ложи во светот, заслужувајќи забележлив авторитет и респект.

Како се случи во модерната историја на масонството Македонија да биде првата држава што ќе ја добие, како што се вели со терминологијата на редот, светлината директно од највлијателната - британската ложа?

- Провокативноста на ова прашање сé уште со ненамален интензитет предизвикува позитивен интерес, особено кај европската Слободнамасонерија. Факт е дека суверените национални регуларни големи ложи се рамноправни, но факт е и дека неформално ОГЛА, која го симболизира светскиот почеток на шпекулативната, мисловна слободна масонерија (1717 год.) има највисок респект и авторитет како „Мајка ложа“. Доколку на тоа се додаде и податокот дека во текот на 20 век таа ниеднаш не била директно вклучена во церемонија за консекрирање и давање светлина на нова голема ложа, туку тоа им го препуштала на другите регуларни големи ложи, тогаш станува сосема јасна логичноста на прашањето - што беше толку специфично, што беше пресудно за одлуката директно да се поддржи и спроведе основањето на првата Голема ложа на Македонија!?

Финалето на оваа безрезервна поддршка и менторство се одржа на 30 септември 2005 година во Скопје на свечена инаугурација на Големата ложа на Македонија.
 

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
9.029
Поени од реакции
7.624
Дали денес во Македонија постојат и други слободнимасонски групи!?

- Знам дека во последниве неколку години во нашата држава постои и работи слободномасонска организираност, која и припаѓа на втората по големина, легитимна Обединенција - Големиот Ориент на Франција. Тоа е одвоена или посебна слободномасонска Обединенција, која како резултат на неколку „суштински“ разлики во применувањето на древните принципи и правила, некаде во 1877 год. ги загубила регуларноста и признавањето и продолжила паралелно да функционира. Лично, имам целосен респект за слободата и легитимноста на нивната одлука, а со некои од браќата во Македонија одржувам одлични неформални, човечки релации - но регуларната Голема ложа на Македонија нема никакви формални релации и сé уште никаква можност за формална слободномасонска комуникација со Големиот Ориент.

Од друга страна, пак, од сосема непроверени извори, до мене пристигнуваат и некои информации, можеби целосно или делумно шпекулативни, кои говорат за формирање други групации што себеси се нарекуваат „масонски ложи“, глумејќи слободномасонска регуларност. Ова, всушност, и не би било ништо чудно или сосема ново зашто во светот (особено во нашиот регион) е евидентирано краткотрајно постоење на некакви здруженија што себеси се нарекуваат „масонски организации“ или квазимасонски структури, вообичаено групирани за остварување на некои лукративни, бизнис или политички цели. Доколку направиме некоја симплифицирана паралела со профаниот живот, замислете ако една група луѓе, добри пријатели што добро играат фудбал, меѓу себе се договараат и одлучуваат да формираат тим што самите си го нарекуваат национална фудбалска репрезентација!

Постои ли масонско решение за нерешлива ситуација со името?

- Во интернационалните односи ние сме официјално признаени и прифатени, со целосен суверенитет и со прецизно формулирано име - Голема ложа на Македонија; без забелешка ни се одобрени самостојно уредување и работење во согласност со нашата конституција; првпат во историјата на Слободнатамасонерија ритуалот во три степени, ученички, помошнички и степенот на мајстор-масон, е преведен на македонски јазик и работењето во „Отворена ложа“ се одвива на македонски јазик! Ова е скромен, но и посебен извонредно значаен придонес на Слободнитемасони од Македонија за својата држава.

Сите конституции на регуларните големи ложи забрануваат секакви дискусии за религиозни и политички прашања во слободномасонското работење. Од таму, колку и да изгледа оправдано тоа по определени прашања, регуларната слободномасонска организација - НЕ расправа, НЕ формулира и НЕ соопштува официјални „заеднички“ ставови или препораки за теми што се надвор од конституцијата на Големата ложа. Поединечно Слободнитемасони ги вложуваат сиот индивидуален кредибилитет и професионален капацитет промовирајќи и поддржувајќи ја Република Македонија во заложбите за исполнување на стратегиските цели.

извор

Aј да видиме што ќе поможат овие или само овај живко е изгорен за сензација и популарност
 

spaso

Discover the ultimate in relaxed romance with the
Член од
5 септември 2008
Мислења
2.746
Поени од реакции
779
Марш да не ги гледам од државата , порака до масоните ........ чувајте се од доаѓањето на новиот РУСКИ Цар сите ке ве среди до еден нема да постоите клетници и крлжи ..... ЗНАЈТЕ ДЕКА БОГ ПАК КЕ СЛЕЗИ ни Маетреја нема да ве спаси ниту никој , ние правилните ортодокси ке застанеме еден ден цврсто против вас и да изгинеме и да не уништите сите до еден нема да ви се плашиме .....
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Марш да не ги гледам од државата , порака до масоните ........ чувајте се од доаѓањето на новиот РУСКИ Цар сите ке ве среди до еден нема да постоите клетници и крлжи ..... ЗНАЈТЕ ДЕКА БОГ ПАК КЕ СЛЕЗИ ни Маетреја нема да ве спаси ниту никој , ние правилните ортодокси ке застанеме еден ден цврсто против вас и да изгинеме и да не уништите сите до еден нема да ви се плашиме .....
Смири живци. Има членови на масоните на форумов, внимавај со навредите.
 

spaso

Discover the ultimate in relaxed romance with the
Член од
5 септември 2008
Мислења
2.746
Поени од реакции
779
Смири живци. Има членови на масоните на форумов, внимавај со навредите.

Ма сите би ги стрелал во една соба како што ги стрелаа на РОМАНОВИ , нека знаат овде слугите на израил дека еден ден ке се каат што се имаат родено , јас не сум ништо , јас сум само освестена личност кој знае што се овие луѓе !

поздрав и покајте се !

Ја уништија верата во рускиот народ , ја уништија земјата која денес ке и парираше на нивната а тоа беше царска Русија , сакам иста судбина да ги снајде овие слуги на израил , земјата ја уништивте скотови едни , БОГ е голем и ке ви врати сега вие само во вашите мисли уживате но тоа е само миг , тоа што им го направивте на РОМАНОВИ многу скапо ке ве кошта , сите до еден ке горите заедно со вашиот сакан несакам и името да му го спомнам израил намерно го пишувам со мали букви !
 
Член од
4 јули 2008
Мислења
6.134
Поени од реакции
1.896
Ма сите би ги стрелал во една соба како што ги стрелаа на РОМАНОВИ , нека знаат овде слугите на израил дека еден ден ке се каат што се имаат родено , јас не сум ништо , јас сум само освестена личност кој знае што се овие луѓе !

поздрав и покајте се !

Ја уништија верата во рускиот народ , ја уништија земјата која денес ке и парираше на нивната а тоа беше царска Русија , сакам иста судбина да ги снајде овие слуги на израил , земјата ја уништивте скотови едни , БОГ е голем и ке ви врати сега вие само во вашите мисли уживате но тоа е само миг , тоа што им го направивте на РОМАНОВИ многу скапо ке ве кошта , сите до еден ке горите заедно со вашиот сакан несакам и името да му го спомнам израил намерно го пишувам со мали букви !
Ако таа царска Русија била толку моќна тогаш немало да биде растурена од масоните.На крај на краиштата послабиот губи :kez:.И имај малце почит спрема масоните да не беа тие сега ќе живеевме исто како во среден век.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom