Јас пак мислам дека денес ќе има најфер судење од сега на натпреварите Струмица-Фени...Бидејќи еве Струмица е казнета 60 000 илади денари порати пазете КОМЕНТИРАНЊЕ на судењето...А и плус тоа тоа е финален натпревар а може и да е последен,па мора да има фер и коректно судење,за титулата ако ја освои Фени да биде заслужена...Мое мислење е дека ќе има фер судење барем денес.:helou:
Комесарот за натпреварување на КФМ, Томе Димишковски, ги објави казните, поради инцидентот, кој се случи за време на четвртиот натпревар од финалната серија, помеѓу Струмица 2005 и Фени Индустри.
На таа средба имаше прекин од 19 минути во текот на 3. период, кога домашните навивачи фрлаа шишиња по судиите, како и по играчите и управата на гостинскиот клуб.
- Струмица 2005 поради расистичко навивање на своите навивачи е казнета парично со 6.000 денари ,
- Струмица 2005 поради навредливо скандирање кон КФМ и кон судиите е казнета парично со 6.000 денари ,
- Струмица 2005, поради предизвикување на тежок случај на фрлање на тврди предмети на терен, поради што имаше подолг прекин (19 минути) е казнета парично со 40.000 денари, како и со настап како домаќин на еден натпревар без публика, кој се заменува со парична казна од 60.000 денари, што значи дека вклупната парична казна изнесува 100.000 денари.
Оваа казна треба да се подмири пред почетокот на вечерашниот дуел со Фени Индустри.
- Претседателот на Струмица 2005, Панајотис Карапиперис, поради јавно коментирање на судењето на натпреварот Струмица 2005 - Фени Индустри, е казнет со парична казна од 30.000 денари,
- Играчот на Струмица 2005, Дамир Латовиќ, поради јавно коментирање на судењето на натпреварот Струмица 2005 - Фени Индустри, е казнет со парична казна од 30.000 денари,
- Играчот на Фени Индустри, Талик Браун, поради сторен прекршок повлекување на противнички играч за нога, кој не бил санкциониран од судиите, по што настана инцидентот, е казнет парично со 40.000 денари.
- Играчот на Фени Индустри, Александар Димитровски, за сторен прекршок вулгарно покажување на по еден прст од двете раце при излегување од терен, е казнет парично со 30.000 денари.
пишува во
http://www.basketball.org.mk