Откако пред неколку дена ја прочешлав цела тема конечно се решив и да ја искоментирам.
Па заклучив дека има голема неинформираност кај некои. Други или ништо не знаат или не сакаат да споделат со нас ништо на темава. Трети ќе пуштат водичка и ќе ги снема.
Но затоа тука се појави ѕидарски кој ја дотера темава до овие 158 страни со силна желба да објасни се што знае или што мисли дека треба да се каже. Е сега може да е навистина масон, може да масон потрчко или само добро информиран но од едната страна, но како да е сметам дека има допир со масонеријата но каков не сум најсигурен.
Па според неговите постови човек ќе заклучи дека масонериите пред се се` премногу добри личности, толку доби што не би згазнале ни на мравка а и преголеми верници што е еден и од условите да си масон. Што значи дека имаат голеа врска со Папата т.е Ватикан и со Вселенскиот Патријарх, или тие се лично масони или контролирани од нив, ќе да е е едно од двете. Масон може да биде секој но пожелно е да си многу богат. Па масоните се едни од најбогатите во светот, ги има меѓу светските лидери што укажува дека имаат врска со контролата на движење на светот. Но по се тј свет им избегал од раце изгледа оти хаос е или пак на нив им одговара да е хаос. Повеќе ги има на западот, а истокот и не им е толку омилен. Бидејќи се имат едни со други се големи бизнисмени и политичари не дозволуваат некој од нив да пропадне или да му се случи нешто лошо, па дури и за време на војна иако од непријателски држави масоните не се допраат. Изгледа си имаат свои омилени држави па таму најмногу вложуваат. Тајни за масоните нема, се што треба да знае, па сите теории на заговор кои ги создал народот поради некоја измислица или пореди некое добро истражување се лага. Исто така многу светски јаки бизнисмени и политичари за кои сите сметаат дека се масони, уствари не се. Многу работи за кои се смета дека масоните ги прават уствари не ги прават. Па тие се само организација која си помага меѓусебно, а исто така помага и на држави кои смета дека треба да помогне.
За Македонија и македонските масони се гледа дека не е информиран затоа што или ќе те упати на сајтот на ГЛМ или па сите други прашања и подбуцнувања успешно ги одбегна.
А тие што знаат ништо не сакаат повеќе да кажат.
Е сега ова со масоните и ѕидарски ти носи размислување или работата е навистина каква што кажува или па тој е приклучен на најмасовните македонски форуми за да ја врати назад работата која излегла од контрола. По мое ова второто. Оти повеќето од народов се поинакви информации има од него за масоните, а тие сакаат да се знае за нив толку колку што тие ќе одлучат или мислат дека одлучиле. Немам ништо против него, напротив секоја му чест за упорноста. По се изгледа дека масоните не се мистерија никаде освен во Македонија.
Засега толку од мојата кратка анализа на темава. :salut: