ЕМИЛ РАЈКОВИЌ РЕАГИРА НА ОДЛУКАТА НА ЗДРУЖЕНИЕТО НА ПРВОЛИГАШИТЕ
Катастрофа!
Шефот на стручниот штаб на актуелниот шампион, Фени Индустри, Емил Рајковиќ, не може да прифати една одлука, на само два дена пред почетокот на сезоната првото коло да се одложи за една седмица.
"Па каде го има тоа, би прашал? Ма навистина сме катастрофа. Кој н$ прашува нас, тренерите, да види што е и како е. С$ можеме да очекуваме, ама не и вакви работи, без разлика која и да била причината за една ваква ступидна одлука"- вели Емил Рајковиќ.
Со право реагира младиот тренер ако се знае дека Фени Индусти се подготвуваше за големото дерби в сабота против Фершпед Работнички, што ќе беше и своевидна проверка за мак-шампионот пред "излезот" во БИБЛ лигата.
"Ја темпиравме формата за сабота, се подготвувавме за Работнички. Сега, по сета оваа бесмислица, мораме директно да одиме на подготовка на средбата со Раднички во Крагујевац. Место да ни помогнат, нам и на другите кои играат во Европа, н$ враќаат назад. Да работиме с$ одново, тоа не оди така, и еднаш мора да се стави крај на една ваква работа, која преминува во пракса. Да се менува нешто на два дена пред почетокот е навистина неразбирливо и треба да му се стави крај" - смета Рајковиќ
Во право е човекот ова КФМ што го праве е срамота да му ебам тоа селаците.