Масони

Член од
19 август 2008
Мислења
848
Поени од реакции
130
a dali mozat da gi raspoznaat znacite na masonite...:salut:
Не - знаците се чуваат во тајност.
Знам дека звучи лошо самата идеја дека имаш некаква тајна што ја криеш од сопругата - но токму затоа, мора да имаш нејзина дозвола за да можеш да се зачлениш.
 
Член од
12 април 2009
Мислења
41
Поени од реакции
2

А ако си се зачленил пред да се ожениш, од кого тогаш ќе бараш дозвола? ;)
 
Член од
19 август 2008
Мислења
848
Поени од реакции
130
А ако си се зачленил пред да се ожениш, од кого тогаш ќе бараш дозвола? ;)
Доколку не си женет, реално, не ти треба дозвола од никого.
Но - доколку имаш сериозна врска, која може да премине во брак, се препорачува да се консултираш со партнерката претходно, затоа што подоцна може да ти направи проблеми во врската.
Дури и да си член веќе, доколку сопругата има било каков проблем со тоа - треба да ја напуштиш ложата или да го "замрзнеш" своето членство.
 
moof KOOZ tee

Mystis
Член од
26 ноември 2008
Мислења
361
Поени од реакции
63
Зошто жените не можат да бидат масони?
Ако веќе е одговорено, само линк е доволно, да не ги листам сите страни бидејќи се многу.
 
Незнам зошто јас повеќе мислам дека треба да ја прашам својата сопствена воља, а партнерот треба да го почитува тоа исто како што и јас ги почитувам сите нејзини доблести. ;)
 
Член од
19 август 2008
Мислења
848
Поени од реакции
130
Зошто жените не можат да бидат масони?
Ако веќе е одговорено, само линк е доволно, да не ги листам сите страни бидејќи се многу.
Имам одговорено на ова, ама не можам да најдам каде е точно низ форумов...
Пред се, заради традиција и заради тоа што таканаречените Ancient Charges, така налагаат. Масонството држи на таа традиција. Може и да навлеземе во езотеричка дискусија, но таа е индивидуална за секого, и нема објективна важност.
Ништо против жените, ниту пак има мислење дека не се способни да бидат масони, ниту пак има било каков понижувачки однос. Напротив - жената е многу почитувана и речиси при сите официјални вечери и собири, се упатува благодарност и се оддава почит до сопругите.
Сепак - масонството е братство. Такво треба и да остане.

Незнам зошто јас повеќе мислам дека треба да ја прашам својата сопствена воља, а партнерот треба да го почитува тоа исто како што и јас ги почитувам сите нејзини доблести. ;)
Човек мора првин да ја праша сопствената воља. Но, дали партнерот ќе го почитува тоа или не - е нешто што е работа само на двајцата партнери. Доколку постои таков проблем, партнерите треба да си го решаваат еден со друг, а ложата не смее да биде вмешана, ниту да биде причина за било каков раздор во семејството.
 
Член од
27 октомври 2008
Мислења
1.680
Поени од реакции
266
Членството е слободно за мажи (од сите вероисповести) кои го почитуваат законот, да имаат добар карактер и да ја потврдат вербата во Бога. Масонеријата е мулти-расна и мултикултурна организација. Таа има привлечено добронамерни луѓе од сите сектори на општеството за свои членови. Во светот постојат слични масонски организации за жени. Ние се придржуваме до традицијата во масонските организации да се примаат само мажи. Без оглед на тоа, масоните високо, со посебни морални скрупоули, ги почитуват припадничките на понежниот пол. Постојат правила за почитување и заштита на жената и ќерките на братот масон. Посебен однос и уважување се покажува кон вдовиците на други масони. Како што другиот масон се смета за брат, така неговата сопруга се смета за сестра.
 
Член од
12 јуни 2006
Мислења
232
Поени од реакции
31

Ah,...
Super se toa Masonite,...
Imate bezbroj primeri kako oni ne lazat, ne kradat, nesi gi varaat zenite... ne ubivaat...
Ko na primer Josip Broz - Tito, (nekolku zeni i mnogu svaljerki...) Zivko Gruevski - MAT,(na koj vo MAT mu rabotea eden kup luge za bez pari so godini...) valjda majstor na makedonska loza, i kupceto vo makedonskata loza, pa Marks i Englez.... Aj nemoj tie finti na decava da gi prodavate, po forumi, ko da ne ve znaeme, samo GENERAL PINOCE za vas bese lekot....
 
Член од
11 април 2009
Мислења
87
Поени од реакции
5
Прашање до нашите масони на форумот.
Вака:
На форумот често се случува масонеријата да биде напѓана и пвразувана со разно разни лоши работи,и тие што ги наведуваат секогаш се без докази па така да нивните напѓана према масонеријата не се потркрепени со факти и ги прави не веродостојни.(а од друга страна нашите масони на форумот се држаат до таа теза се да се поткрепи со факти).

