Интересен е фактот што го приметив:
Следејќи ги корените на европскиот (западниот) езотеризам, секогаш налетував на Масонството.
Примерот со Кроули нема да го наведам како валиден, бидејќи нели, неговата бивша ложа не била признаена.
Но сепак, од каде им на сите тие многу на број не признаени ложи, инспирација, идеја за создавање? Од, да го наречам, оригиналното Масонство. Без разлика што нивното "масонско" учење е искривено. Кроули навистина, многумина (не и јас) го сметаат за една од најбитните фигури на западната езотерија. Врти, сучи, неговите трудови сепак се инспирирани (помеѓу другото) од масонските трудови.
Потоа, Блаватска (според многумина, исто толку битна како Кроули, ако не и по битна). Се зборува* дека нај значајните теозофски системи ги напишале бивши Масони, членови на Теозофското друштво. Свекорот на Ани Бесан (виден теозоф), бил Масон и имал големо влијание врз неа. Самата Блаватска била под влијание на Масонството (како учење)*.
Уште еден автор, кој јас го ценам (не како Масон), бил Масон од 33 степен. Станува збор за теозофот Чарлс Лидбитер. Секако, доколку бил член на непризаена ложа, ќе ме поправите.
Претпоставувам дека од ваш аспект, неговите ритуали немаат ништо со Масонството, бидејќи во нив, на пример, се повикува конкретно на одредени (египетски) божества.
Поправите ме ако неговиот 33-ти степен не бил масонски, туку комасонски. Исто така веројатно ви е апсурдна неговата идеја за еден човек кој управува со сите масонски ложи.
Поентата ми е дека западната езотерија многу му должи на Масонството. Е сега кога ова го споменуваме, треба да се запрашаме, колку и должи на кабалата (и масонството и западната езотерија во целост).
Тука е потребна и една мала дистинкција, во основата на активностите, на езотеризмот и Масонството. Еве конкретно за ритуалите. Кај Масонството имам впечаток дека тие наклонуваат кон, да речам, драматургија. А кај разноразните езотерични западни системи, тие се обидуваат да бидат магиски. Ова е субјективно мислење и не ја намалува моќта на симболиката во ритуалите. Тука сметам дека лежи поривот кај "отпадниците" во создавањето на разни паралелни ложи и системи.
И уште едно не поврзано прашање: -Како тоа ги примате Индусите во Братството?
*-мислење на некои упатени луѓе