Културен пост, културен одговор
Ај едно по едно да ти одговорам. Скопје е станато селско скопје, токму поради тие што ги кажа што имаат куќи до тебе. Политиката на земјата е таква каква што е и наместо да се грижи за децентрализирана економија, ја концентрираше во еден град, на сметка на другите. Многу градови, ако Пробиштип, Берово, Крушево, Дебар, Штип, Кочани се пред изумирање токму поради нивната преселба, кој во Скопје, кој на печалба во странство. Прав сум?
Јас лично не ги делам луѓето од каде се, туку што се. Имам другари од Штип, Кочани, Битола, Струмица, Охрид, Кавадарци, Кичево, Берово, Куманово, Македонски Брод и од други градови, не ми текнува сега и со сите стојам добро и сите си ги поштувам многу. Е сега, Кавадарци е град така, град кој е помал 2 пати од населба Аеродром (не зборувам за општина) град во кој голем број граѓани егзистираат од земјоделството. Многу ми е несфатливо комшија, роднина, па можеби и некој лично, како вашиот Зизи (секоја чест не се срами од нивата, за разлика од некои тука) кажува за Аеродром, Центар и Карпош сељаци или одете на нива. Тоа сакам да си го расчистам, дали е некој комплекс на пониска вредонст кој се јавува кај одредени личности, или па незнам што друго. Кога ќе го расчистам тоа со себе, нема да ви реплицирам воопшто на тоа кога ке кажете за нас сељаци.
Друга работа, викаш од 300 ку*а дете. Кажи ми каде има поголема веројатност за инцест, во град од 700.000 или во град од 30.000?
Дојден сум тука да се забавувам, и неможам да гледам кога вашите неинтелегентни сограѓани на културен ремет, на муабет кој иде на заебанција, почнуваат да пцујат. И тие 3 поста што сум ги пријавил, не биле пцовка или навреда кон мене, мене лично ретко можете да ме навредите, на пцовки не се вреѓам, а културно да ме изреметите со вакви индивидуи како што ги има на форумов, твои сограѓани, и самиот знаеш дека е скоро и неизводливо.
Пак ке кажам, на културен пост, културно враќам, некогаш удирам и на заебанција, а навреди верувај, читај наназад 2 години ќе видиш дали од мене произлегуваат или се само мој одговор на нечија немоќ да возврати на моите изнесени факти со факти.
Банда, биди ми поздравен