Утре на Сител 3 Работнички ќе го пренесувале.
јас пак разбрав дека на сител 3 ке го пренесувале фени,ама по што работнички играе во гратски парк тешко дека ке го пренесуваат фени.еве што писшува на сител сајтот
КОШАРКА - БАЛКАНСКА РЕГИОНАЛНА КОШАРКАРСКА ЛИГА
Екипите на Фени Индустри и Работнички Ф. во среда стартуваат со настап во регионалната кошаркарска Балканска Лига.
Кавадарчани гостуваат во Крагуевац, на тимот на Раднички, додека Шпедитерите првиот натпревар го играат пред домашната публика, во Градски Парк, каде доаѓа тимот на Динамо Букурешт.
10.екипи поделени во 2.групи, а потоа плеј-оф рунда се до завршниот Фајнал 4 турнир, е системот по кој ќе се играат натпреварите во првата сезона на регионалната БИБЛ лига.
Покрај нашите преставници Фени Индустри и Работнички Ф. во ова натпреварување ќе настапуваат и екипи од Србија, Бугарија и Романија.
Кавадарчани ќе играат во групата А, заедно со Србските Раднички и Свислајон, романскиот Брашов и Черно Море од Бугарија.
Работнички Ф. пак ќе настапи во групата Б, заедно со Бугарските екипи Левски и Рилски, Мега Хипо од Белград и првиот противник, Динамо од Букурешт.