Е вака моето прашање е вака
Ако масонеријта е толку добра за поединецот зошто целата популација на земјата не се занимава со масонеријата ,туку напротив нините членови се пробираат и масонското учење се чува во таност.
Дали нашите масонски брака толку се себични па сакаат добротота да ја сочуваат само за себе и да бидат поразлични од другите жители на земјата.
ако може малку со факти да се поткерпи оваа мое прашање,и фактите да држат вода.

П.С. ке ве молам одговрот да не биде во стил
дека масонеријата е право на избор на поединецот,бидејки сите добри луге на нашата планета не се запознаени ни со поимот масон ни со масонерија,а сепак се добри луге и грагани на едно општество,и зашто тие луге им е ускратено да бидат подобри луге како масоните.
 
Член од
19 август 2008
Мислења
848
Поени од реакции
130
Многу интересно прашање... ќе се обидам да одговорам.
Ако масонеријта е толку добра за поединецот зошто целата популација на земјата не се занимава со масонеријата ,туку напротив нините членови се пробираат и масонското учење се чува во таност.
Дали мислиш дека целата популација на земјата е заинтересирана воопшто за нешто добро? Религиски пример ќе ти дадам - Исус се жртвуваше на Крстот, па пак, не го следи цела популација.
Дали нашите масонски брака толку се себични па сакаат добротота да ја сочуваат само за себе и да бидат поразлични од другите жители на земјата.
Американските масони имаат еден слоган, кој вели - Масонеријата ги прави добрите луѓе подобри.
Така што - масонеријата не се труди да ја зачува "добротата" за себе. Напротив. Но - (жалам што ќе те разочарам :smir:) - тоа е навистина избор на поединецот, тоа е личен повик, лична судбина. Не секој го чувствува тој повик, таа потреба да направи нешто. Не секој го наоѓа тој пат. Масонството е многу дискретно во тој поглед. Старите правила налагаат дека не смее никој да биде поканет за членство - туку мора сам да праша.
Така што - многу едноставна е ситуацијата - оној кој самиот сака, и се разбира, доколку вистински и безрезервно ги исполнува условите за тоа - може да се зачлени. Не можеш некого да натераш да стане подобар. Многу верски институции, како и многу државни управувања се имаат обидено на сила да го направат тоа - и ништо не постигнале. Човекот во себе содржи и добро и зло и самиот избира кое ќе дозволи да надвладее. Човек мора да е во постојана контрола на таа битка и постојано да се преиспитува себе си, за да не случајно ги испушти работите од контрола. Доброто не е состојба само по себе - тоа е валидно, само кога човекот е во состојба да го примени.
Дури и "добротата" сама по себе, не е доволна за членство - а што се прави со неа, дали се применува, дали се практикува. Човек кој не прави зло, но не прави добро (а може) - сепак прави зло.
Неколку пати имам прашано - колку такви луѓе познаваш? Ама навистина такви?
 
Anthem

We the Living
Член од
8 декември 2009
Мислења
53
Поени од реакции
6
Е вака моето прашање е вака
Ако масонеријта е толку добра за поединецот зошто целата популација на земјата не се занимава со масонеријата ,туку напротив нините членови се пробираат и масонското учење се чува во таност.
Дали нашите масонски брака толку се себични па сакаат добротота да ја сочуваат само за себе и да бидат поразлични од другите жители на земјата.
Ќе се осмелам јас како не-масон да дадам одговор на прашањево. Ѕидари, поправете ме ако грешам.

Докторе, главната причина за "тајниот" фактор на ваквите редови и организации е да се за задржат постулатите и верувањата врз кои тие се изградени. Ако ги погледнеш денешните светски религии, тие се испревртени до немај каде, баш поради тоа "демократско" право на верување. Членството во таков ред не е право, тоа е привилегија, Аспирантот е избран и му се нуди членство. Не може секој да стане член. Не би ни требало секој да стане член.

Се надевам разјаснив прашање.
 
Член од
11 април 2009
Мислења
87
Поени од реакции
5
Многу интересно прашање... ќе се обидам да одговорам.

