Да не изневериш никогаш е совршено, па затоа те молам одбери една од овие две реченици до која ќе се држиш.
Крејзи, точно е дека човек да се вади на реченицата “животински инстинкт имаме сите“ е ниско и е буквално отфрлање вина. Но исто така е шминкање очи да ни кажеш дека додека си во врска не си погледнала нечие туѓо машко газе, кое ти прави филм, а од тука си се стркалуваат сите работи понатаму. Не можеш да бидеш толку заљубена во секоја врска за да елиминираш се` околу себе.
Сакам да кажам, ја прифаќам идејата “не изневерувам по никоја цена“ само не ја отфрлај моќта на веројатноста, чуда носи животот, чуда...