04.06.2008 :: Казни за инцидентот во Кавадарци
Комесарот за натпреварување на КФМ, Томе Димишковски, ги објави казните, поради инцидентот, кој се случи за време на петтиот натпревар од финалната серија, помеѓу Фени Индустри и Струмица 2005.
На оваа средба имаше прекин од 15 минути во текот на 4. период, кога домашните навивачи фрлаа шишиња по судиите, како и по играчите на гостинскиот клуб.
- Фени Индустри, поради навредливо скандирање кон гостинската екипа и кон судиите е казнета парично со 6.000 денари,
- Фени Индустри, поради предизвикување на тежок случај на фрлање на тврди предмети на терен, поради што имаше подолг прекин (19 минути) е казнета парично со 40.000 денари, како и со настап како домаќин на еден натпревар без публика, кој се заменува со парична казна од 60.000 денари, што значи дека вклупната парична казна изнесува 100.000 денари.
- Михаил Пападопулос од Струмица 2005, поради искажување на навредливи зборови, упатени кон Директорот на Националните селекции на Македонија, Илчо Мерџановски, е казнет парично со 30.000 денари.
Сите казна треба да бидат подмирени пред почетокот на последниот финален натпревар помеѓу Струмица 2005 и Фени Индустри во сабота.