Дали мислиш дека целата популација на земјата е заинтересирана воопшто за нешто добро? Религиски пример ќе ти дадам - Исус се жртвуваше на Крстот, па пак, не го следи цела популација.
Да се сложувам со тоа во ред е
али Исус сам се бореле против сите,а денес има ја колку што знам оклу 5 или 6 милиони масони на панетата земја
кој можат да се обединат и да го подучат овој народ што е масонерија
као би станале подобри ,што и како би требале да се однесуваат за да бидат поблиску до Бога (тоа е една од фразите на масоните).
Пример зошто не се изучуваат основите на Масонеријата во основните училишта,така ке има повеке упатени во масонеријата а и сигурно би имало повеке деца што би излегле со добар карактер и би биле идните добри грагани,и во тој дух би воспитувале и својте деца,така да со тек на еволуција би имало 100% добро населеније

Американските масони имаат еден слоган, кој вели - Масонеријата ги прави добрите луѓе подобри.
Така што - масонеријата не се труди да ја зачува "добротата" за себе. Напротив. Но - (жалам што ќе те разочарам :smir:) - тоа е навистина избор на поединецот, тоа е личен повик, лична судбина. Не секој го чувствува тој повик, таа потреба да направи нешто. Не секој го наоѓа тој пат. Масонството е многу дискретно во тој поглед. Старите правила налагаат дека не смее никој да биде поканет за членство - туку мора сам да праша.
Така што - многу едноставна е ситуацијата - оној кој самиот сака, и се разбира, доколку вистински и безрезервно ги исполнува условите за тоа - може да се зачлени. Не можеш некого да натераш да стане подобар. Многу верски институции, како и многу државни управувања се имаат обидено на сила да го направат тоа - и ништо не постигнале. Човекот во себе содржи и добро и зло и самиот избира кое ќе дозволи да надвладее. Човек мора да е во постојана контрола на таа битка и постојано да се преиспитува себе си, за да не случајно ги испушти работите од контрола. Доброто не е состојба само по себе - тоа е валидно, само кога човекот е во состојба да го примени.
Дури и "добротата" сама по себе, не е доволна за членство - а што се прави со неа, дали се применува, дали се практикува. Човек кој не прави зло, но не прави добро (а може) - сепак прави зло.
Неколку пати имам прашано - колку такви луѓе познаваш? Ама навистина такви?
ајде уште едно прашање
приемр во македонија да се спроведе
една анкета каде ке се опфатени млади од 25-35 год
што мислеш дали 20% од нив ке знаат или се воопшто слушнале за масони и за масонерија( ја мислам дек ани 5% нема да се упатени)
а сиг бар 30-40% од испитаниците ке се добар каратер и лојални грагани.
И како некој што незнае нешто може да го изебер за свој пат на животот.
Јас Мислам дека Ако нешто толку е добро
треба да биде масовно распростраенето,така да злото би се потиснало со тек на еволуција.
п.с.злото сме ние самите,кој со еволуција го отстрануваме(мое размислување) .
 
Член од
19 август 2008
Мислења
848
Поени од реакции
130
Да се сложувам со тоа во ред е
али Исус сам се бореле против сите,а денес има ја колку што знам оклу 5 или 6 милиони масони на панетата земја
кој можат да се обединат и да го подучат овој народ што е масонерија
као би станале подобри ,што и како би требале да се однесуваат за да бидат поблиску до Бога (тоа е една од фразите на масоните).
Пример зошто не се изучуваат основите на Масонеријата во основните училишта,така ке има повеке упатени во масонеријата а и сигурно би имало повеке деца што би излегле со добар карактер и би биле идните добри грагани,и во тој дух би воспитувале и својте деца,така да со тек на еволуција би имало 100% добро населеније
Вредностите на масонеријата е она што го нарекуваме "општо-човечки" вредности. Не се нешто измислено, не се нешто туѓо на човекот. Тоа се вредностите кон кои идеалот на човештвото се стреми. Како такви - тие се изучуваат во училиштата, се заложуваат во законите, се применуваат во речиси секоја религија. Разликата е во тоа што масонеријата е збир на луѓе кои свесно решаваат да се посветат на тие вредности, на свесно ниво да ги применуваат, да ги развиваат. Граѓанското општество е директен резултат на тие вредности. Демократијата е директен резултат на тие вредности. Еднаквоста меѓу луѓето е директен резултат на тие вредности.

ајде уште едно прашање
приемр во македонија да се спроведе
една анкета каде ке се опфатени млади од 25-35 год
што мислеш дали 20% од нив ке знаат или се воопшто слушнале за масони и за масонерија( ја мислам дек ани 5% нема да се упатени)
а сиг бар 30-40% од испитаниците ке се добар каратер и лојални грагани.
И како некој што незнае нешто може да го изебер за свој пат на животот.
Јас Мислам дека Ако нешто толку е добро
треба да биде масовно распростраенето,така да злото би се потиснало со тек на еволуција.
п.с.злото сме ние самите,кој со еволуција го отстрануваме(мое размислување) .
Нема потреба да биде масовно распространето. Масонеријата не е само здружение, а начин на живот. Ако човек живее според тие вредности, ако треба, ако го има тој личен "повик", ќе пристапи, ако не, не.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom