ШАМПИОНОТ БАРА ЗАСИЛУВАЊЕ НА БЕКОВСКАТА ПОЗИЦИЈА
Фени Индустри во преговори со Мираковски
По крајот на љубовта со АГО Ретимно, многу лесно може да се случи Димитар Мираковски да биде нов играч на Фени Индустри.
На денот, односно по враќањето од Варна, раководството на македонскиот шампион ги "отворило" преговорите за ангажман на слободниот репрезентативен бек.
"Немам што да кријам. Разговарав со луѓето од Фени Индустри. Беа доста конкретни. Ми понудија договор за соработка, за овие услови доста поволен. Но, од нив побарав неколку дена за размислување. Пред с$ од причина што моја намера, односно приоритет е да играм 'надвор', и затоа што чекам разврска на преговорите кои ги води мојата менаџерска агенција"- вели Мираковски.
Со оглед на пропозициите на КФМ, како "повратник од странство" Мираковски нема проблем околу добивањето играчка лиценца за настап во домашното првенство, доколку биде пријавен заклучно со 27 февруари.
Со оглед на задоцнетиот термин, Мираковски нема да има право на настап во Балканската лига, секако под услов да потпише договор со екипата на Фени Индустри.
Б. Радуловиќ
Originalna strana:
http://sport.com.mk/?ItemID=A3B594709C0A28488CED07175E53E8D9