Масони

Член од
17 јануари 2009
Мислења
263
Поени од реакции
34
Peckata-vidis deka povtorno si vo zabluda be covek,jas ne rekov nikade deka masonite sme edinstvenite koi se znaat i se sovrseni!!! samo rekov deka za da si mason mora da si DOBR covek oti masonerijata od DOBRIOT covek pravi uste PODOBR.Da se bide korekten i dobar znaci da se respektiraat tugji stavovi znaci ti si misli sto sakas i jas ke go respektiram toa no ne znaci deka si vo pravo.Trnliv e patot koj vodi do samospoznavanje na eden covek i kako edna od varijantite za usovrsuvanjeto na coveka e da se stane mason.Nie sme vo sekoj mig obvrzani da bideme ispravni vo postapkite koi gi rabotime sprema sevisniot kreator!!! Nie masonite sme sindzir koj e silen zatoa sto vodime smetka i za najslabata alka od istiot i nesebicno pomagame oti sindzirot e sindzir samo dokolku e cel.Ima li spored tebe pogolemo bogatstvo dokolku otides za 1 pat vo nekoja zemja sretnes brat mason i znaes deka ke ti pruzi pomos isto kako cel zivot da ste izrasnale eden pokraj drug iako za 1 pat se zapoznavata?Vo toa e mokta na masonerijata vo megusebnata podrska i verba oti kaj nas poimot laga ne postoi.I za kraj dokolku sakas da go poglednes masonstvoto vo crna slika go imas internetot i milioni takvi statii,dokolku sakas pak da go poglednes so poinakvi oci-realno isto taka mozes istot da go najdes na internetov , znaci se zavisi do tebe i do toa koja e tvojata cel.SO mote it be!!!
 
Член од
19 август 2008
Мислења
848
Поени од реакции
130
Во ред, ама не ми е јасно како можи да даде таков пример...како можи двајцамасони да размислуваат на разлиен начин и да имаат разлини сфаќања кога тие истите се борат за заедничка цел.
Секој може да размислува на различен начин, затоа што секој има слободна воља! Секој има право да постапи како што сака во животот. А ако тоа не е во согласност со масонските правила, ќе одговара пред масонски суд за тоа. Многу едноставно.

Да Да имаш речено дека "Разводот е доволен" милсам дека тој пост е на 96 стр.
Да, затоа што разводот не е изневера на сопругата. Може да дебатираме од религиозна гледна точка за тоа - но нашите религиозни погледи не можеме да ги наметнуваме на некој друг. Затоа - во чисто правен аспект - разводот, па дури и разделбата од сопругата, не претставува изневера. Овде станува збор за некој кој живее со својата сопруга, има "среќен семеен живот", а на страна прави глупости. Во секој устав, на секоја една Голема Ложа во светот, стои дека за изневера се укинува членството. Сигурен сум дека има луѓе кои тајно го прават тоа, секакви луѓе има, но доколку за некој се разбере тоа - ќе биде веднаш исклучен.
Во ред се тоа, немам ништо против, но муабетот ми беше надоврзан со еден друг мој пост, како можи да распознаеме "ние" кој е вистинскиот масон а кој се претставува лажно...
Да, и тоа е голем проблем. Многу луѓе се подведени од лажни масони да се зачленуваат во лажни ложи. Јас како што гледаш никаде и никогаш не сум поканил некого да се зачлени, ниту пак сум му рекол некому дека треба да е масон. Така што - немам никаков интерес од лажно претставување - овде сме само за малку "ментална гимнастика".
 
Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Зидарски... Масони Скиентолози, ги има ли и колкава е соработката меѓу овие две... "институции"
 
Член од
19 август 2008
Мислења
848
Поени од реакции
130
Зидарски... Масони Скиентолози, ги има ли и колкава е соработката меѓу овие две... "институции"
Скиентологијата прави доста голем проблем во врска со примањето на членови во ложата - затоа што нивните религиозни принципи не совпаѓаат сосема со идејата за Врховно Битие, односно Создател, туку имаат малку комплициран систем во тој поглед. Од една страна е монотеизам, од друга - има одредени карактеристики кои не совпаѓаат со масонската идеја за Врховно Битие. Така што - доста се поделени размислувањата околу нивното примање во ложата.
Нема соработка меѓу двете "институции", затоа што Скиентолошката црква не е масонска институција, па да има соработка со неа.
 
nosam

nosam Svetlina
Член од
31 октомври 2009
Мислења
11
Поени од реакции
0
A sto e fintava so imevo tvoe,ASSASSIN,da ne e slucajno ispadnato od knigava na den braun angeli i demoni.........????zatoa sto zborov samo tamu go imam sretnato....

Ako ne sum greska imeto treba da znaci atentat-ubistvo
ima i edna takava igra ,koj se igra vo zivo i se elimiraat igravcite.
ama ovoa ne za temata .
 
KeleS

insolitus res
Член од
22 јануари 2008
Мислења
734
Поени од реакции
57
Ako ne sum greska imeto treba da znaci atentat-ubistvo
ima i edna takava igra ,koj se igra vo zivo i se elimiraat igravcite.
ama ovoa ne za temata .
Assassin потекнува од арабскиот израз Хашашин ... А кој се Хашашините ... видете на википедиа де ... генерално се интересни . Најпоке заради то што биле користени како најсилно оружје во времето на крстоносните војни . На некој начин се како масоните затоа го спомнувам ова .
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.236
Поени од реакции
84.233
1.Освен церемониите при качување степен или прием, кои други церемонии и ритуали се одржуваат во една ложа и по кои поводи?

2.Има едно братство, стално ги има по американски филмови. Во одела се, возат чудни минијатурни автомобилчиња, за по еден човек, имаат големи фесови со полумесечина испод ѕвезда.
Да не знаете случајно кои се и дали имаат некаква врска со масонството?
 
Da imaat vrska so masonite oti i samite se masoni i se vi kaat Shrine.Za da se bide shrine treba da si 32ka ili KT.Imaat najgolemite bolnici vo USA kade site uslugi za siromasnite luge do 18god se besplatni.
 
Член од
19 август 2008
Мислења
848
Поени од реакции
130
1.Освен церемониите при качување степен или прием, кои други церемонии и ритуали се одржуваат во една ложа и по кои поводи?
Вообичаени церемонии се трите степени. Освен тоа има уште неколку - "инсталација" на офицери (секоја година, кога се менува постоечкото и се инсталира новоизбраното раководство на ложата); Официјален прием на Големиот Мајстор или на офицери на Големата Ложа; отворање на нова ложа.
Надвор од ложата (јавни церемонии на кои присуствуваат и нечленови) - поставување на камен темелник на општествени згради; дел од официјалната церемонија на Големата Ложа; опело и погребна служба за масони.

2.Има едно братство, стално ги има по американски филмови. Во одела се, возат чудни минијатурни автомобилчиња, за по еден човек, имаат големи фесови со полумесечина испод ѕвезда.
Да не знаете случајно кои се и дали имаат некаква врска со масонството?
Како што кажа Somoteitbe - Shrine. Не се ритуален орден, немаат езотеричко учење, но се дел од масонството. Тие се една од најголемите донаторски организации во Северна Америка. Финансираат специјални болници низ цела Америка, специјализирани за проблеми со коските кај деца. Бесплатни се (единствени болници во САД кои се бесплатни).
Само една корекција - до скоро се бараше за да се зачлени некој кај нив да биде претходно или 32-ра степен по Шкотскиот орден, или Темплар по Јорк орденот, но од пред две-три години го укинаа тоа барање и сега секој масон од 3-та степен може да се вклучи кај нив.
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
263
Поени од реакции
34
Само една корекција - до скоро се бараше за да се зачлени некој кај нив да биде претходно или 32-ра степен по Шкотскиот орден, или Темплар по Јорк орденот, но од пред две-три години го укинаа тоа барање и сега секој масон од 3-та степен може да се вклучи кај нив.
E za ovaa poslednoto ne sum zapoznaen verojatno gi imam postarite informacii .
 
Kajgana Shop

На врв Bottom