ФЕНИ ИНДУСТРИ ГО "ИСТОПИ" РАДНИЧКИ
Челична одбрана - правев втора фаза!
ФЕНИ ИНДУСТРИ - РАДНИЧКИ 034 ГРУПА 92:60
(27-15; 25-12; 19-15; 21-18)
Сала "Јасмин" - Кавадарци. Гледачи: 1.500. Судии: Кукулекидис-Битис-Фуфис - сите од Грција. Делегат: Пиперков - Македонија
Играч п 3п 2п 1п ск. ас. мин. Играч п 3п 2п 1п ск. ас. мин.
Ангелов - - - - - - - ПЕШИЌ 13 3/4 2/3 0/0 1 0 27:01
ПРЕКОВИЌ 9 1/5 2/2 2/2 1 2 20:00 ВУЧИЧЕВИЌ 5 1/4 1/6 0/0 3 2 20:07
Соколов 1 0/4 0/4 1/2 2 2 20:38 БЕАДЕР 8 0/3 4/8 0/0 6 1 31:21
БРАУН 8 0/0 2/4 4/5 2 4 27:47 МИЛОШЕВИЌ 10 2/5 2/2 0/0 3 0 22:47
КОЛ 18 0/3 8/8 2/2 14 0 25:49 Танасковиќ 2 0/0 1/1 0/0 3 0 06:06
Чековски 13 0/0 4/7 5/7 7 1 19:28 Милиќ 2 0/1 1/1 0/0 0 0 08:26
Крстев - - - - - - - ЈЕФТИЌ 6 0/2 3/5 0/1 6 0 25:29
ГОЦЕВСКИ 16 0/1 6/9 4/5 7 1 24:45 Дувњак 0 0/0 0/0 0/0 0 0 00:00
Ѓуров 13 1/2 4/4 2/4 4 2 20:00 М. Павловиќ 4 0/1 2/7 0/2 3 1 19:20
Баснарков 0 0/0 0/0 0/0 1 0 00:49 Н. Павловиќ 8 1/1 2/3 1/2 3 1 17:14
Михајловски 2 0/0 1/2 0/0 4 0 09:49 Кљајевиќ 2 0/1 1/2 0/0 1 0 06:15
САМАРЏИЕВ 12 1/5 3/3 3/4 3 5 30:46 Благојевиќ 0 0/1 0/0 0/0 2 0 07:54
Вкупно: 92 3/20 30/42 23/31 45 18 200 Вкупно: 60 7/23 19/39 1/5 31 5 200
Кошаркарите на Фени Индустри ќе презимат и на врвот во својата група во Еврохолд БИБЛ лигата. "Причината" за тоа е победата над Раднички 034 група од Крагујевац со убедливи (92:60), четврта во пет натпревари, која ги остава кавадарчани на првото место (заедно со Свисслион Таково).
Сем тоа, со овој убедлив триумф, 'портокаловите" ширум си ги отворија вратите од ? четвртфиналето во ова балканско натпреварување.
Младиот состав на Раднички, во Кавадарци допатува без тројца стандардни првотимци, но и без тоа "оправдување",, беа лесен залак за македонскиот шампион.
Средбата започна со водство од 9:0 за Фени И, по што кавадарчани рутински ја одржуваа оваа предност. По првите 10 минути имаа + 12 (27:15).
Вториот период започна со една тројка на крагуевчани, но следуваше една фантастична серија на Фени индустри од дури 20:0 за (47:18), или за убедливи +25 на полувремето (52:27).
Во она второто, Фени Индустри не го смени ритмот, напротив ја качи разликата на + 30 ( во 24 минута), кога беше (59:29).
Раднички се обиде со серија од 8:0 во траење пд две минути но само да ја намали убедливата предност на противникот.
Меѓутоа одбраната на кавадарчани делуваше како швајцарски часовник.Кој и да се најдеше на паркетот, го даваше максимумот и точно знаеше што,каде и како треба да одигра, едноставно како по ноти.
Во последните 10 минути Фени Индустри беше решен да го дотолчи противникот, па по серијата од 15:4 во 35 минута беше и (86:46), кога стана јасно кој е вистинскиот господар на паркетот во салата "Јасмин" и тоа во она вистински смисол на зборот.
Без потценување, без омаловажување, но и без трошка милост кавадарчани како да сакаа да им покажат на пријателите од Србија дека тие сепак се шампиони на Македонија и во моментов многу поквалитетен противник.
Под обрачите царуваа, пред се, Доналд Кол заедно со Чековски и Гоцевски. Во одбраната пак Ѓуров,Прековиќ и Браун ги излудуваа противниците.
Или со други зборови, Фени Индустри беше колектив на највисоко можно ниво кој му одржа вистинска лекција на противникот не само по тимската одбрана туку и по колективна игра во нападот.