Масони

Член од
28 август 2008
Мислења
2.321
Поени од реакции
538
Ti Blagodaram zidarski. Dali Muslimani vo Makedonija ima Masoni ? Ne te prasuvam za nivni iminja,,,
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Абе ДушоВселенска дај постави ги сите прашања во еден пост :)
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.545
Еве еден изблик на масонска љубов кон оние од друга раса. Michael Richards (33-степен, Scottish Rite) во сета своја масонска доблест на сцена. Милина една.


 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
263
Поени од реакции
34
Еве еден изблик на масонска љубов кон оние од друга раса. Michael Richards (33-степен, Scottish Rite) во сета своја масонска доблест на сцена. Милина една.


Сигурен сум дека типот е барем 36-37ми степен не може со толкава негативна енергија да е само 33ти.
Глупост невидена....
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.545
И тој е масон?
Еве му го извинувањето отпосле дадено на тв.
Да, масон е. Како што напишав, "витез" од Шкотскиот ред -- турбо модел (33-ка) за разлика од неговиот брат (исто таков "витез", ама 32-ка) кој на форумов се заџилита без никакви аргументи. Масонскиот статус и изблик на Michаеl Richards е коментиран на редица масонски сајтови. Се` ова може многу лесно се` провери. Треба само малку трпение и писменост.

После 150-тина страни тиради (а богами и врескања со големи букви и серии извичници) за наоѓање светлини, морални критериуми, како се стигнувало до 33-ти степени, итд. добро е да се погледаат некои од резултатите од блескавиот масонскиот растеж во Шкотскиот ред, особено толеранцијата и љубовта која блика од посочениот пример.

Масоните се супер дискретни кога треба да заташкаат идиотштини од ваков тип, криминал, итн. Махери се за покривање валкан веш. Сепак, како што видовме и на видеото, не се баш сите масони рафинирани. Некои од земјоделските масонски ликови (како масонот 32ка на форумов) избираат порурален пристап.
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
Откако пред неколку дена ја прочешлав цела тема конечно се решив и да ја искоментирам.
Па заклучив дека има голема неинформираност кај некои. Други или ништо не знаат или не сакаат да споделат со нас ништо на темава. Трети ќе пуштат водичка и ќе ги снема.
Но затоа тука се појави ѕидарски кој ја дотера темава до овие 158 страни со силна желба да објасни се што знае или што мисли дека треба да се каже. Е сега може да е навистина масон, може да масон потрчко или само добро информиран но од едната страна, но како да е сметам дека има допир со масонеријата но каков не сум најсигурен.
Па според неговите постови човек ќе заклучи дека масонериите пред се се` премногу добри личности, толку доби што не би згазнале ни на мравка а и преголеми верници што е еден и од условите да си масон. Што значи дека имаат голеа врска со Папата т.е Ватикан и со Вселенскиот Патријарх, или тие се лично масони или контролирани од нив, ќе да е е едно од двете. Масон може да биде секој но пожелно е да си многу богат. Па масоните се едни од најбогатите во светот, ги има меѓу светските лидери што укажува дека имаат врска со контролата на движење на светот. Но по се тј свет им избегал од раце изгледа оти хаос е или пак на нив им одговара да е хаос. Повеќе ги има на западот, а истокот и не им е толку омилен. Бидејќи се имат едни со други се големи бизнисмени и политичари не дозволуваат некој од нив да пропадне или да му се случи нешто лошо, па дури и за време на војна иако од непријателски држави масоните не се допраат. Изгледа си имаат свои омилени држави па таму најмногу вложуваат. Тајни за масоните нема, се што треба да знае, па сите теории на заговор кои ги создал народот поради некоја измислица или пореди некое добро истражување се лага. Исто така многу светски јаки бизнисмени и политичари за кои сите сметаат дека се масони, уствари не се. Многу работи за кои се смета дека масоните ги прават уствари не ги прават. Па тие се само организација која си помага меѓусебно, а исто така помага и на држави кои смета дека треба да помогне.
За Македонија и македонските масони се гледа дека не е информиран затоа што или ќе те упати на сајтот на ГЛМ или па сите други прашања и подбуцнувања успешно ги одбегна.
А тие што знаат ништо не сакаат повеќе да кажат.
Е сега ова со масоните и ѕидарски ти носи размислување или работата е навистина каква што кажува или па тој е приклучен на најмасовните македонски форуми за да ја врати назад работата која излегла од контрола. По мое ова второто. Оти повеќето од народов се поинакви информации има од него за масоните, а тие сакаат да се знае за нив толку колку што тие ќе одлучат или мислат дека одлучиле. Немам ништо против него, напротив секоја му чест за упорноста. По се изгледа дека масоните не се мистерија никаде освен во Македонија.

Засега толку од мојата кратка анализа на темава. :salut:
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
263
Поени од реакции
34
И тој е масон?
Еве му го извинувањето отпосле дадено на тв.
Искрено не знам од каде излезе тврдењето дека овој расист е масон? Дури и под претпоставка дека е јас лично ке кажам дека на личност со вакви погледи не и е местото во масонеријата оти како истиот ке може да седи рамо до рамо со друг брат црнец,или со жолта боја на кожата и сл.Несватливо е ....оти масонеријата го прави добриор човек уште подобар!!!! и ова лично единствено би можел да го сватам ако е дело од некаква драма,глума и сл.изведување на некаква си умоболна пиеса...Јас веќе неколкупати реков дека лошите дела на индивидуални масони се припишуваат на сите масони а ова (доколку типот е навистина масон а јас не најдов докази за тоа) е класичен пример за тоа.
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.545
Искрено не знам од каде излезе тврдењето дека овој расист е масон? Дури и под претпоставка дека е јас лично ке кажам дека на личност со вакви погледи не и е местото во масонеријата оти како истиот ке може да седи рамо до рамо со друг брат црнец,или со жолта боја на кожата и сл.Несватливо е ....оти масонеријата го прави добриор човек уште подобар!!!! и ова лично единствено би можел да го сватам ако е дело од некаква драма,глума и сл.изведување на некаква си умоболна пиеса...Јас веќе неколкупати реков дека лошите дела на индивидуални масони се припишуваат на сите масони а ова (доколку типот е навистина масон а јас не најдов докази за тоа) е класичен пример за тоа.
Па стај се на Гугл и пробај малце да дознаеш нешто за овој твој брат од Шкотскиот ред. Наместо да делиш лекции како треба да се проверуваат информациите и да редиш извичници како станувате од добри подобри. Можеби ќе се подосвестиш дека вакви ултрарасистички морони се твои братчиња масони.
 
Член од
3 декември 2008
Мислења
66
Поени од реакции
4
"Хирамовиот клуч-фараоните, масонството и тајните ракописи на Исус" од Кристофер Најт и Роберт Ломас

Се работи за одлична книга од која може да се научат многу работи за масоните и нивните ритуали.
 

El Bohemio

Silver Gate
Член од
6 јули 2009
Мислења
1.058
Поени од реакции
943
Искрено не знам од каде излезе тврдењето дека овој расист е масон?
Најверојатно тврдењето е излезено од Wikipedia каде пишува : "Richards is a Freemason and also a 33° member of the Scottish Rite. He has been very active in preservation of Masonic research."
http://en.wikipedia.org/wiki/Michael_Richards#Personal_life


Но ме интересира како тој не е санкциониран и сеуште е масон...
Јас веќе неколкупати реков дека лошите дела на индивидуални масони се припишуваат на сите масони а ова (доколку типот е навистина масон а јас не најдов докази за тоа) е класичен пример за тоа.
Па се препишуваат бидејќи е сеуште активен во масонеријата(ако е), но доколку биде избркан, малку поинаку ќе се гледа на некои работи.


 

Kajgana Shop

На врв Bottom